Еве го се јави ПР поддршката на Зоран Заев
https://republika.mk/vesti/makedonija/dem-shehu-od-kumanovskata-grupa-vmro-e-teroristichka-organizacija/
Чудна е, и сомнителна, таа координација меѓу Заев и терористите од Диво Насеље
Прво, тие се појавија точно во периодот кога Заев се закануваше дека ќе објави бомби за случајот Монструм. Дали требаше прво да се објават бомбите па овие да почнат со „оправдани„ терористички акции? Никогаш нема да дознаеме бидејќи беа благовремено разбиени.
Второ, по разбивањето на групата, Заев никогаш не ги објави бомбите. За една од можните причини види под Прво
Трето, сега пред претседателските избори, кога е јасно како бел ден дека СДСМ нема што да бара без гласови од Албанците, се случува следново: судот да нареди притвор на бивши министри, затворот да ги стави во иста средина со терористите, и овие да ги нападнат.
Четврто, целата коинциденција им дава повод на бившиве терористи да тераат ПР и индиректно да ги повикаат Албанците да гласаат против ВМРО, при што единствената друга опција е консензуалниот кандидат на СДСМ
Патем, од каде им средства да тераат ПР, ако не е со преќутна согласност на затворската управа?
Ова не сум го чул од Васко Ефтов или Буревесник, лично е мое размислување, пошто толку коинциденции со едни те исти актери не се баш веројатни.