Добро е со тоа дека Никола Груевски победил на избори, досега едно милион пати го имаш тоа напишано, на секој втор пост ова го напоменуваш.
Демократија е ова ако може да се каже дека така сме барем на хартија, преговарање, капацитет за склучување коалиции, разликата во пратеници се направи во шестка изборна поради плус 100 гласа на дпмне. Така да, не е ова мнозински избор на пратеници со две партии каде што имаме разменување на власт-опозиција(влада во сенка) без коалиции, без помали партии, без секојдневно расправии со коалиционите партнери и постојано одржување на стаклени нозе на власт и предвремени избори секоја година.
Плус самата делба на принцип победник со победник за сите нас е катастрофа зошто имаме два блока, зошто мора во унитарна држава и баш за избори да ги делиме гласовите на македонски/албански? Со тоа фактички ние признаваме дека има два народи кај нас со принципот победник со победник. Како се определува трета партија по број на гласови да е победник, се знае, еден треба да е само победникот, оној кој ќе успее да формира влада и тоа е тоа.