Се залагам за закон со кој ќе се забрани на блиските роднини на актуелни политичари да се вработуваат „на државно“. Бујрум во приватниот сектор. Секако овие вработувања се прекубројни, нема потреба од нив. Секако во администрацијата не треба кој знае каква стручност и „експертлук“ за работа. Станува збор претежно за евиденциони работи.. дозволи, печати, архиви... А фирмите како ЕЛЕМ, МЕПСО, (Северно)македонски Шуми, (Северно)македонска Пошта треба темелна реконструкција и сериозно да се размислува за приватизирање, можеби одредени делови, сектори, давање под концесии, приватно партнерство, итн... Држава не може нормално да води бизнис и компанија. Само приватен го може тоа.