Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Мушко сум, не пушам, планинарам, ракиичка да, у нормала, една до две на трите дена, направив ехо на црниот немаше замастување, немам прекумерна тежина, лекарства никакви сега за сега за други болести не......пред година време не пиев 4 месеци резултаттите беа исти или слични. тоа ме загрижи.изгледа ке треба физички да сум поактивен, повеке салати и овошје, на сабајле оцет од киселачки и баталуење секаков алкохол
... кој вели дека е „нормално секој трет ден по 2,3 ракииички?“ тоа е нормално можеби за некој што нема таков проблем на сите покачени ензимски параметри, а додека за тебе конзумирање на алкохол треба да биде само за време на празници или да речеме родендени и прослави, но никако секој ден (признај дека секој ден по една чашка), како и да е треба да се јаде помалку и почесто и храната да биде разновидна!
и уште нешто, ( затоа што сите ензимски параметри се нешто малку повисоки од нормални вредности Alanin transaminaza (ALT), Aspartat transaminaza (AST), Gama glutamil transpeptidaza – (γGT) би ти препорачала да ги подобриме клeтките на јетрата, а со тоа и самата функција со дополнителен јетрен суплимент на есенцијални фосфолипиди од хербално потекло со хепатопротективен ефект посебно предизвикано од алкохол - Есенцијале Форте!

..на жалост, кај нас многу ретко се преорачува ваков хербален суплимент од есенцијални фосфолипиди како што е Есенцијале Форте,

шумливи од аспирин за проток на крв
... кој пак ова „те излажа“? како тоа шумливи аспирин за „проток на крв“? зарем 330 мг, 500 мг внесуваш секој ден шумлив аспирин? :toe:
...и знам дека можеш 20 км наеднаш да испешачиш, ама не можеш СЕКОЈ ДЕН по 2 км да испешачиш, тоа е проблемот, секој ден по малку! ;)
 
Последно уредено:
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
кои комплекс на витамини би препорачале за возрасно лице кое е веќе долго време е залегнат (термален мислам дека е поимот). по апотекиве има се и сешто, но би земал нешто што навистина би му било од корист. лицето одбива да ги пие, па некоја варијанта за лижење или пак најдобро е да ги прима како инфузија?
 
Клиничка потхранетост, ентерална исхрана - течна, збогатена со различни енергетски состојки и суплименти, најчесто од фирмата Фресениус Каби која како фирма е специјализирана токму за такви пациенти кои не можат да се хранат поради различни причини!

...евентуално консултација со гастроентерохепатологија, препораки за исхраната според заболувањето, за прехранбените потреби, како и контрола, а со цел побрзо оздравување ќе добиваат пациентите во Кабинетот за клиничка исхрана! клик!

...на жалост, терминална фаза како крајно исцрпувачки духовно и телесно умирање, како најтежок период и на болниот посебно на негова околина се најтешки моменти дали да се остави така природно без желба за храна, да згасне еден живот или до крај да се избори со пролонгирање на неколку дена со самото хранење на исцрпениот организам, само ова течна ентерална храна би дошла во предвид, се друго како тврди форми на суплименти и витамини не се соодветни ниту за голтање ниту за прифаќање од пациентот да испие!

D

Deleted member 12196

Гостин
Гледам овде има пишувано за коронографија и стентови, па бидејќи не најдов друга соодветна тема и јас ќе пишувам овде.
Пред еден месец по кратка постапка ми вградија стент во лева артерија (во државна болница). Сега се чувствувам релативно добро. После една недела треба да одам на прва контрола. Би сакал да разменам искуства со други (ако има такви) кои го имале истиот здравствен проблем. Сакам да си го организирам животот и да се приспособам на новонастанатите услови.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
... хм, и тука сите параметри ти се во нормални граници, а ти и понатаму се жалиш на појава на црвени точки (petechiae 1-5 mm) или точкасти црвени дамки по екстремитетите (purpura 2 mm- 1cm) и тоа од мирно седење без повреда и тоа најчесто во меките делови на кожата на екстремитети!:(

... да пиеше некои лекови ќе речевме можно истите да созадат воспаление или некроза на крвните садови (vasculitis) и како резултат на тоа можно е такво точкасто крварење или поголемо како дамки најчесто како имунореакција од земање на некој лек после 21 ден од примената или пак некоја „мирна“ инфекција (ама ТИ немаш ни то ни то) ...можно е и како последица на некоја автоимуна болест со испитување на присуство на антитела IgG, IgM или како антитела од надворешен агенс како стрептокок :( ама не ти е тоа!
...или етиолошки може да биде од пореметена способност на агрегација на тромбоцитите, тие ти се во нормала, но ете може не си ја вршат улогата на агрегација или може поради некое пореметување во коагулација, најчесто фактор VIII .... или пак дефицит на вит Ц и вит К сигурно немаш :cautious: ...ниту примена на кортикостероиди или антикоагуланси, ниту пак си пиел нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)!

