Предложи му на некој со високо образование од оваа област да работи за 25,28 000 плата, да видиш каков одговор ќе добиеш..
Кај програмерите е тешко додека да почнат со работа, во моментов е апла тешко да се најде и пракса (најчесто неплатена, или пак од 100-200 евра максимум). После 3-6 месеци пракса ако те видат дека ти фаќа црпката ќе ти дадат договор, вообичаено првите договори им се од 250-400 евра сепак зависи и која технологија ја работи. За интересните суми кои ги слушате од тие кои се во ИТ може да се разговара дури после 1 година работно искуство (без разлика дали си со факултет или курс), а апла интересните цифри дури после 3-4 години стаж. А и реално гледано ти си добар програмер/инженер дури после 3-4 години работно искуство, ако имаш желба да учиш и да работиш за толку време веќе ќе го живееш тој свет и во сон да те разбудат ќе се снајдеш.
Најдобро е за учење со почеток во помали фирми каде за кратко те фрлаат во огнот, обично таквите те земаат за практикант за ситни пари, ти даваат договор после 3 месеци и те форсираат на веќе посериозни проекти, можеби ќе ти биде напорно, ама се учи многу, а во некои големи фирми од типот на Мусала ако ти се погоди да има клиент кој бара профил како твојот ќе работиш, денот кога ќе снема работа може многу лесно да те поздрават (е сеа затоа и даваат солидни суми, ама пак ќе си под стрес да се најде проект постојано).[DOUBLEPOST=1551918720][/DOUBLEPOST]
Здраво. Ме интересира дали е потребно факултет за да се биде добра програмер или е доволно и само 6 месечен курс со 3 месеци пракса и веднаш работа? Зошто 4 години да се оди на факултет?
Зависи од твојата желба и посветеност, не е работата само ајде ќе станам програмер оти има пари во тоа, прашањето е дали навистина имаш желба да работиш со тоа и дали си спремен да се вложиш 100% во тоа за да научиш.
Најмногу мразам луѓе од било која област што се запишале на факултет колку да имаат пусулче во џеб. Треба да осетите љубов и пасија кон она што сте го одбрале како професија, рачунај дека она што ќе го одбериш како професија ќе треба да го работиш во следните 40 години се додека не се пензионираш, толку време здосадува да се живее ако не си најдеш цел, а не пак да работиш.