Здравствено осигурување

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2017
Мислења
134
Поени од реакции
67
Дечки, ме занима како добиваат здравствено осигурување невработените лица постари од 25 години? Знам дека за до 25 требаше копија од извод и книшка и без никакви потврди одиш у социјалното и добиваш здравствено.

Јас така се пријавував. Што потоа кога више имаш полни 25 години? Можеби и законите се нешто изменети во меѓувреме, ако има некој поупатен или шо бил во ваква ситуација ве молам да ми пишете.
 
Еве што ти треба (имаш и на страната на фзо)

Лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување и активно бара работа:
- пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец );
- здравствена легитимација;
- лична карта на увид;
- доказ дека лицето се пријавува во АВРМ (копија од картон или потврда);
- извод од матична книга на родени ( копија) , односно венчани;

Доколку во претходната година (значи 2018) немаш остварено приходи во износ поголем од (мислам дека беше) 144 000 денари (ќе ти кажат на шалтер) тогаш ќе ти дадат да потпишеш изјава и здравството ти е бесплатно.
Доколку имаш над 144 000 делумно плаќаш ти а делумно фондот. Не ги памтам точно праговите ама оди во ФЗО и ќе ти објаснат подетално.
 
А ако не бара работа активно, односно се пријавува на 6 месеци?

Мислам дека е исто. ФЗОМ ги интересира основот на осигурување и остварените годишни приходи. А дали ти бараш активно работа или не тоа е грижа на АВРМ.
 
Имам здравствено осиг како инвидуален земјоделец, сега сум вработен па за да ме одјават од инвидуален земјоделец долгот што го имам бараат да го подмирам , а јас си зедов листи со фолио број до ноември, а бараат да платам заклучно овој месец. Прашањето ми е дали мора да се плати до овој месец ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom