D
Deleted member 12196
Гостин
Ако така мислите, така нека биде. За вас 75 евра се малку. 10.000 по 75 евра? И тоа ниската класа. Уште колку ќе дадат покрај тие 75 евра.Друже седи бе, колку може да потроши стандард македонско семејство таму. И кога ќе отидеме во Солун кај идеме, по аутлети идеме да земеме нешто по брејкивен цена, да не купуваме најнова роба од Nike, Adidas?
Повеќе заработуваме ние од нив што идат гориво да пунат и во казино пари што фрлаат или пак наши IT/ТК фирми што им служиме како бриџ за поврзување кон Европа. Забариве па во Битола и Гевгелија пуни се пари, секој втор, трет викенд по чисти 5,000 евра прават од порцелани и ламинати па и ортодонција. Татко ми дури размислува да се сели во Гевгелија а и повеќе од солидно заработува во Скопје па види ти сега.
По Ваше излегува дека сите тргнале на шопинг со 50 евра во џебот? Да си купат патики? Стотици и стотици евра трошат таму.
А дека повеќе заработувате од нив, да опростите, ама мало сутра. Сосема наопаку ги гледате работите. Во Гевгелија доаѓаат на забар и за гориво затоа што кај нас е поефтино. Не дека се посиромашни.
Но сепак гледам дека упорно го браните Вашето мислење, па останете си на тоа уверување. Ама можете да се потрудите (ако Ве интересира и ако сакате) па да најдете податок колку патници во сезоната поминуваат дневно на граничниот премин. Можете да дознаете и колку од нив се Македонци. Тогаш верувам дека ќе го промените мислењето.