Горан Славковски?

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Хахах, еве те гледам ти многу се разбираш, па ајде да те прашам нешто, да видим колку си информиран! Да те прашам, зошто толку време одолговлекуваше и не сакаше да дојде за натпреварите на младинската репрезентација, де болен бил, де повреден бил, де ова де она...Ако барем малку знаеш, и ако не трескаш што ќе ти дојде во тој момент, да те прашам зошто лани кога беше повикан за репрезентација (младинска), одговорот му беше дека е повреден и неможе да дојде, а утредента играше за младинскиот тим на Интер? Повреда а? Еееех бее, има многу работи што не знаеш а овде се праеш дека знаеш све. Викаш сакале да го земат од Хајдук само заради тоа што сакале да игра за Хрватска? Ти мислиш дека Хајдук го боли курот дали он ќе игра за Хрватска или не? На секој тим му е важно само да си ги засили своите редови, а не му е важно за која репрезентација ќе игра. Фарса било? Беше објавено и на страната на Хајдук, и на ХРТ кажаа и секаде пишуваше! Едноставно беше донесен на проба во Хајдук, на едно 2-3 недели а за тоа Интер не знаел, мислеле дека одма ќе потпишат договор. Кога требаше Славкоски да игра на пријателска за Хајдук, Интер се бунеше и не дозволи да игра без да потпише договор (очигледно е дека сакаја да се оттарасат од него што побрзо). И што бидна? Кога виде Хајдук каква е работата, во каква форма е “новиот Ибрахимовиќ“, едноставно му рече врати се назади толку. Кога виде и Хртватска што се деси со него, едноставно и тие се откажаа. И сега, кога “новиот Ибрахимовиќ“ нема каде, кога сите го шутнаа како последно гомно на светот, е целосно спремен и подготвен да игра за Македонија. Ееех беее, не трескај глупости само за да ми се напраеш паметен овде или да ме наречеш идиот и што знам таму! Размисли па пиши...зошто очигледно е дека не знаеш многу работи!
Неможеш ти да купуваш играч а да не знаеш каков е. Славковски потпиша 5годишен договор со Хајдук(имаше презентација, број 20дрес), тоа значи дека поминал медицински прегледи и све останато. Али како сега сеуште е играч на Интер ?!
Што се случи знаеш ?
-Не, никој не знае. Се кријат податоците.

Тоа што викаш се појави на ХРТ, НоваТв, старатв. шутка тв...е само соопштението од Хајдук дека немаат намера да го аганжираат славковски дека не бил добар.
-Пак ке ти кажам, траснфер е ова...секој купува играчи што предходно се знае како играат.
-Ако одговорот на Хајдук беше дека е физички неспремен...секој чивек за 1месец со напорни тренинзи може да се врати 101% во форма. Значи тоа не е проблем.

Ти не знаеш Хрватите како не сметаат како нација и народ. Си мислат дека се најнапредните балканци и неможат да поднесат пораз, посебно од нас. Славковски ги порази и секако го уништија.


И за крај еве ти еден поздрав, која била причината зошто македонските пулени не ИСПУКАА против естонија, посебно славковски.
Клик!

Се одјавувам со прашањето, како млад играч да игра после ова...кога знае дека ке изгуби?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Немаше потпишано договор, со сигурност ти кажувам, затоа и Славкоски не настапи во квалификациите за УЕФА против тиа кој беа таму палестинци ли што беа. Коментаторот на ХРТ баш тогаш кажа, Славкоски неможе да биде во комбинација поради тоа што е сеуште на проба во Хајдук и сеуште нема потпишано за Хајдук. Што значи дека Хајдук дополнително сакал да види за што играч се работи, а тоа дека го следеле претходната сезона нормално, само нашиве од памет купуваат!

А тоа што бил местен натпреварот, и да бил месте...верувам во информацијава дека е потешко да се изгуби отколку да се победи против Естонија, ама зошто одма не кажа Славско ако не сака да игра за Македонија, да кажеше не и готово! А не, ќе играм ќе играм а уствари чекаше понуда од некоја појака репрезентација! А не сакаше да се заебава со нас, ќе играм...па повреден сум а за Интер може да игра ако е повреден! Не е тоа тоа, зборов ми беше дека не треба да мисли дека е којзнае што повеќе од другите, исти са свите туе! И Стојков отиде у Интер, и што сега многу е јак? Хахах, немора ако играл за Интер да е којзнае што...нека не се курчи многу!
 
Член од
28 август 2008
Мислења
25
Поени од реакции
2
pa licno mislam deka bateto e car samo so malce zabusava so ova za igranjeto za makedonskata selekcija.pa ke vidime kako ke se pokazi
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Абе овој играше така? И како се покажа. Некоја критика нешто.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Прочитај погоре има.

Никој од Македонците не се покажаа дека натпреварот беше наместен. И да сакаше некој несмееше.
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Прочитај погоре има.

Никој од Македонците не се покажаа дека натпреварот беше наместен. И да сакаше некој несмееше.
Море и ова ли почнавме да го местиме:tapp:
Ебати федерацијата
Сеа Харалампие ќе има пари за да вложува во Победа:tapp:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Na detevo vise nego ocigledno e deka ne mu se igra za Mk, taka da najbolje bi bilo da go zaboravime i da mu posakame sve najubavo u Hrvatskata, Svedskata ili sto ti znam tamu koja reprezentacija ... !!!* :wink:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Превземено од http://kajgana.com/statija_4512.html

Приказната за Славковски
Четврток, 11.12.2008
Јован Ивановски



Не толку одамна, всушност пред само две години, Горан Славковски стана најмладиот играч на Интер кој што некогаш заиграл за овој тим во Сериа А. Кога Славковски дебитираше за Интер, во наптреварот против Сиена кога влезе како замена во 83тата минута, имаше само 17 години и еден месец.

Импресивно, ако се знае дека легендата на Миланскиот клуб Џузепе Бергоми бил постар од Горан, кога за прв пат го облекол црно-синиот дрес. Поради физичките сличности со далекупопознатиот фудбалер Златан Ибрахимович, како и Шведското државјанство и настапите за таа земја во младинските категории, Славковски беше наречен новиот Ибрахимович. Сепак, иднината не беше така розова за ова момче, кое сеуште талка низ европските клубови барајќи шанса за докажување во првиот тим.

Токму тие седум одиграни минути во натпреварот против Сиена, до ден денес се единствените во неговото прволигашко портфолио. Славковски настапи и во еден меч од Купот на Италија, во истата сезона но тоа беше се што видовме од него. Поради блескавата иднина која му беше предвидена, Славковски добиваше повици за настап на репрезентациите на Шведска и Македонија, Македонија земјата од која потекнува неговиот татко. Високиот центарфор после многубројните шпекулации, сепак на крајот заврши во црвено-жолтиот дрес на Македонија, т.е. своето деби за истоимената младинска репрезентација го имаше во Август 2008.

На почетокот на 2008, Интер се договори со Мидлзбро за позајмување на младиот фудбалер до крајот на годината, но трансферот пропадна во последен момент бидејќи Славковски не ги помина медицинските тестови. Следеше понуда од уште еден клуб од Островот, поточно Шефилд Јунајтед која беше прифатена, но и таму Славковски не се снајде баш најдобро. Клубот сметаше дека Македонецот прво треба да се докаже со игрите за резервниот тим, за да заслужи место во стартните XI на првиот тим. Тоа нешто никогаш не се случи, Славковски одигра само 6 натпревари за резервите и постигна 2 гола.

Патешествијата на младиот Славковски не завршуваат тука. Имено, тој во летниот преоден рок потпиша за Хајдук Сплит, но наводно тој трансфер бил извршен нелегално. Поради недоразбирања помеѓу клубовите, 5 годишниот договор кој Горан го имаше потпишано со хрватскиот клуб беше раскинат поради заканите од страна на Интер за тужба поради нелегалниот трансфер. Пред извесно време, се шпекулираше дека Славковски стапил во контакт со клубот во кој ја започна својата фудбалска кариера Малме од Шведска за трансфер, но сепак поради тоа што сеуште бил под договор со Интер не му било дозволено да игра за тимот, туку само да тренира со Малмо.

Веќе станува честа појава, талентираните фудбалери од младинските тимови да не ги исполнат очекувањата на стручњаците. Се повеќе и повеќе се појавуваат нови фудбалери на кои им се лепат етикети, новиот Меси, новиот Роналдињо, новиот Кака. Се споменуваат големи имиња со големо реноме, и секако преголем притисок се врши врз фудбалерите кои наместо да се концентрираат на подобрување на своите фудбалски способности, се преукупирани со други работи од светот на фудбалот.

Кога во 2007 година, светот за прв пат слушна за Славковски, во младинскиот тим на Интер настапуваше еден друг фудбалер кого ретко кој го познаваше. Сигурно веќе погодувате за кого станува збор. Балотели, фудбалерот кој не беше форсиран од медиумите, и фудбалерот кој имаше далеку поголема улога во успехот на Интер минатата година, пробивајќи се во првиот тим и постигнувајќи многу значајни голови. Денес кариерите на овие двајца фудбалери се на сосема различни стани, и ако вчера слушнавме дека за Балотели се интересира Р.Мадрид и другите големи клубови, за Славковски веќе одамна ништо не се пишува. Затоа, фудбалски критичари, следниот пат... замислете се малку повеќе, пред повторно да ставите етикета на некој друг млад тинејџер кој ќе постигне пар голови за младинскиот тим.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.718
Поени од реакции
5.400
Ехее...Што се не се зборуваше за Горанчо..Заменик на Златан Ибрахимович, па детето вивна во облаците, читај славата го удри по глава па почна да се однесува арогантно, самобендисано (веројатно од многуте споредби со Ибрахимович:)). Но има разлика, Ибрахимович, прво се докажа како играч, и на некој начин не му замерувам што е толку самобендисан, а овој поиграл 7 минути за Интер, и ко којзнае што да направил.. Си ја дигна цената, и мислеше дека го достигнал „врвот на кариерата“ и почна да забушава.. Ветуваше дека ќе игра во Македонската Репрезентација, глумеше дека е болен, а по еден ден заигра за Интер пак(ваљда во некој Куп натпревар).. Со тоа тој ја потцени Македонската репрезентација и требаше да се избрка на клоци, а не уште да му се дава шанса, кога веќе ниту еден клуб не го прима во своите редови, поради недоволна физичка подготвеност...
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Каде игра сега Славковски?
Има клуб? Или професионален репрезентативец стана?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Каде игра сега Славковски?
Има клуб? Или професионален репрезентативец стана?
Па пишува над тебе, прочитај моментално е во Шведска тренира со тимот на Малмо, под договор е со Интер но премногу компликации настанаа, па неразурите не го сакаат во својот тим.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Па пишува над тебе, прочитај моментално е во Шведска тренира со тимот на Малмо, под договор е со Интер но премногу компликации настанаа, па неразурите не го сакаат во својот тим.
За ова мислиш?
Пред извесно време, се шпекулираше дека Славковски стапил во контакт со клубот во кој ја започна својата фудбалска кариера Малме од Шведска за трансфер, но сепак поради тоа што сеуште бил под договор со Интер не му било дозволено да игра за тимот, туку само да тренира со Малмо.

Мислев дека е само шпекулација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom