Најчесто не вреѓам никој, ама мислам дека врска немаш... Постојат специјални пумпи за PCP пушки од 200-300 бари, каква боца за нуркање какви боци за ПП апарати... Кај ќе ги полниш? И да, постои таква опција, ама со компресор и такви работи, ќе ти испадне како да купуваш тенк, ни 3000е. нема не те спасуваат. Јас како што сум мераклија за пукање, секоја недела траба да ги полнам, ако одам по твоја логика (што нема да ги полнам). Оди на YT следи го каналот PyramidAir, да видиш што се случува таму. Ако толку се запни некој за PCP, минимум 1200е. треба да има на лагер. Околу 1000е. е пушката, и колку што кажав пумпата. Ако не си ,,професионален'' ловџија (за глувци, гулаби и зајци), мислам дека е неисплатлива инвестиција, тие пушки сакаат и оддржување (температура, притисок, подмачкување) се треба да се следи, треба на секоја употреба да се испушта воздух, но не до крај, за да останат гумичките и механизмите под working order. Тие пушки не се за секој. На секој почетник му препорачувам Gamo со IGT систем, не се којзнае колку скапи, а подобри се од тие со федери.