Прашањата се одлична работа, помагаат да разбереш што точно мисли соговорникот а помагаат и самиот оној кој ги поставува подобро да си ги разјасни работите. Сите прашања што ги поставив произлегоа од твојот пост. Доколку јас сум ја промашил темата тоа е пред се твоја заслуга

. Јас сум на форумов затоа што темата ме интересира и затоа што сакам да си разјаснам некои работи самиот на себе. Логично е да претпоставам дека оние кои се на форумов поради истите причини го мислат истото. Меѓутоа јасно ми е дека има и такви кои се на форумов поради разноразни други причини и повеќе преферираат монолози. Ни тоа не ми смета. Сепак, овака или онака, ти на мојте прашања одговори за што ти должам барем еден like

.
Што се однесува до самата Библија, таа несомнено е едно од позначајните културни достигања на човештвото и сигурно заслужува посоодветно внимание и толкување. Тоа што некои политичко-економски организации и центри на моќ сакаат да имаат монопол во толкувањето е разбирливо но не ми е јасно зошто толку те иритира. Веројатно во некоја друга прилика.
Токму тоа и беше прашањето - зошто човештвото пред се? Не ти се чини ли дека таа изјава е прилично пристрасна и необјективна?
Можеби лошо го формулирав прашањето. Посоодветно е - што би можело да се смета како врв на човековото достигнување?
Што се однесува до тоа дали треба да се живее со некаква цел - мислам дека и тука постојат разлики помеѓу луѓето. За оние кои спаѓаат во рационални типови целта е нешто неопходно а животот без цел е нешто сосема бесмислено.
Како сево ова има врска со Библијата веројатно ќе стане јасно понатаму.