А што е толку чудно и лошо што во некоја држава, било која држава, опозицијата протестирала, па работа на секоја нормална и здрава опозиција е да протестира (поготово доколку власта ја усере работата и тоа дебело). Кај нас на пр. СДСМ едно цели два Груеви мандати си ги преспаа во зимски сон па некаде дури после 2015/16 год. се активираа на улиците, ДПМНЕ па еве ги сега се во јак зимски сон па после 10 години можда и ќе им текне да излегуваат по улици, сега за сега рано е само две години се во опозиција време е да поспијат "малку" па после една деценија и тие дај-боже ќе се разбудат и ќе протестираат !
П.С. Ок секој си има различни размислувања, но според мене мислам дека подобро е ако треба и секоја година, две, три, да се менуваат властите, па макар и со масовни протести, шарени (обоени) револуции, постојани политички кризи и сл. отколку некои идиоти и кретени да ја лапнат власта и со години море и со децении да не ја испуштаат, а притоа опозицијата да си спие во зимски сон !
Подобро вечен политички хаос/криза и перманентни протести секоја година отколку цврсти несовладливи и непопустливи забетонирани диктатури, автократии, режими, хунти, фашизми, комунизми и.т.н. и.т.н.