- Член од
- 30 август 2011
- Мислења
- 1.106
- Поени од реакции
- 1.364
Секогаш кога ќе се случи вакво нешто прво на тапет е оружаното лоби и е нападнато најчесто од луѓе што немаат основно познавање ниту од оружје ниту од закони за оружје.Прво смешно е за било што да се обвини оружјето и тоа се докажа во многу наврати токму овде кај нас во европа.99.9% од луѓето кои се поседувачи на оружје никогаш во животот не прават прекршок со оружјето кое го поседуваат.На пример во Македонија има повеќе од 140.000 парчиња легално оружје и повеќе од 650.000 парчиња нелегално оружје(според некои проценки) а имаме практично смешна бројка на убиства годишно во која се користи огнено оружје,ако одиме по таа логика во Македонија треба годишно да има по 200.000 убиства со оружје.Се разбравме, поентата ми беше дека во развиените демократски држави можеш комотно да купиш тенк за домашна употреба, ради тоа што државата ти го овозможила тоа. Сигурно нема да купиш тенк за да ловиш гугутки, типов пример поседувал 150 пушки со кои може да опремиш мини војска. Потребата од поседување толку многу оружје покажува дека нешто не е во ред со тебе, но државата ако може да профитира од тоа ќе ти продаде уште 150. Ти тоа што го споредуваш е сива зона, а јас објаснувам за легално набавено оружје., кое после државата ќе го обвини екстремизмот како виновник за ваквите случувања. Едноставно цивил нема потреба од оружје, и истото да не се продава на секој и сешто ќе се реши проблемот на глобално ниво.
1.Не знаеме дали оружјето е легално или не и во земјите каде оружјето е СТРОГО РЕГУЛИРАНО пак криминалците доаѓаат до оружје,да мислиш дека со закон можеш да го спречиш присуството на оружје е идиотски,кокаинот во цел свет е нелегален па не е проблем никаде да го купиш така?Во Франција законот за оружје е многу строг па тоа не беше пречка за исис да дојдат до АВТОМАТСКИ пушки и да убијат 180 души.Со закон оружјето го земаш само од ловци,цивили и луѓе кои и така врват 300 проверки и никогаш во животот нема да кренат рака на човек.
2.Ти и никој друг не сте авторитет кој има за право да каже дали мене нешто ми треба или не,не ти треба и машина за перење можеш на рака да переш,не ти треба ни кола можеш со неа да изгазеш некого,што всушност ти ТРЕБА сем вода и храна?

3.Чак и ако сето оружје од светот магично го снема,овие случки ќе продолжат само ќе се сменат методите,во Њу Јорк напаѓачот неможеше да дојде до оружје па со автомобил изгази еден куп луѓе-да ги забраниме и автомобилите?Во кина има неколку масовни напади во последниве години со нож од кои сите се над 25 жртви.Ако човек е болен и реши да убие група на луѓе закони нема да го спречат,ако нема пушка ќе ги избоде со нож,ќе ги изгази со автомобил,ќе се вработи во ресторан и ќе отруе 100 гости-тоа може да се спречи со поголема грижа за психички болните во едно општество,со борба против изворите на ксенофобија и расизам,ама сето тоа е тешко и скапо далеку полесно е да се обвини мртов објект и да се конфискува надеваќи се дека тоа ќе го реши проблемот.
4.Не дискутирајте работи од кои немате основно познавање.Си пишал зумови бомби од продавница.Бомба не се продава во никоја продавница во светот.Зум не знам ни што ти значи али ако мислиш на Оптички нишан тоа е само оптичко помагало кое може да се купи буквално во цел свет во било која продавница за спортска опрема.Пушките изгледаат WOW за лаици а уствари се работи за обични конфигурации колку што видов од сликите има една ловечка пумпарица со рефлексен нишан и полуавтоматска АР-15 што е уствари крајно извикана во левите медиуми како нешто страшно а уствари не е ништо посебно од оружје посебно бидеќи е полуавтоматска цивилна варијанта со ограничен капацитет која само наликува на АВТОМАТСКАТА воена јуришна пушка.
И најважно државата и естаблишментот не го продаваат оружјето,сосем спротивно нивен влажен сон е да се одземе сето оружје од граѓаните односно народот во него да нема никакво оружје,затоа тоталитарните држави го одземаат оружјето од народот,регистрацијата и дозволите беа измислени од страна на нацистите во Хитлерова германија
