Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Сите опозициони претенденти кои што атакуваат да дојдат на власт и на дневна основа плукаат по актуелните политички процеси кои што се во тек се апсолутни лицемери. Пред се ова го говорам за Вмро како најголема опозициона партија и политички фактор кој што треба да биде најголем гласноговорник против моменталната политика на Сдсм. Се што прават се килави пресови, незнам дали намерно или пак толку им е капацитетот, но, нормална опозиција вакви политички испади какви што прави сдс, еве веќе две години, секогаш ќе ги дочекуваше на волеј. Едноставно немаше да им дава мир. За мене барем, Вмро се соучесници на Заев и Сдсм во промената на името и сите гомнарии од нивното доаѓање на власт па до сега.

И никој нека не ме убедува дека Вмро биле реформирана партија ослободена од Груевистичкиот џган. Менталитетот кој што Грујо во всади внатре во партијата сеуште постои. Верувам дека сеуште се негува неговиот култ и филозофија на менаџирање. Тие не знаат поинаку ниту пак некогаш ќе знаат.

И она што сакав прво да го кажам, ама забегав во реферати како по обичај. Доаѓам со една мисла и на нејзе се надоврзуваат уште десет...
Зошто никој од опозицијата не зборува за реверзибилност на политиките на Сдсм, поништување на штетните одлуки овие две години?
Што ќе ми е на мене Вмро на власт ако продолжи онаму каде што овие (Сдсм) застанале?
До тогаш името ќе биде сменето, веројатно ќе се донесе и двојазичност. Длабоко ќе бидеме навлезени во практична реконструкција на државата согласно овие штетни договори и закони. Ќе се имлементираат на дело точките од договорите со Грција и Бугарија, во пракса ќе се спроведува двојазичноста...

Што ќе ни е на нас Вмро или било која партија тогаш? Ќе живееме во една нова редефинирана држава и секоја наредна власт ќе се однесува согласно воспоставената практика на оваа сегашната. Ќе остане уште федерализацијата некој да ја спроведе. Оти како што гледам се пуштаат и тест балони и за тоа. Еве ги Косово и Албанија ја укинаа граничната контрола и нема да ме чуди во очи новите избори за претседател Заев да им го исполни и овој каприц на албанците тука, па да ги отвори (не дека и сега се затворени) границите со Косово и Албанија.

За последново не сум сигурен, не ми се целата да ширам параноја ама пак човек кога ќе размисли подобро многумина се смееја на онаа "тиранска платформа" како непостоечка а сега не се баш толку гласни како што беа тогаш.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Е тоа ако некаква врска со реалност, абе овај скроз одлепен.

Растот на извозот, индустријата, платите и вработеноста, укажува дека се движиме напред, рече Тевдовски во интервјуто, сумирајќи ги резултатите од лани.

Според Тевдовски веќе е стабилизиран јавниот долг иако, како што рече, од минатата власт се оставени големи обврски за сервисирање.
[DOUBLEPOST=1546682526][/DOUBLEPOST]„Имаме сериозен проблем во Македонија, голем дел од буџетски средства одат за плата за државна администрација, каде постои превработеност во ниското ниво што прави притисок да не можете да дадете атрактивни плати на способни луѓе на повисоки места. Потребно е да се ослободи буџетот на град Скопје од превработување на ниско ниво за да се обезбедат способни луѓе кои ќе ги водат процесите“, изјави Шилегов.
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сите опозициони претенденти кои што атакуваат да дојдат на власт и на дневна основа плукаат по актуелните политички процеси кои што се во тек се апсолутни лицемери. Пред се ова го говорам за Вмро како најголема опозициона партија и политички фактор кој што треба да биде најголем гласноговорник против моменталната политика на Сдсм. Се што прават се килави пресови, незнам дали намерно или пак толку им е капацитетот, но, нормална опозиција вакви политички испади какви што прави сдс, еве веќе две години, секогаш ќе ги дочекуваше на волеј. Едноставно немаше да им дава мир. За мене барем, Вмро се соучесници на Заев и Сдсм во промената на името и сите гомнарии од нивното доаѓање на власт па до сега.
А шо треба да прави вмро освен пресови ?
Ај ја периодов послабо глеам телевизија и вести па може имам погрешна претстава, ама си видел некој медиум да известува за протестните маршови од вмро до влада ?
Имаат на место пресови, ама џабе, пресовите не добиваат публицитет. Да не се разбереме погрешно, не дека се што ќе кажат на прес е вистина, ама има многу работи што ги кажуваат за кои најмалце треба прашањето да се актуелизира.
Let's be real, во владава има Министер за комуникации, отчетност и транспарентност, поранешен новинар што очигледно супер си ја врши работата.
Пример скандалот со Фондот за иновации. Сеа ете Фондот се поправил и воопшто не објавил јавно кои 35 фирми добиле грантови, ама ја не глеам за тоа да се дига голема бука...

Башка сеа прочитав еден твит со една поента која ја одамна ја мислам:
„Не драга #шарена Фросина. Немој да лажеш.Немој да се правдаш.Бевте предупредени дека ќе бидете искористени од #сдс и фрлени.Но,#жмороњите ли ќе ви кажуваат вас?Небањатите ли?Испод части ви беше.“
Точно дека е лицемерно тоа сеа што го збори вмро, ама не значи дека ако е лицемерно треба да го игнорирам. Ако се согласиш со било каков став на вмро, макар и нешто банално, да речеме дека денот е убав, одма си жмровец, одма си ваков-таков, одма „поубаво ви беше со грујо“ дрн-дрн јариња...
Ја многу пати се имам карано со луѓе кои не можеле да сфатат како ја се согласувам со некој став на вмровец, па тој е вмровец, не смееш да се согласуваш со тоа...
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.388
Поени од реакции
3.204

Се слагам со тебе...Само пресови...
....Овие со пенкало турнаа режим..а дрпне со пресови ќе ги симне нив...така да - нема лабаво.

P.S. Ќе плачеме некогаш по овие 2 партии...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.368
Сите опозициони претенденти кои што атакуваат да дојдат на власт и на дневна основа плукаат по актуелните политички процеси кои што се во тек се апсолутни лицемери. Пред се ова го говорам за Вмро како најголема опозициона партија и политички фактор кој што треба да биде најголем гласноговорник против моменталната политика на Сдсм. Се што прават се килави пресови, незнам дали намерно или пак толку им е капацитетот, но, нормална опозиција вакви политички испади какви што прави сдс, еве веќе две години, секогаш ќе ги дочекуваше на волеј. Едноставно немаше да им дава мир. За мене барем, Вмро се соучесници на Заев и Сдсм во промената на името и сите гомнарии од нивното доаѓање на власт па до сега.

И никој нека не ме убедува дека Вмро биле реформирана партија ослободена од Груевистичкиот џган. Менталитетот кој што Грујо во всади внатре во партијата сеуште постои. Верувам дека сеуште се негува неговиот култ и филозофија на менаџирање. Тие не знаат поинаку ниту пак некогаш ќе знаат.

И она што сакав прво да го кажам, ама забегав во реферати како по обичај. Доаѓам со една мисла и на нејзе се надоврзуваат уште десет...
Зошто никој од опозицијата не зборува за реверзибилност на политиките на Сдсм, поништување на штетните одлуки овие две години?
Што ќе ми е на мене Вмро на власт ако продолжи онаму каде што овие (Сдсм) застанале?
До тогаш името ќе биде сменето, веројатно ќе се донесе и двојазичност. Длабоко ќе бидеме навлезени во практична реконструкција на државата согласно овие штетни договори и закони. Ќе се имлементираат на дело точките од договорите со Грција и Бугарија, во пракса ќе се спроведува двојазичноста...

Што ќе ни е на нас Вмро или било која партија тогаш? Ќе живееме во една нова редефинирана држава и секоја наредна власт ќе се однесува согласно воспоставената практика на оваа сегашната. Ќе остане уште федерализацијата некој да ја спроведе. Оти како што гледам се пуштаат и тест балони и за тоа. Еве ги Косово и Албанија ја укинаа граничната контрола и нема да ме чуди во очи новите избори за претседател Заев да им го исполни и овој каприц на албанците тука, па да ги отвори (не дека и сега се затворени) границите со Косово и Албанија.

