Мијалков на слобода, Грујо во Будимпешта... народот се забавува на панаџурот во Скопје на Шилегов од 100к еура, испод мади*ата на Букефал. Стандардна репортажа од зелен пазар на телевизија, со краен заклучок дека оваа година сме поблиску до дното од предходната, а ние одамна веќе дупка сме направиле. После следи анкета и статистики каде граѓаните на идниот Северџан ќе ја слават новата година: во кафани, на Копаоник, во Софија...на Бали. Па колкав буџет ќе се троши, кој што купил...
Па иди Нова Година, па каде се родило првото бебе и во колку саат, па дали било женско или машко, па според тоа дали годината ќе биде бериќетна или не...па статистика колку луѓе се начукле во текот на ноќта па завршиле во болница, колку години имал најмладиот пијандура, колку сообраќајки се десиле, колкумина останале без прсти од петарди, колку се степале...
Па Коледе, кој ќе биде иден кум, па оти оган се палело, било загадено па уште тоа требало. Па требало дрвата да се донираат, па збори некој поп таму оти тоа било пагански обичај...кај паднало парето, кај Заев или кај Зорица и.т.н.
Брзо напред...глеаш поминал уште еден месец, па се мењава Уставот, па јадење гомна и за тоа уште месец два, дур се заборави. Па после избори за претседател, па уште еден месец кампањи, па уште месец дена паламудење дека биле наместени. Па после не сме почнале преговори најверојатно, па оти не сме почнале, па ако сме почнале оти сме почнале...
И глеаш лето дошло, сите на одмор.
Негде Септември период на кенкање, стандард, ништо битно сем уште некој закон по кратка постапка во собрание за зголемени даноци, така нешто. Не е ни битно, народот и онака не се буни.
Па фаќа студ. Па пак оти било загадено. Економијата капут. Смена на проекции за раст на БДП, ако биле предвидени 3% се корегираат на 1,5% а во реалност е или 1% или нула.
И дур сме се свестиле поминала уште една година. Па пак одново, желби за следната, пари, среќа, здравје Госпо да давал...