Бидејќи дирекно не засега нас...ова ќе го постирам тука....
Се појави нацрт договорот за тоа како ќе се разграничат Косово и Србија?
26/02/2019 14:08
Проектот кој се чува во тајност за договорот Косово – Србија
НЕКОИ ОД КЛУЧНИТЕ ТОЧКИ ОД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ДРАФТ-ДОГОВОР ОД „ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И ДОБРОСОСЕДСТВО“ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО
Страните се договориле со официјален документ од 22 точки со посредство на САД, РУСИЈА И ФРАНЦИЈА!
1.Страните во заклучокот од усвојувањето на овој договор го потпишале ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И ДОБРОСОСЕДСТВО!
2.Двете држави со новите граници се признале меѓусебно и истовремено станале членки на ОН
3.Западната граница меѓу двете држави е цела линија долж езерото Ујман, Газивод. Од косовска страна по линијата Витковиѓе, Брњак, Резал, Ковач, Зубин Поток.
Од српска страна делот над Зубин Поток сѐ до актуелната граница.
4.Од Србија поминува територија по линијата Зубин Поток- Зупче-Звечан-Жеровница- Бањско-Вуче-Лепосавиќ-Земаница.
5.МИТРОВИЦА се обединува, го добива статусот FREE CITY со временски рок од 35 години, а не повеќе од 99 години и ја опфаќа околината со границите: Земаница-Дрен-Церај-Маџере- Стари Трг-Бајгор-Велики Кичиќ-Кошутово-Зупче. Управител/Претседател на градот е со Президиум: еден Србин, еден Албанец и еден назначен од Советот за безбедност на ОН
6.БУЈАНОВАЦ го добива статусот „специјална област“ за 35 години, но не повеќе од 99 години со оваа линија:
области: Божињевац-Жузељиќ-Српска Куќа-Давидовац-Ристовац-Карадник-Раковац-Голем Трновец-Кончул-Лучани-Несалце-Боровац-Сомолице.
Градот има Президиум од три члена, Собрание со 30 члена, тројца странски. Полицијата е со мешан состав од тројца членови, буџетот се финансира од Србија, Косово и ЕУ пропорционално. Дозволените валути се ЕВРО и ДИНАР. Личните карти и пасошите се со симболите на ЕУ, но граѓаните избираат уште еден помеѓу Србија и Косово како втор документ. Градот добива и статус на „FREE TAX ZONE“
7.Прешево целосно се припојува со Косово со оваа гранична линија: Славујевац-Љаник-Свињиште-Себрат-Куштица-Кленике-Трејак-Богдановац-Сомолице-Летовица.
8.Воената база „ЈУГ“ во ЦЕПОТИНА станува база на САД, но мешана, база која ќе брои околу 1.700 војници, од кои 50% Срби и 50% Албанци со граѓански надзорен и советодавен статус.
9.Коридорот 10, 15 години ќе биде заштитен од НАТО и слободно можат да се движат сите страни.
10.Србија со финансирање од ЕУ гради нов Коридор кој ќе ја следи линијата: Давидовац-Ристовац-Кршевица-Клиноц-Св.Петка-Кленике-Старац и излегува во Пелинце (МКД)
11.Медвеѓа како град останува под Србија со неколку села. Во Косово преминуваат: Врапче, Свирце, Сијарина, Стара Бања, Маровац, Тупале, Капити. Во преговорите се вклучени и Сијаринска бања и Реткоцер.
- Странките немаат претензии за воени репарации.
- ТРЕПЧА добива специјален статус со создавањето на заедничкиот конзорциум од американски, француски, руски и кинески капитал, за 99 години користење. 15% од придонесите ѝ се доделуваат на Митровица, 35% одат за Србија и 50% за буџетот на Косово.
- Газивода станува заедничко српско-албанско сопствеништво со менаџирање според меѓународните конвенции. Инвестирањето и техничкото менаџирање ѝ се дава на англиска и германска компанија за 99 години.
- Електричната енергија се дели во пропорција 75% за Косово и 25% за Србија поради интерконекциите. Управувањето е американско, австриско и германско. Другите модели сѐ уште не се решени.
16.Патријаршијата на Пеќ и Дечанската црква добиваат „екстра територијален“ статус. Црквата во Призрен и манастирот во Грачаница добиваат „екстра територијален“ статус на територијата на Косово. Другите цркви остануваат без никаков статус. Се формира Асоцијација на српски општини во Косово без извршна власт, но само како НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ со цел да ги пренесат проблемите во Владата.
- Сите гранични премини меѓу двете држави да бидат ИНТЕГРИРАНИ во еден премин.
- Србија добива статус членка на ЕУ во временскиот период 2021-2022, а Косово до 2030.
- Србија добива Маршал план со инвестиции од 3.5 милијарди евра за современа инфраструктура и стратешки инвестиции. Косово од овој инвестициски план добиваа 1.2 милијарди евра.
- Двете држави за 10 години се обврзуваат од учебниците да ги отстранат расистичките и омаловажувачките термини кои ги користат меѓу себе.
- Се признаваат пензиите и осигурувањето меѓу двете странки, граѓаните независно уживаат во респективните права во двете држави.
- Овој договор се гарантира од Советот за безбедност (ООМ, ЕУ и НАТО)
Во договорот се наведени уште три други прашања:
1.Србија бара да го признае Косово под старото име Косово и Метохија за локална употреба, а во ОН ќе го признае како Косово, односно бара да биде заведено под две имиња.
2.Ниту една држава нема право да се здружува со друга држава или друга територија во следните 99 години (решена е кризата во Босна и Херцеговина и Македонија)
3.Страните се обврзани да имаат едногласно право на глас во ОН за одредени прашања (за техничко отворени прашања)
Сите точки од договорот треба да завршат до 15 мај 2019
Финалниот договор се потпишува од 28 јуни до 13 јули 2019
До крај на октомври 2019 парламентите на двете држави го ратификуваат договорот и ги менуваат своите устави.
Целосното спроведување на договорот започнува на 1 ноември 2019 година
https://tv21.tv/mk/tv21-stigna-do-dogovorot-pomegu-srbija-i-kosovo-koj-se-chuva-vo-tajnost/