:( тууууууууу што би можело да биде:eek:
ај вака, кога веќе си направил втор чекор да идеме на трет чекор и да видиме тоа што ти кажав предходно за тромбоците кои се во нормала, но не знаеме каква им е способноста на агрегација, иако време на крварење и време на коагулација, па и фибриногенот се одлични сепак ај да видиме!

... овие анализи мора да ги спроведеш на трансфузиологија т.е. на хематологија одел за хемофилија, па мора да земаш упат од матичен лекар и кој знае кога ќе имаш термин :facepalm: ама гледај да ти го направат упатот за агрегабилност со приоритет дека микро крварењето не е шала за да чекаш, демек анализите ти се хитни! :свиркам:
постои тест со Aspirin, Clopidogrel, ADP, Colagen, Ristocetin (исто како кај пациентите кои им се следи агрегацијата на тромбоцитите при антиагрегациона терапија) инаку самиот тест на Colagen & Ristocetin се вика уште метода на Von Willebrand (ти не спомна дека си имал некогаш, некое спонтано нагло крварење од нос или модрици) ама можно е овој фактор да е малку помалку застапен, а да не дава такви симптоми!
Ми рекоа дека ништо не ми е и да продолжам со вит Ц дневно грам. Доколку повторно се појават слични точки да одам да се консултирам со дерматолог. Сега пред малку се соблеков и ги забележав дека пак ми се појавија доле околу зглобот, ниту ги осетив кога излегоа преку к ми се веќе. Ваше искуство или совет?
upload_2019-3-15_12-11-31.jpeg
upload_2019-3-15_12-11-53.jpeg
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.463
Поени од реакции
17.959
Elisa Morb IgM negative

Elisa Morb IgM negative

Што значи ова? Дали немам антитела те имунитет за морбили? Дали треба да се вакцинирам?
 
Член од
15 октомври 2017
Мислења
90
Поени од реакции
4
Машко сум, имам 16години и чувствувам болка над половиот орган од десна страна, болката ја чувствувам кога ќе претиснам со рака или кога ќе ги прекрстам ногите кога ќе се натисна само тогаш, онака во одење или без да претиснувам не ме боли, совети?
П.С Кај интимните влакненца
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Elisa Morb IgM negative Elisa Morb IgM negative Што значи ова? Дали немам антитела те имунитет за морбили? Дали треба да се вакцинирам?
...тоа значи дека си добар и во тебе нема моментално вирус на мали сипаници, па да се активира твојата анителата (од кога си вакциниран ја имаш во тебе) и да биде присутна во твојата крв т.е. да биде „ Elisa Morb IgM positive “

...позитивните контролни примероци се серуми од моментално вакцинирани лица (значи во моментот поради примена вакцина тие лица имаат покачена антитела, но нема присутност на вирус) или позитивни контролни примероци на серуми се од моментално природно инфицирани лица кои покажале активност со покачување на таа антитела поради напад на вирусот!
...односно тестот ELISA или EIA преставува ензимски поврзан имуносорбентен тест кој ги детектира и мери антителата (тоа се протеини кои нашето тело ги произведува како одговор на штетни супстанции наречени антигени присутни во нашата крв) и се користи за да се утврди дали имаме моментално покачена антитела поврзани со одредени заразни состојби (токсоплазмоза, херпес зостер, сипаници,сифилис, ротавирус, ХИВ, пернициозна анемија ...итн )
...инаку може да се појават лажни позитиви и лажни негативи резултати т.е. лажно-позитивниот резултат покажува дека имаме состојба кога всушност не е таква и лажно-негативниот резултат покажува дека немаме состојба кога можеби навистина ја имаме поради ова (овој случај поретко), може да се побара да се повтори тестот ELISA повторно за неколку недели, зборуваме за ретки случаеви, но сепак ги има!
Машко сум, имам 16години и чувствувам болка над половиот орган од десна страна, болката ја чувствувам кога ќе претиснам со рака или кога ќе ги прекрстам ногите кога ќе се натисна само тогаш, онака во одење или без да претиснувам не ме боли, совети? П.С Кај интимните влакненца
...нешто да не посетуваш теретана или нагло си почнал со некои физички активности?
 
Последно уредено:
Член од
15 октомври 2017
Мислења
90
Поени од реакции
4
...тоа значи дека си добар и во тебе нема моментално вирус на мали сипаници, па да се активира твојата анителата (од кога си вакциниран ја имаш во тебе) и да биде присутна во твојата крв т.е. да биде „ Elisa Morb IgM positive “

...позитивните контролни примероци се серуми од моментално вакцинирани лица (значи во моментот поради примена вакцина тие лица имаат покачена антитела, но нема присутност на вирус) или позитивни контролни примероци на серуми се од моментално природно инфицирани лица кои покажале активност со покачување на таа антитела поради напад на вирусот!
...односно тестот ELISA или EIA преставува ензимски поврзан имуносорбентен тест кој ги детектира и мери антителата (тоа се протеини кои нашето тело ги произведува како одговор на штетни супстанции наречени антигени присутни во нашата крв) и се користи за да се утврди дали имаме моментално покачена антитела поврзани со одредени заразни состојби (токсоплазмоза, херпес зостер, сипаници,сифилис, ротавирус, ХИВ, пернициозна анемија ...итн )
...инаку може да се појават лажни позитиви и лажни негативи резултати т.е. лажно-позитивниот резултат покажува дека имаме состојба кога всушност не е таква и лажно-негативниот резултат покажува дека немаме состојба кога можеби навистина ја имаме поради ова (овој случај поретко), може да се побара да се повтори тестот ELISA повторно за неколку недели, зборуваме за ретки случаеви, но сепак ги има!
...нешто да не посетуваш теретана или нагло си почнал со некои физички активности?
Па идам една недела во гаража со татко ми механика работим ама не ми е прв пат да одам незнам
 
Член од
8 февруари 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Поздрав луѓе, имам нешто што ме мачи па да се обратам. Пред нешто повеќе од месец дена имав импетиго, кое беше погрешно дијагностицирано во почетокот. После орална терапија со клинданицин и доксицилин, комбинирано со локални антибиотици, крастите се смирија, но кожата на местото остана променета. Дали е тоа хиперпигментација, или нешто друго?
Друг проблем, пред недела дена приметив обилно лупење на табаните, и нешто малце на рацете. Не боли, не е црвено, не чеша. Ме занима мислење и за тоа, дерматологот вика од промена на годишно време и обувки, но некако сум паничен околу тоа. Прикачувам слики од состојбата. Фала унапред.
 
Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Поздрав луѓе, имам нешто што ме мачи па да се обратам. Пред нешто повеќе од месец дена имав импетиго, кое беше погрешно дијагностицирано во почетокот. После орална терапија со клиндамицин и доксицилин, комбинирано со локални антибиотици, крастите се смирија, но кожата на местото остана променета. Дали е тоа хиперпигментација, или нешто друго?
Друг проблем, пред недела дена приметив обилно лупење на табаните, и нешто малце на рацете. Не боли, не е црвено, не чеша. Ме занима мислење и за тоа, дерматологот вика од промена на годишно време и обувки, но некако сум паничен околу тоа. Прикачувам слики од состојбата. Фала унапред.

... импетиго си ја имал заразната болест, но сега моменталната ситуација на лицето е процес на зараснување на тие рани предизвикани со инфекција на стрепто или стафилокока и треба време да целосно се санира за да може меланинот да се стабилизира во тие клетки кои беа зафатени со инфекцијата!

... т.н. Атлетското стапало Tinea pedis (не мора да се биде спортист, ама така го доби името ова габична (дерматофити) инфекција на стапалата) сува кожа која се лупи, па дури и ноктите се покршливи) да се менува секојдневно памучни чорапи предхедно да посипиме бебешка пудра, претежно да не се носи исти обувки и дома колку што се може да се биде бос за да „диши“ кожата, ама не да се оди бос по влажна подлога... самата инфекција се добива поради недоволна хигиена на стапалата и носење целодневно затвореи обувки,а стапалото испотено и запурено...

атлетско стапало преставува заразна инфекција која може да се пренесе од носење на туѓи влечки, чорапи..и сл. тука треба примена на антигабични (антифунгални) кремови како што е mikonazol или klotrimazol и доколу се комплицира инфекцијата се дополнително со орално земање flukonazol!

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.899
Поени од реакции
8.476
Гледам овде има пишувано за коронографија и стентови, па бидејќи не најдов друга соодветна тема и јас ќе пишувам овде.
Пред еден месец по кратка постапка ми вградија стент во лева артерија (во државна болница). Сега се чувствувам релативно добро. После една недела треба да одам на прва контрола. Би сакал да разменам искуства со други (ако има такви) кои го имале истиот здравствен проблем. Сакам да си го организирам животот и да се приспособам на новонастанатите услови.
Тоа е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето после 5тата деценија во животот.

Најмногу што можеш да направиш е да ги намалиш ризичните фактори за појава на срцевата атеросклероза, а тоа е да го регулираш високиот крвен притисок, престанеш да пушиш (ако пушиш), регулирање на диабетот (доколку е присутен), регулирање на крвните масти, умерена физичка активност.

Генетските предиспозиции не можеш да ги промениш, меѓутоа за ова другото можеш да дадеш се од себе.

Поздрав.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дечки, што ќе ми препорачате за гадење лошење, ми се случува како паничен напад не можам да се исконтролирам, пред некој голем настан или сл, при нервоза ми се лоши, на пр последно имав закажано операција на заб, кога влегов во салата пола саат повраќав (патем намерно ништо немав ни јадено) не можев уста да отворам, ни да се контролирам и ја одложивме, одкако излегов од болница се ок ништо не ми беше. сега се плашам повторно да не ми се случи истото. Хелп ???
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Гледам овде има пишувано за коронографија и стентови, па бидејќи не најдов друга соодветна тема и јас ќе пишувам овде.
Пред еден месец по кратка постапка ми вградија стент во лева артерија (во државна болница). Сега се чувствувам релативно добро. После една недела треба да одам на прва контрола. Би сакал да разменам искуства со други (ако има такви) кои го имале истиот здравствен проблем. Сакам да си го организирам животот и да се приспособам на новонастанатите услови.
https://www.ornish.com/proven-program/nutrition/

Овде има се што ти треба, игнорирај ги советите за исхрана на докторите, но не и третманот. Јас би ти препорачал суплементација додатно на линкот горе, екстракт од лук, омега 3, coq10, vitamin E, магнезиум, таурин, биоактивни б витамини, како и бенфотиамин.

Што се однесува до третманот, најефикасни медикаменти за третман се росувастатин/росвера, како и рамиприл/пирамил, збори со кардиологот за нив доколку ти препорача/препише други. CIMT скен ти е a must за соодветна дијагноза, а воедно и оној кој ќе те снима мора да се баеѓи стручен во евалуација на состојбата, искусен треба да биде.

Исфрли од исхрана се што е од животно, благо, зејтин, сол (минимално да се користи) сем сардини (замрзнати не у конзерва) исфрли леб, исфрли, мед, суво овошје, било какви житарици, бел ориз, компири, јаболки, банани, сите сокови.

Уфрли, Лимони, ананас, киви, калинки, капини, малини, јагоди, авокадо.

Уфрли, Спанаќ, кељ, брокула, црвена зелка, цвекло, моркови, блитва, доматно пире од КАМ високо шише, 70 денари е.

Уфрли, Црвен грав, леќа, печурки, хумус, грашок, бадеми, ораси, ленено семе, чиа семе.

Уфрли, Рузмарин, oригано, каранфилче, ѓумбир, турмерик (3x на ден на почеток на оброци) исто така и какао, по некои 10-15г низ денот, кафе не.

Храната треба да биде варена, или во случај на зеленчукот проварена по неколку минути само, полу сиров ќе го јадеш. Пиши пп ако ти треба додатна асистенција.

П.С. Ти препорачувам ОБАВЕЗНО да направиш OGTT/Fasting insulin тестови, да ги побараш од матичниот/ендокринолог. И да дадеш предлог да те стават на метформин, огромен дел од срцевите болести се од инсулинска резистентност/скриен диабет кој најчесто НЕ СЕ дијагностицира со обична крвна слика.

Исто така тропонин/CK-MB, hS-CRP, феритин, фибриноген треба обавезно да се провери.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom