Што треба да научиме и направиме од трагедијава што не пресретна:
- Да си ги намалиме малце паразитите на државна сметка и тие пари што им се даваат нив на месечна база да се искористат за креирање и одржување на кризно портфолио какво што има секоја држава што себеси си се смета за држава а не држава во покушај како нашата. Значи да се постават ситуации кои може да не снајдат - верижен судир, сообраќајна несреќа од ваков вид, епидемија, масовно труење, пожари, земјотреси, поплави, итн.
1. Срамота е што во Европа во 2019 потенцирам да се набават нови амбулантни возила опремени со лекарства и системи;
2. Да се набават и уште поважно одржуваат во возна состојба хеликоптери,
3. Тие хеликоптери во секое време да имаат лекарства кои се применуваат за прва помош, санација, мобилизирање на телото;
4. Да се има обучени пилоти на готовс и селектиран медицински персонал кој „ќе дежура“ што се вика, на секој месец или пак две недели ќе добива информација дека овие две недели е на листа на медицински лица кои би затребале хитно во случај на несреќа и по смс скраја да е ќе добиваат информација дека се потребни и каде да се упатат;
5. Горенаведениов персонал еднаш на 6 месеци барем да вежба симулација на ваква трагедија со цел што побрзо, синхронизирано и поупатено да се пристапува на незгодите. Мислам дека на видеата сите гледате каков хаос владееше некни во Ласкарци. Не се знае кој зел носилка, кој вади труп од автобус, луѓето се погодени од лелеците и трчаат наоколу...
Ова погоре не е rocket science ниту е нешто што бара многу сложена организација, само треба да имаш свест дека не е се розево и ќе има и вакви грозни ситуации. Ги гледам вчера на вести магарено Заев и ретардон Таравари, викаат Господ сакал вака, Господ онака. Каков Господ мисири, да земе човек фаците од асфалт да ви ги дроби, вакви трагедии се антиципираат, комарци не напопаднаа летоска, едвај се справивме, вие во 2019 се ослонувате на небесни сили. Ајде Заев толку му делил универзумот ама кога ќе слушнам доктор со 20-30 години искуство да ми се ослонува на Господ

Секоја чест за мештаните на Ласкарци како и луѓето кои помагаа за поплавите пред 3 години, вам треба споменик да ви се крене, до крајот на животот ќе имате психички последици. Поентата ми е дека мештаните не се должни да го прават се она што го прават при плаќање давачки на државата, поготово кога фаци како Мира Дизел и Талат вработуваат по цели фамилии. Да бевме сиромашна држава, ќе разберев сите да се впушаат во одбрана и заштита.