Јотова не потпишува по ред, или без ред. Значи, зависно од тоа кога е испратена молбата до Јотова, така ги разгледува. Таа не ги подредува молбите по бројките кои ние ги гледаме. Така на пример, ако некој од 2016 е бил на дополнителна, па потоа на полижително од Сеп 2018, нормално дека прв за указ ќе е тој со положително од Јули 2018, затоа што неговата молба е стигната пред оваа од Сеп 2018.
Јас се надевам дека оваа е позитивно, ако тој 7404 од 2017, чекал 7 месеци, тоа значи дека од Јули е бил со положително, точно кога започна проблемот со потпишување на укази, и можеби е прв на "опашката". За жал, не е член на форумов и не би знаеле од кога точно чека за указ и од кој датум точно е на положително. Како и да е, во следниве 2-3 седмици ќе видиме дали ќе има некој да се пофали со указ од Јули.