За последново не сум сигурен, не ми се целата да ширам параноја ама пак човек кога ќе размисли подобро многумина се смееја на онаа "тиранска платформа" како непостоечка а сега не се баш толку гласни како што беа тогаш.
Не те чуди Заев да им го исполни овој каприц на Албанците? Како што пишав претходно :

http://balkans.aljazeera.net/vijesti/zaev-odmah-bih-otvorio-sve-granice
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се слагам со тебе...Само пресови...
....Овие со пенкало турнаа режим..а дрпне со пресови ќе ги симне нив...така да - нема лабаво.

P.S. Ќе плачеме некогаш по овие 2 партии...
Епа ако не сеа место у Собрание, нека влезат у Влада со по 5-6 шипки и нека маваат дур можат...
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.388
Поени од реакции
3.204
Епа ако не сеа место у Собрание, нека влезат у Влада со по 5-6 шипки и нека маваат дур можат...
хехехе....далеку од тоа.

Нека си купат по една шипка и нека играат на неа секој ден (не само пред избори)...ова важи и за 2- те партии...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
А шо треба да прави вмро освен пресови ?
Ај ја периодов послабо глеам телевизија и вести па може имам погрешна претстава, ама си видел некој медиум да известува за протестните маршови од вмро до влада ?
Имаат на место пресови, ама џабе, пресовите не добиваат публицитет. Да не се разбереме погрешно, не дека се што ќе кажат на прес е вистина, ама има многу работи што ги кажуваат за кои најмалце треба прашањето да се актуелизира.
Let's be real, во владава има Министер за комуникации, отчетност и транспарентност, поранешен новинар што очигледно супер си ја врши работата.
Пример скандалот со Фондот за иновации. Сеа ете Фондот се поправил и воопшто не објавил јавно кои 35 фирми добиле грантови, ама ја не глеам за тоа да се дига голема бука...

Башка сеа прочитав еден твит со една поента која ја одамна ја мислам:
„Не драга #шарена Фросина. Немој да лажеш.Немој да се правдаш.Бевте предупредени дека ќе бидете искористени од #сдс и фрлени.Но,#жмороњите ли ќе ви кажуваат вас?Небањатите ли?Испод части ви беше.“
Точно дека е лицемерно тоа сеа што го збори вмро, ама не значи дека ако е лицемерно треба да го игнорирам. Ако се согласиш со било каков став на вмро, макар и нешто банално, да речеме дека денот е убав, одма си жмровец, одма си ваков-таков, одма „поубаво ви беше со грујо“ дрн-дрн јариња...
Ја многу пати се имам карано со луѓе кои не можеле да сфатат како ја се согласувам со некој став на вмровец, па тој е вмровец, не смееш да се согласуваш со тоа...
Сите се информирани за протестните маршови на Вмро, барем оние малку од малку што се интересираат за политика. Мислам дека дури вмро има далеку подобра медиумска покриеност од тоа што имаше Сдсм во тие единаесет години вмровско владеење.
Што треба да прави Вмро? Па да ја каже вистината на тие протестни маршови и јавни медиумски испади. Да зборува содржински за Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, а не Мицко да клечи по колена и да изиграва мајмун од себе читајќи поезија, уште крокодилски солзи му фалат.

Имаат во ракав такви адути, овие од Сдсм не се ни кријат кога прават криминал. Промената на името од нивна страна е атмомска бомба во рацете на Вмро и овие или не сакаат или не знаат да ја искористат. Вмро верувам дека поседува свои правни експертски тимови кои што можат да го поучат Мицковски што да зборува и на прес и на протест, неговите говори да имаат барем содржина, да каже кои се последиците од владеењето на Сдсм, од нивните досегашни политики, од договорите со Бугарија и Грција и зошто се тие толку штетни и како ќе се одразат врз државата. Народот не е информиран за нивната содржина а задача на опозицијата е тоа да го направи.

