Единствено ги разбирам тие што не ги вакцинираат децата заради неквалитетот на вакцините. Со години се увезува ѓубре - тоа е факт. За тоа сме како општество криви. Можеа да организираат организиран бојкот, протести...наспроти тоа, тие стихијно, самоиницијативно делуваа - кој има пари, со фрижидерчето у Солун или со детето у Ниш, Врање...а луди нино, ни мање ни више увезуеше вакцини од Индија....производство - Индија еееј. Државата у која сите знаеме дека на пар родители, ако 10 од 15 деца им преживеат дека се благодарни и за кои планирање семејство е божја работа. Огромна количина фалсификувани лекови потекнуваат баш од таа Индија. ХРТ многу скоро прикажуваше документарец на темава. Не е фората што ќе ти предизвика нешто лекот или вакцината, туку нема да си ја заврши работата за која и била намената.
Ова не е нова работа. Ова го имаше претходните години во Романија, Србија, Босна...тие шо се фаќаат на една недокажана студија наспроти безбројни статистики кои укажуваат на тотална контрола врз некои зарази, тие се тешко ретардирани и опасни по општествово.
Министерството мора да воведе ригорозни стандарди на увоз од високо-квалитетни производители на лекови воопшто, во кои ги вклучувам и вакцините и да биде вакцинирањето задолжително и за образование и за вработување, па дури и за вадење лични документи.