- Член од
- 5 мај 2016
- Мислења
- 1.330
- Поени од реакции
- 856
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали спортуваш? Треба и физички да се умориш.Веќе една недела патам од несоница. Од акутна премина во хронична. Колку и да сум заморена, не успевам да заспијам или ако заспијам за 2 часа станувам и не успевам да презаспијам. Пробав со витамин б6 и со Chelate Magnesium но попусто. Кои се вашите трикови за овој проблем? Мислам дека почнувам да попуштам со паметот.
Веќе една недела патам од несоница. Од акутна премина во хронична. Колку и да сум заморена, не успевам да заспијам или ако заспијам за 2 часа станувам и не успевам да презаспијам. Пробав со витамин б6 и со Chelate Magnesium но попусто. Кои се вашите трикови за овој проблем? Мислам дека почнувам да попуштам со паметот.
Проба ли некој од вас дали функционира тоа погоре со ластикцето?
Инаку, јас има периоди (еве и сега деновиве) кога не можам да спијам ноќе. Макар и солзи да ми течат за спиење, да чувствувам преголем замор и да немам спиено два дена претходно... Додека не се раздени џабе е.
Исто ко не спијам вака подолго време ме боли секој мускул во телото, глава, вртоглавици имам. Некогаш и по 40-50 саати без сон сум.
Ама, ќе надокнадиме ко ќе помине периодот на несоницата![]()
Мене несоницата ми е периодична и циклична, недела - две сум добар, две недели имам проблем со спиењето. Синоќа заспав во 9, бев преморен, имав тешка физичка работа дента и се разбудив во 11. Се обидов се продолжам со спиење, не можев. Пробав со релаксирачка музика на слушалки, некогаш помага, почесто нема ефект. После саат време излежавање и тегнење, станав и се позиционирав со таблет. Дури пијам и анксиолитик, од група на бензодиазепини, не, не бива.Што точно правите вие што се жалите на несоница, во периодот кога ја имате?
Легнуваш со изгасени сите светла и електронски уреди, пробуваш да заспиеш 30 минути, не можеш да заспиеш?
Го фаќаш телефонот и куцаш на кајгана како не можеш да заспиеш?
Го палиш лаптопот/компјутер и куцаш на кајгана како не можеш да заспиеш?
Потоа продолжуваш да чепкаш други работи на нет, озрачен од телефонот кој емитира светлина во твоите очи, поточно ретината, чии фоторецептори праќаат сигнал до мозокот дека е светло го збунуваш мозокот дека е ден и продолжува да не ти се спие?
Потоа едвај конечно заспиваш? Интернетот ти помогнал за тоа или? Пробани се други начини за справување со проблемот освен дремње на нет?
... анксиолитик од група на бенодиазепини за спиење? може да пишеш кој?Мене несоницата ми е периодична и циклична, недела - две сум добар, две недели имам проблем со спиењето. Синоќа заспав во 9, бев преморен, имав тешка физичка работа дента и се разбудив во 11. Се обидов се продолжам со спиење, не можев. Пробав со релаксирачка музика на слушалки, некогаш помага, почесто нема ефект. После саат време излежавање и тегнење, станав и се позиционирав со таблет. Дури пијам и анксиолитик, од група на бензодиазепини, не, не бива.
Најчесто не можам воопшто да заспијам. Кога сум преморен можеби ме фаќа некој сон накај 9, но морам да чекам да заспијат моите и во меѓувреме ми поминува сонот.
Не го пијам поради проблем со спиењето, туку поради симптоми на анксиозност. Иако прочитав дека има и седативно дејство. Алпразолам, иначе.... анксиолитик од група на бенодиазепини за спиење? може да пишеш кој?![]()
... човек ако има покачен крвен притисок или можеби има забрзано работење на срцето -тахикардија, а нема симптоми за да знае дека во моментот ете има покачен крвен притисок, нема шанса „телото“ да дозволи да заспие ! или ако е гневен и е под стрес исто нема шанса да заспие или доколку има лоши животни навики како конзумирање на стимуланси навечер како кафе, алкохол, енергетски пијалоци, гледање ТВ касно навечер и киснење на ФБ и форумиНајчесто...
1. Анксиозност
2. Воспаление - оксидација - болка
3. Хормонални пореметувања, висок естроген - кортисол
... кога веќе имаме проблем со спиење повеќе од еден месец ќе го ставиме зборот и значењето хронично неспиење или хронична несоница и тука веќе ако се сака да се ординира лек се оди директно на лек што основна индикација е хипнотичко дејство еден час пред кога се сака да се заспие, а не да се пијат лекови кои основна индикација за нивна примена е аксиозност, седација, а да се очекува споредното дејство на остранување на несоница да биде главно очекување од тој лек, како првоНе го пијам поради проблем со спиењето, туку поради симптоми на анксиозност. Иако прочитав дека има и седативно дејство. Алпразолам, иначе.
Па првото е кај мене, знаеш.
Цел живот патам од несоница. Безразлика дали сум преморен и цел ден ми се спие или немам физичка активност со недели мене ми треба барем еден час (некогаш многу повеќе). Засега избегавам апчиња за спиење но незнам до кога ќе е.
Им се восхитувам на луѓето кои заспиваат за 2 минути. Стават глава на перница и буквално за 2 минути почнуват да 'рчаат.