Затоа Левица и Апасиев добија толку на внимание. Затоа што Апасиев во неговите јавни излагања од правен аспект и го разглоби на јавноста договорот со Грција, јасно и гласно, со правни аргументи образложи што е тоа што не чини, недостатоците и идните реперкусии врз државата од нивното потпишување.

Главнината гласачко тело на Вмро се состои од обични граѓани, постара генерација, закрепостени селани, националистички ориентирани пост комунистички стечајци огорчени од приватизацијата на сдсм...ретко кој од нив знае што е твитер или има пристап до него.
Вмро не се реформирана партија, не се ослободени од рецидивите на Груевизмот. Народот е свесен за тоа и затоа колку и да им се ставовите легитимни, луѓето сеуште гледаат со сомнеж и скепса кон нив. Зборам за гласачкото тело кое сеуште се декларира како неутрално. Има една поговорка: "На лажгото му гори куќата, никој не му верува" Епа тоа се сега Вмро.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Сите опозициони претенденти кои што атакуваат да дојдат на власт и на дневна основа плукаат по актуелните политички процеси кои што се во тек се апсолутни лицемери. Пред се ова го говорам за Вмро како најголема опозициона партија и политички фактор кој што треба да биде најголем гласноговорник против моменталната политика на Сдсм. Се што прават се килави пресови, незнам дали намерно или пак толку им е капацитетот, но, нормална опозиција вакви политички испади какви што прави сдс, еве веќе две години, секогаш ќе ги дочекуваше на волеј. Едноставно немаше да им дава мир. За мене барем, Вмро се соучесници на Заев и Сдсм во промената на името и сите гомнарии од нивното доаѓање на власт па до сега.
Единствено објаснување е дека е намерно, т.е. постои договор.
Прашањето е само кога тој договор падна?

Дали пред времето кога ВМРО се согласи да се формира СЈО (политичко самоубиство #1)

Или пред 27 април 2017? (Политичко самоубиство #2)

Или договорот постои отсекогаш-две клептократски групации (горниот слој на партиите)си играат пинг понг позиција и опозиција и некакви идеологии а всушност се работи исклучиво за комерцијални интереси и перење на пари?

Единствено ако има договор горе е јасно и успешното бекство на Грујо и амнестијата и анемична опозиција во услови на пенал ситуација.

Не знам само колку СДСМ се битни во таков договор, попрво станува збор за маниорети, чија непријатна улога ја осознаваат од една епизода во друга епизода .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Зар има уште будали што на следни избори ќе гласаат за сдсШ и дпШне?
Секоја ви чест!
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Зар има уште будали што на следни избори ќе гласаат за сдсШ и дпШне?
Секоја ви чест!
Има, знајш зошто? Пред избори све се заборава и локалните војници на луѓето све им ветуваат секакви вработувања и друго. Затоа и ќе се гласа. Па и вистина има доста такви вработувања. Тоа што се вработува некадарно и неквалификувано е друг проблем. А има и случаеви од долгогодишни партиски ботови и војници кои по победата на СДС дадоа одказ од приватниот сектор надеваќи се а експресно државно вработување. Знам најмалку две такви случаеви каде извисили па сега плукаат кон СДС. И пак ќе ги гласаат следниот пат. За жал такви имаш колку сакаш. Или ќе вложиш неколку илјади Евра ќе го поткупиш локалниот шериф па ќе те смести негде за 300 Евра месечно. Дур ги вратиш парите 2 години треба да работиш. Толку е кликерот.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве го пак...

ЛИДЕР: Сопругата на Макрадули доби тендер од 90.000 евра!

https://www.signal.mk/lider-soprugata-na-makraduli-dobi-tender-od-90-000-evra/?fbclid=IwAR3pcHzpEdqXBJar_RZrX6rUMV2SJKuaPTEMQtHztAEYpSrdP1EpiDkcBNs

А ти народе македонски мисли се како ќе преживееш, од ден за ден,месец за месец или зимава.[DOUBLEPOST=1546699908][/DOUBLEPOST]
Зар има уште будали што на следни избори ќе гласаат за сдсШ и дпШне?
Секоја ви чест!
Мислам дека ова ќе биди интересна Пролет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom