Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не знае со сигурност да каже дали читалната на електро работи со нормално работно време и во недела, односно исто до 22 часот или пак затвара порано? Во тмф знам порано затвараа во недела, ама за електро ич не ми текнува.

Електро не работи во недела, на ТМФ можеш до 18:00 часот, после бркаат.
 
Дали треба да се има некое предзнаење од Оперативни Системи за Мрежна Безбедност? Сакам да ги запишам и двата овој семестар![DOUBLEPOST=1549234578][/DOUBLEPOST]Препорака за некој полесен но сепак интересен/корисен предмет? Побитно ми е само да не е досаден предметот.
 
Последно уредено:
Здраво,

Дали може некој да ми објасни за предметот Вештачка интелигенција, дали кај сите професори е ист материјалот, како се полага, дали бара некој професор присуство и кај кој е најдобро да го слушам за да научам?
 
Прегледај го приврзокот 204178 Најдобар избор за 2 семестар?
Основи на Веб дизајн дефинитивно. Се учи HTML + CSS, прв колоквиум е само теорија, втор колоквиум правиш страна, даден ти е HTML, ти треба со CSS да ја средиш. Не е тежок предметот, а е корисен пошто ти дава некоја основа за други предмети што ќе треба да ги слушаш понатака.
 
Дали е добро да земам за 4 семестар изборни Визуелно програмирање, Кориснички интерфејс и Интернет технологии?
 
Дали е добро да земам за 4 семестар изборни Визуелно програмирање, Кориснички интерфејс и Интернет технологии?

Зашто да не... Јас тие ги слушав во 4.
C# windows app, Bootstrap и .net web app беа во програмата тогаш
 
Дали е добро да земам за 4 семестар изборни Визуелно програмирање, Кориснички интерфејс и Интернет технологии?
Ако ги слушаш Софтверско инженерство и Оперативни, тогаш дефинитивно не, освен ако 90% од времето учиш.
 
Тогаш предлог кои да ги земам?
Препорачливо ти е барем 1 лесен, за воопшто да не се замараш по тој предмет. Ако ги запишеш тие 5 предмети, по сите ќе имаш задолжителни активности (домашни или лабораториски). Ама воопшто не сакам мене да ме слушаш, ти најдобро знаеш каков пристап имаш кон факултетот. Јас само ќе ти потенцирам дека Оперативни се смета можеби за најтешкиот предмет (во конкуренција со Бази на податоци), кој истиот има задолжителни лабораториски секоја недела. Од друга страна Софтверско ти е теоретски предмет, со обемен материјал, но лесен за совладување, има задолжителни лабораториски, бара посветеност. Изборните што ги наведе се добри, но јас не би ги комбинирал сите 3 заедно во ист семестар со задолжителните што ти ги опишав на кратко.
 
Kako be operativni najtezok? Ami VIS?
 
Kako be operativni najtezok? Ami VIS?
Го заборавив, благодарение на него на смеров мој запознав многу нови колеги :pos:
Иначе, колегава чим праша за 3 изборни, претпоставувам дека е на ПЕТ бидејќи КНИ имаат 3 задолжителни и 2 изборни (освен ако се одлучил за молба за 6ти предмет)
 
Јас тие 5 + АОК ги слушав во четврт :confused:

Визуелно и ИТ се донекаде слични.
Првиот windows forms, вториот web forms. Јазикот е исти (С#).
ИТ има теорија, ВП не.

КИ е лесен. Теорија плус bootstrap практично. Тоа се готови CSS класи кои треба само правилно да се искористат.

Проект имаше по сите 3 предмети.
 
Ќе може некој да ми каже кој е покорисен предмет од Визуелно Програмирање и Вештачка Интелигенција како изборен заедно со Оперативни, Софтверско, Мрежна Безбедност и Безжични и Мобилни Системи? Или да кажете некоја алтернатива за последниот изборен
 
Кој се условите за запишување на Оперативни Системи ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom