Стварно не знам со Босна што ќе биде, али знам дека по решавањето на Косово (кое според мене нема да биде без промена на границите, а ако биде, тоа би било неверојатен пораз за Србија), нема да биде иста перспективата и за решавање на Босна. Но на страна од можностите за објективна поделба на територијата, таму има еден тон други правни, технички, проблеми.
Во врска со Вучиќ и неговата позиција, прво да кажам дека Вучиќ е идиот од калибарот на Груевски, ама треба да се погледаат работите и од негова перспектива. Он нема многу простор за маневри, кога станува збор за безбедноста, која е нешто што пред кооперација го сфаќаат како здраво за готово и најмал проблем. Бомбардирањето од страна на НАТО е историски багаж не само за НАТО, туку и за секоја српска власт. Евроинтеграциите на Србија во тој безбедносен контекст (во пракса) се оптоварени од тоа бомбардирање. Вучиќ не може земјата да ја остави надвор од безбедносен чадор, особено кога ќе се земе во предвид безбедносниот ултра-проблем кој Србија го има со Косово. Остај ти овие што трабуњаат овие тука по форумов за некакви си неутралности на земји од Балканот како Македонија. Врзани му се рацете за интеграција под безбедносниот чадор на НАТО и историскиот контекст тука силно се вплеткува во надворешната безбедносна политика и прагмите. Ниту една власт во Србија не може тоа да го занемари. Не верувам дека по ова што НАТО и го направи на Србија, надвор од прописите на ООН, ќе може било која српска власт у многу долго време идно да кокетира на безбедносен пллан со таа организација. И што му останува? Тоа што и го прави - да се поврза со Русија на тој план. Не може он на ветрометина да ја остаи земјата. Тука влегуваат оние нивни договори на поле на одбрана. Србија најверојатно ќе биде прв балкански пример, за членка на ЕУ која не влегла во НАТО. Мислам дека е многу тешко да балансираш помеѓу ЕУ на полето на евроинтеграции и Русија на полето на безбедност, ама он нема друг избор.
Оваа негова позиција се докомплицира ако се гледа низ призма на моменталните настојувања на НАТО да го консолидира јужното крило, а во контекст на случувањата во Сирија, Украина, гасоводните рути и руската офанзива.[DOUBLEPOST=1549817495][/DOUBLEPOST]
Ако не верувате дека настаниве у околина се дел од стратгеијата на НАТО за средување на работите на Јужното Крило како стратегијски битна локација во контекст на најновите настани (гас, Сирија, Русија...), тогаш запрашјте се како у овој период од 30 години, баш сега у овој момент у Србија и Косово се најдоа првите луѓе да имаат исти ставови за начинот на решавање на долгогодишниов проблем и како истото, баш у овој момент, се дешава и на поле на проблемот на Македонија и Грција (главните двајца у државата да имаат ист став за начинот на решавање на проблемот)
И грчко турските односи ќе бидат оладени, сигурно. Пред ден два Ципрас беше кај Ердоган. На површина го гледаме проблемот со Турциве кои избегаа во Грција,али таква средба верувајте не се организира само заради тоа.