- Член од
- 13 јануари 2019
- Мислења
- 5
- Поени од реакции
- 2
Здраво дечки, нов сум во форекс, некое време се едуцирам и трејдам демо.
Сакам да влезам со некоја минимална сума, па прашањето ми е кој брокер вие го користите, односно кој е најдобар за кај нас?
Фала.![]()
OANDA[DOUBLEPOST=1547840631][/DOUBLEPOST]
Имав направено демо акаунт со нив додека беа сеуште FXLIDER. Секоја недела на телефон ми се јавуваше нивен репрезентативец и ме прашуваше кога ќе отворам вистинска сметка, на која банка имам картички. Стварно беше убаво што имаа супер support. Се решив да видам reviews за нив на интернет. Сите беа негативни. Имаше еден човек напишано дека била поранешна компанија од Турција и дека била само скам. Се решив да појдан на live chat и кога почнав да прашувам од кој се регулирани и сл почнаа да ги одбегнуваат прашајната и ме поврзаа со друг оператор. Решив да прашам и за тоа во врска со Турција операторот ми рече дека за тоа јас не треба да прашувам и се исклучи.
Во заклучок не би те советувала да отвораш сметка со нив. Вакво однесување не смее да има broker на кого му веруваш дека нема да ти ги одземе сите пари. Најубаво види разбарај reviews појди по форумите на babypips (од таму ги научив сите форекс стратегии) forexpeacearmy и сл. Барај по форуми затоа што ако се веб-страни може да бидат платени за review и да те излажат, затоа најубаво на форум од вистински луѓе и секогаш проверувај ги профилите на луѓето од форумот да бидат постари и да не спамираат секаде за еден брокер. И избери брокер што одговара на твојот стил на тргување има два вида Dealing Desk и No dealing desk.
https://www.babypips.com/learn/forex/different-types-of-brokers види овде за повеќе инфо.
https://www.babypips.com/learn/forex би ги советувала сите почетници овај бесплатен курс да го прочитаат прво затоа што има стратегии и се за вовед во форекс. И никогаш не почнувајте со вистинска сметка пред да имате барем 3 месеци профит на демо сметка со стратегијата.
Со среќа на сите
Ќе прашував дали е илегално во МК да се работи со форекс? Не сакам да отворам сметки во странство ќе си ги подигам парите од девизна и во УЈП ќе си пријавувам
FORTRADE (fxlider) e reguliran.
za 3 meseci da naucis forex???? koj broker te izlazal taka??
mene za fakultet mi trebaa 5 godini i eve sega so 3 godini rab. iskustvo edvaj do 600eu plata stignuvam, a kamoli za 3 meseci da naucis finansii[DOUBLEPOST=1547841264][/DOUBLEPOST]
За тие што тргуваат форекс (демо или реална), идеја што сега ја разгледувам.
Ова е AUD/JPY нa H4, (на сликата) според графиконот, доколку треба да почне овој пар да расте, туку би требало да застане падот од последниве 3 дена.
Доколку тука е крајот (околу нивото 82.000), денес или евентуално рано утре би требало да добиеме формација дека цената ќе почне да расте, и тука да размислуваме да го купиме овој пар.
Причини за влез:
1. Имаме јасен растечки тренд на 4 часа (според една од стратегиите што ги тргувам)
2. Ова е веќе втор (можеби и трет) ценовен растечки бран во овој тренд, што ми дава до знаење дека трендот е веќе потврден.
3. Имаме точно одредено ниво околу кое цената е застаната, и исто така има повеќе елементи во одбрана на овој тренд.
- Повеќе растечки тренд линии
- Фибоначи ниво 61,8
- Психолошки значајно ценовно ниво, 82,000
- Највисоката точка на претходниот ценовен бран нагоре е исто така 82,000
4. Немаме контрадиткрони сигнали на долгорочно гледиште, тоест нема значајно ниво на отпор према горе.
5. Денес нема никакви значајни вести од Австралија и Јапонија што би можеле да го сменат целиот bias на овој пар (не знам bias како да го преведам)
Причини да не влеземе во позиција:
1. Главната тренд линија (светло сина) е скршена и ретестирана, и покрај тоа што може да нацртаме нова, не ми се допаѓа моменталата ценовна формација
Course of action:
Зумираме во помалиот временски интервал од 1H и бараме формација за прекин и раст во нагорна насока, на овој краткорчен опаѓачки тренд, и доколку добиеме валиден сигнал се влегува во buy позиција.
Прегледај го приврзокот 199428
фино ти изгледа чартот
намали тоа индикаторите, намали го бројот на парови кои ги следиш..
трендот е нагорен, цената е во корекција. Како тоа трендот е нагорен врз основа на стратегијата што ја тргуваш?
Последно уредено: