Galway не е баш д плејс ту лив, како што кажа членот погоре, истура дожд и е навистина ладно.
Сега, за тоа како ќе се вклопиш во средината, зависи од тебе, од тоа како се однесуваш и каква ти е социјалната страна.
Веќе добри 6 години живеам во Гренобл, на почетокот ни јазикот не го знаев ама го научив и се вклопив во средината. После некое време ако не успееш да се вклопиш во средината каде што си се преселил, тоа е твоја грешка. Не сме ние ни црнци ни арапи за да не гледат на криво, сепак е Европа ова, има предрасуди за бојата на кожата и за потеклото ама сепак зависи повеќе од тебе.
Ако си решителен да успееш, ако не те мрзи и ако ти фаќа главата, можеш секаде да успееш.
Пример, во Франција се преселив од Англија заради здравствени причини и верувајте ич не ми се стоеше овде, ама после видов дека е многу поарно до Лондон.
Следната недела се селам во Париз бидејќи само таму успеав да најдам работа каква што барав, но Париз споредено со Лондон е полош за живот. Скапи се становите но најголемиот проблем е што тешко се наоѓаат. Ако немаш плата доволно висока и гарант позади тебе, тешко се одлучуваат да ти изнајмат стан, агенции и приватни лица.
Грешката која ја правиме најчесто кога се селиме на страна е фактот дека не пазиме многу на средината каде сме одбрале да живееме. А ако средината не ни е погодена, нема ни да бидеме многу среќни дури и ако работата е супер.
Во Македонија е друг живот, друго темпо, други луѓе. На запад е многу поразлично, ако не си спремен да истраеш и ако адаптацијата не ти е силна страна, ќе ти биде многу тешко да останеш и опстанеш овде.
И не се залажувајте во врска со дипломите. Овде се гледа што си работил, што знаеш да работиш и како можеш да допринесеш за компанијата. Треба да се прават контакти и да се одржуваат, ЛинкдИн е посебно корисен и дава шмек на сивито, но не ги правете различни. Тоа што го има на цивито, мора да го има и на сајтот.
За диплома немаат ме прашано до сега, немам сеуште завршено факултет, иако сум запишан на туризам во мкд и на психологија овде во Гренобл. Ги интересира особено и личноста, карактерот дали го имаш или не за работното место на кое аплицираш.
Ако сакате да се преселите, било каде, информирајте се убаво за тоа каков е животот прво, не за цените. Цените играат помала улога ако знаете како да оддржавате домашен буџет со плата која ја имате. Крај на крај, ако сте на минималец или недоволно платени, државата ви дава плус помош.
При барање на работа, прво истерајте неколку интервјуа за да ви легне целиот процес на скинингот кој ви го прават. Многу се чувствува кога не сте ошуштени, а овде не ви прават интервју тиквари кои имаат диплома а немаат искуство оти се вработени преку партија или врски.
Нека ве одбијат повеќе пати, тоа е дури и добро за вас, за да видите што правите грешно за време на интервјуто. Има друг пристап како да се помине интервју со хед хантер, со човечки ресурси и со идниот шеф.