Пробав да се воздржам но некако не ми оди
Користев Самсунг, користам Самсунг, најверојатно ќе користам Самсунг.
Зошто би се радувал дека некоја серија експресно брзо им се продала?
Каков директен бенефит имам јас/било кој од тоа?
Во најмала рака тоа значи дека тоа што го нудат лесно се продава, што во превод значи дека или ќе истераат уште некоја година со истите телефони со мали промени и нови имиња или пак со наредните ќе се пробаат со повисока цена.
Основан економски принцип.
Истото важи за било која компанија.