Покроце со навредите.Ако имате нешто да си кажите си имате ФБ, таму шо сакате пишете.
Дека има простор за критика има, ама дека има простор за пофалба има.
Памти некој од кога Пелистер немал ваква постава како шо извади вчера?( освен голманите кои беа под секое ниво ).
Кога сме имале левак ко Станојевиќ, крило ко Поповиќ, среден ко Кобетиќ, памти некој?
Од времето на Пинки немавме нормален десен бек, среден не памтам од кога, ако можиме да го сметаме Везенио за некој репер за квалитет, настрана шо не се на исто ниво со Кобетиќ.
Лево крило ко Поповиќ? Од времето на Аљушо сигурно...Дечкото е машина, убедливо најдобар играч ни е, во секој поглед.
Дрогата, Папата, Гуглета Стоилевски ( ветува детето доста ). се секако играчи кои отскокнуваат од останатите во лигата...
Костур имаме, само треба ( ше ) да се надогради со уште некој играч ( голман пред се и бекој) ) и по можност тренер, старио не е за Пелистер...
Не е се така црно, баталете кој бил во управа, од која партија бил, Пелистер вака не бил организиран од времето на Трифун, а појќето шо мрчат по ФБ не ни памтат дека Пелистер бил шампион на Македонија во сезоната 2004/05..
Заличи на нешто клубот, маркетиншки, почнаја да работат тековно со соопштенија, со пресконференции, ги анимираја школите кои беа распаднати, тргнаја работите овде на подобро, и само инает треба да се има да се речи дека не е така.
Е сеа шо не можат една интернет страна да ја средат 1.5 година то е нешто друго

Дека имат недостатоци имат, дека напраја грешки напраја, ( посебно со тренерите и со изборот на играчите ) ама дека ги придвижија работите кон едно ниво кое беше незамисливо го напраја то..
Ете и да си дат оставка, кој ќе дојди?
Зоки од Цермат? Циле ќе го кандисат? Стентоно ќе влези?
Миле Ќитич ќе влези, друг нема.
Имате некој предлог?
Какви клубој во светот, со милионски буџети прат триста циркуси, грешни трансфери, фрлени пари во ветер, афери со менаџери, курви, не знам шо, па никој не бара оставка од управи, ние овде копуци од Битола, со буџет од 300 К , шо до вчера немавме 3 рала исти тренерки и дресој во прва екипа, само брчиме, успеси барарме, оставка, овај да не биди, тој да биди...
Ете и прошлите се изредија, и Цилевци се изредија па ништо не напраја, значи никој нема право да критикува.
Ниту прошлите биле подобри од овие сега, ниту пак има некоја опција да ги замени сегашните, па зато ќутете и гледајте, друго не можиме ништо да напрајме, со пишење по форуми и фејсбуци џабе е.
Реални да бидиме, 4то место е реалност со ова екипа, иако можеше ако беа малку покурнази да нападниме со сите сили за појќе.
Можиме да се пробаме со Металург, барем во Битола, ама за појќе тешко.
Реално Цилелург е недостижен за нас во овај момент иако и тие не се најсјајни за парите шо ги фрлија, ама ќе се стегнат за плеј оф и ќе биди многу тешко да се игра со нив, без разлика на публика и се.
Со овие голмани шо ги имаме џабе е се, и Кобетиќ, Поповиќ и Станојевиќ и се шо играме во напад

, јас не можам да сфатам како можи ти од 11 метра ти шутира бек, понизок од 190 см и една топка да не процениш кај ќе оди.

Па у курац нека оди, и на иста страна од блоко седеа голманите пак муви бркаја, никаква стратегија да се немало кај да се застани, да се процени летот на топката, намерата на противкиот, ко муви без глај летаја.
Како ќе фатиш топка така не ми е јасно, настрана шо многу од голојте на Струга беа стварно добри шутој, и тешко се бранеа, ама барем 5/6 можеа да одбранат.
Исто и од лево крило, па еднаш не се поставија ко шо треба,

имаш на другата страна неискусно младо крило, наместо да го фатиш на ФИНТА и да го наместиш овие ко изгубени беа во просторот, излезени странично демек прва статива бранат, а тие кузнеј кај без застанати, ниту прва ја бранеа,а уште помалку втора статива, кузнеј кај седеа, сами не знаеја шо бранат, , кај сакаше да шутни детето гол даваше, зато не искина, 100 гола ни кладе, + на Костески брат му од десно и тие неколку гола на Резо од десно крило.
Јас не знам шо работат на тренинг нашите голмани, сериозно...Плус кај двата фали висина и распон на раце да затворат агли, Рајчич за овие беше Сирил Димулан, сеа од трите подолгото го извајвме, башка и тој Ѓорѓески се повреди, на здравје, ќе се тресиме сеа да љуфкат цели голој бекојте од другите екипи.
Без јаки голмани ништо не прајме, ама и централниот блок попара.
Папата го игра 60 минути, алооо Јошко? УлаФ си? Одвај одеше.

Издиша..

Јас не знам која е поентата?Исто и со Кобетиќ, го игра 60 минути, го извај во некој напад, го клава Табанге, иаме играч плус и го вади на сред акција и укрстување

, арно ја стигнаја топката. ејјј кој потег на стариот.

Па го клава и Петров, и двата со Папата на 3и4 да играт во тандем, ни излегвања на бекојте навремени, ни прекини, ни обид за блок навремен, ништо, не е ни чудо шо си имаја симултанка тие Грузијците со нас, си имаја непречен проток на топка, си скокаја непречено и не бушеа, арно Богдан Николиќ влезе во второ, па го забавија малку темпото и успевавме да прајме некојси навремени прекини, оти ако играја како во прво немаше ни да стигниме до прекин и ќе не решетаја од надвор.
Немаме играчи за одбрана, Станојевиќ е топ офанзивен играч,ама за одбрана не е, само напад треба да игра, поефективен ќе е.
Исто и Кобетиќ не е за одбрана.
И кај ќе играме ние 6-0 зона со овие играчи?
Со Цилелург и нивните бекој ќе ни се случи апокалипса од надвор, па и со Металург, со Шпенде, Серафимов, Танкоски, настрана со пикерите шо незнајме да се справиме.
Ќе не искинат Граџан, Маркоски, па и Тео Чориќ од Металург со овај централен блок шо го имаме, ко Жарета Пешевски шо ни напрај пред 2 години, 200 гола ни кладе дебелиот.
Освен Борјан немаме играч шо ќе стегни во одбрана, шо ќе напрај прекин, ќе ги изремети противниците, само тој и Поповиќ играт на нож цело време, другите на моменти се палат.
Со тој пристап не е ни чудо шо имаме порази од Бутел и Охрид, и едвај бод извајвме со Пролет.
Ако изгубевме вчера ќе беше циркус, ќе падневме на делба на 4и5 то место со Тексо, па во Битола ќе се кучеше кучката за пласман во плеј оф.
Тексо ко шо е запален сеа, му гори под нозе, циркус ќе биди за две недели.
