Факултет на кој вреди да се дипломира

  • Креатор на темата Креатор на темата LustingVertigo
  • Време на започнување Време на започнување

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
924
Поени од реакции
1.439
Завршувам годинава четврта година и појма немам што да упишам факс макар мислам дека ќе завршам странство како и да е,сепак..
Кој факултет вреди да се изучи и што се поголеми шансите да имаш добра професија во иднина и да се зема така солидно пара ?
 
Ич не почни бегај од овде студирај надвор
 
Постави си три прашања на самиот себе си:
1. Дали имам финансиски можности во наредните 4 години?
2. Дали ме интересира и дали имам капацитет за да го учам тоа?
3. Дали ќе ми донесе леб утре?
Почни од таму, инаку според мене странство ти е исто така одлична одлука, пак и ако имаш европски пасош уште подобро. Само те молам, не се заглавувај овде со правен, економски или филолошки насоки, дури и да имаш адвокати, банкари и какви да се непотистичко поврзани работи. Пошто ќе ти биде гзот под кирија цел живот а шанса за напредок напред во тоа поле немаш речиси никаква. Можам да ти објаснам како стојат работите во Бугарија, а инаку и јас сум во иста дилема со тебе, ако те интересира нешто подетално пиши ми по ПП слободно.
 
Дизајн. На мебел и ентериер рецимо
Безбедносно инженерство
Информатика
Германска кнежевност (јазик)
 
Постави си три прашања на самиот себе си:
1. Дали имам финансиски можности во наредните 4 години?
2. Дали ме интересира и дали имам капацитет за да го учам тоа?
3. Дали ќе ми донесе леб утре?
Почни од таму, инаку според мене странство ти е исто така одлична одлука, пак и ако имаш европски пасош уште подобро. Само те молам, не се заглавувај овде со правен, економски или филолошки насоки, дури и да имаш адвокати, банкари и какви да се непотистичко поврзани работи. Пошто ќе ти биде гзот под кирија цел живот а шанса за напредок напред во тоа поле немаш речиси никаква. Можам да ти објаснам како стојат работите во Бугарија, а инаку и јас сум во иста дилема со тебе, ако те интересира нешто подетално пиши ми по ПП слободно.

Финансиски да.Иначе изучувам стручен смер Техничар за транспорт и шпедиции.Се мислев Безбедност да се запишам,или нешто за царина поврзано.Ама слушам мноту тешко се влегувало на работа со ова,па и опција ми е и да се пријавам на обукиве за војник што траат 3 месеци нешто така.Да можев да го вратам времето ќе се запишев Графички дизајнер ама јебига.
 
Завршувам годинава четврта година и појма немам што да упишам факс макар мислам дека ќе завршам странство како и да е,сепак..
Кој факултет вреди да се изучи и што се поголеми шансите да имаш добра професија во иднина и да се зема така солидно пара ?
Информатика ти е најдобар избор.
 
Џабе е што и да запишеш ако сам не работиш на себе. Немој факултетот да ти стои како обврска, како да си натеран таму.
 
Поточно од тоа што го напиша @Ilumious нема. Факс може да те научи само на самодисциплина, одговорност, односи со луѓе, се друго зависи исклучиво од тебе. И пак ќе кажам, не те плаќаат од тоа колку просек имаш, а од тоа колку тешко можат да те заменат.
 
а од тоа колку тешко можат да те заменат.
Браво (y) Баш вака е. Ништо не правиш ако се запишеш да речеме на информатика или па и било која област, нека е и општествена а испитите ги учиш сосила, не се интересираш во ниедна сфера од гранката итн. итн.
 
Ако имаш кинта и желба за учење, бегај подалеку од дупкава. Мој предлог ти е нешто на пример информатика или медицина.

На пример јас се заебав што воопшто се запишав на факс, џабе изгубив кеш и многу време. Да би го вратил времето никад не би стапнал на смрден факс, кој и да е во мкд. Иначе еве веќе 7 години сум во процес и дури сега би требало да дипломирам, кај и да е. Во последниве 5-6 месеци си фатив обуки, си учев сам дома и уствари сфатив дека никакво знаење немам од тој ебан факс. Значи за кој курац ќе ми е дипломата ама и јас не знам.

А то со односи со луѓе, не знам како сте го научиле во тек на факс, тоа се учи на улица, улична/животна школа ти е то уствари и нема врска со факултетиве. На улица, т.е надвор во реалниов свет ќе налеташ на секакви проблеми, контанкт со разни пациенти и бандити па од тоа учиш лекција, поука и така натаму цел живот, нема крај :)
 
Завршувам годинава четврта година и појма немам што да упишам факс макар мислам дека ќе завршам странство како и да е,сепак..
Кој факултет вреди да се изучи и што се поголеми шансите да имаш добра професија во иднина и да се зема така солидно пара ?
Некоја висока школа (чија диплома е призната во светот) или ФИНКИ, истовремено интензивно учи два, два јазици. Имај на ум дека четири пет часа да учиш секој ден за да успееш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom