Донор на сперма при полн фертилитет - Зошто?

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Паметам пред година две гледав една емисија, се викаше Табу. Таму разработуваа сличен проблем како овој.

Се работеше за маж во доцни 40ти години што имаше донирано сперма на повеќе од 150 жени. Е сега овој ги знаеше и ги имаше признаено повеќето од децата. Да не должам многу, проблемот овде беше што тие деца не си ги знаат своите полу браќа и полу сестри и има не така мали шанси во идина некој од нив да заврши во инцесоидна врска.

Некако последно време се стремеми да сме многу модерно опшество забораваќи дека сеуште живееме во земја од третиот свет.

Не сум против за ваков тип на оплодување само ако се работи за здраствени причини.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917

Јас не сум против ако се работи за лгбт личност, сака да си има дете и има партнерка за мене тоа е во ред.

Инаку дека детето ќе биде подобро заради татко со добри гени врска нема. За подбар човек во интелектуална, здравствена и физичка смисла, треба различност во гени, што по различни тоа подобро.

Инаку на балканов имаме одличен генетски материјал во тој поглед, нема што нема во нашиве гени, од антички, римски, словенски, татарски, турски, келтски се што сакаш има :)

Главен проблем зошто сме толку ограничени во културолошка смисла е фактот што сме од балкан :(

Ко ќе се родиш ќе ти залепат етикета на која што ќе пишува име, презиме, националност и религија и тоа ќе треба да го браниш цел живот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Паметам пред година две гледав една емисија, се викаше Табу. Таму разработуваа сличен проблем како овој.

Се работеше за маж во доцни 40ти години што имаше донирано сперма на повеќе од 150 жени. Е сега овој ги знаеше и ги имаше признаено повеќето од децата. Да не должам многу, проблемот овде беше што тие деца не си ги знаат своите полу браќа и полу сестри и има не така мали шанси во идина некој од нив да заврши во инцесоидна врска.

Некако последно време се стремеми да сме многу модерно опшество забораваќи дека сеуште живееме во земја од третиот свет.

Не сум против за ваков тип на оплодување само ако се работи за здраствени причини.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
и јас нешто читав, ама мислам самите деца го открија него, иако по закон идентитетот негов треба да е во тајност... тука има правно прашање дали може овие 160 деца да ги остават неговите деца без наследство ????
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
и јас нешто читав, ама мислам самите деца го открија него, иако по закон идентитетот негов треба да е во тајност... тука има правно прашање дали може овие 160 деца да ги остават неговите деца без наследство ????
Еве го конкретниот случај за кој говорев. Не биле 160 него 85 што сепак не е мала бројка.
https://youtu.be/HCWzlcvoSv4

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Јас мислам дека можда ја немаш цела ситуација дознаено, можеби има партнер/ка девојката, можеби не го/ја експонира во јавност само. На пример, може да има партнерка, плус сфатила дека не може/не сака да биде во иднина со маж, и сакала да има дете зошто почнал да ѝ работи мајчинскиот инстинкт. Не верувам дека од нигде никаде ѝ дошла идејата баш сама да расте дете. Интересна ситуација, валда ќе има некој апдејт во скоро време, да дознаеме за што точно се работи.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Абе и тие донатори, колку треба да си болен у паметот на слепо да го дркаш за негде, незнам дали се зема по некоја пачка за ова...ако е free онда немаат памет .
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Не знам дали и колку е богоугодно овој начин на концепција.
 
Член од
4 јануари 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Искрено мене не ми се јасни овие нови трендови. На 25 години и текнало дека сака да биде мајка па земала направила ин витро како самохрана мајка. Уште се млади не свакаат која е обврката на таткото а која на мајката во семејството. Семејството се гради на љубов доверва разбирање а децата се плод на серо тоа нетреба да се игра со нивните чувства а секако тоа детенце ке порасне со парченце кое секогаш ке му фали и секако ке има желба и потреба да дознае за татко му што ке му каже.... твојот татко се вика MBC441 WTF
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Еве пиша дека семејството се гради од љубов, а што ако некоја не ја најде таа љубов и не може да изради семејство? Ќе ја осудиш жената никогаш да нема деца?

Не ми е јасно мене зошто не сфаќате дека има такви кои не сакаат да бидат со било кого колку само да се каже дека имаат маж и татко на детето.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382

А ти ќе го осудиш детето да биде без еден родител?
Интересно е што да бараш да посвоиш нема никогаш да ти дадат, исто ко што не би дале на нефункционално семејство. Изглеа луѓето што ги донеле тие правила анализирале и испитувале каков ќе биде ефектот врз детето , а не само да се праат напредни. За жал за правење деца од секакви родители критериумите се многу полабави.
 
И пак ќе пишам дека најдобро е да расте со двајца родители, ама да има љубов, мир и двајцата се грижат за него, но секогаш не е така. Не знам што е тешко и да се сфати тоа дека не може секој да формира семејство, не сака со било кој и не може да остане сам цел живот, па мора на ваков начин.
Демек тие деца од непознат татко се нешто поразлично и нема да пораснат.

Таа жена што се одлучила на вакво нешто сигурно е спремна да му овозможи убав живот, да му пружи доволно љубов и да ја игра улогата и на мајка и на татко.
Еден куп примери каде дете кое живее само со мајка од самото раѓање има поубав живот од дете кое живее со двајца родители од кои едниот како да го нема.

Јас сум со еден родител од мала возраст, починат е татко ми и верувај дека ако покрај тебе имаш еден вистински родител сам може да те исправи на вистинскиот пат и ништо да не ти фали.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
415
Поени од реакции
908
Еве пиша дека семејството се гради од љубов, а што ако некоја не ја најде таа љубов и не може да изради семејство? Ќе ја осудиш жената никогаш да нема деца?

Не ми е јасно мене зошто не сфаќате дека има такви кои не сакаат да бидат со било кого колку само да се каже дека имаат маж и татко на детето.
\
Ова ми е толку глупав менталитет. (n) Дефинирај што значи кого било?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
\
Ова ми е толку глупав менталитет. (n) Дефинирај што значи кого било?
Да земат рандом маж или жена (партнер) само за да имаат дете.

Навистина е јако како во темава акцент се става само на жени кои го прават ова а има и куп мажи кои се решаваат на овој чекор. Нема да се потрошат жените, секој ќе си најде партнерка, без грижа ;)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Било кого ти е прифатиш да бидеш со некој кај кого не ти се допаѓаат многу работи и најмалку сакаш да направиш таков избор, а сакаш и имаш зацртано нешто друго.
А ако не нека најде некој нестабилен, коцкар, алкохоличар или некој 10 години постар. Двајцата различни сфаќања и размислувања, само за народот да не зборува.

А во тие години и изборот е се помал и се некои такви се останати сами. Затоа и овој избор да е сама, а не со било кого е најдобар.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom