Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова со "ќе си лежите" и "ќе одговарате" стана безвезно клише.

Ниту лежеле ниту ќе лежат. Ниту одговарале ниту ќе одговараат.

Ова е корумпирано општество од 1992. Корени имаат пуштено до јадрото на планетата. Кој ќе ги осуди да лежат или одговараат?

Немојте само со "народот ќе им суди". И тоа е ептен безвезно клише.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
А што ми е гајле мене за Иванчето? Памти што сакаш, и јас памтам како Стоилов газеше судии, плукаше по навивачи, тие што го критикуваа не ги почитуваше, се тепаше по улици со другарчето негово. Мислам ок е, сум се вртел во круг, па еве кажи дека не е така, кажи дека може да му кажам во лице дека е лош играч без да почне да навредува. Тој да бил спортист немаше да му смета ни албански, ни турски ни грчки, или можеби му смета што не е одбран тој туку има некој подобар од него, некој со медали за разлика од медалите на Стоилов.
Ај кажи нешто за ликот и делото на Фрчко,шо си се запнал за Стоилов!
 
Ај кажи нешто за ликот и делото на Фрчко,шо си се запнал за Стоилов!
Што да кажам за него, се е кажано. Него никој не го оправдува за разлика од иконата.
 
Што да кажам за него, се е кажано. Него никој не го оправдува за разлика од иконата.
Ne e taka....ušte Kiro bese ziv i napisa eden kup prljavštini za nego pa povtorno 400 k lugje go glasaa na preCedatelskite izbori
 
Ова со "ќе си лежите" и "ќе одговарате" стана безвезно клише.

Ова е корумпирано општество од 1992. Корени имаат пуштено до јадрото на планетата. Кој ќе ги осуди да лежат или одговараат?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Често се спомнува како корупцијата е од 1992. Тогаш секако дојде до нагло раслојување на оптеството, но корупцијата беше и те како присутно многу пред 1992. Се што ни се случува произвлегува од вредносниот систем во која одраснуваме. Со Словенија бевме заедно 70 години во иста држава, со слична големина на земјата, но нивната културна матрица создава сосема други вредности.
 
Јасно дека корупцијата е од пред 1992, туку чисто како почетна точка ја земам демек од кога имаме држава де.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
После амнестијата и измените на КЗ, натамошното постоење на СЈО и правењето било какви реформи во судството немаат никаква смисла. Вакво мочање врз правото и правниот поредок го прави бесмислено и влегувањето во НАТО и ЕУ. Заев, со СЈО како институција и целата меѓународна подршка, ја имаше историската шанса да направи нешто за оваа земја, да ја подигне од калта, и во еден момент тоа изгледаше дека ке се случи... Заев, со амнестирањето на целиот криминал, ја прокоцка таа шанса на најмизерен начин. Покажа невидена неспособост да се справи со криминалот, не успеа да затвори криминалци кои му беа подврзани во вреќа. После ова мочање врз правото, гонењето и затворањето на било кој криминалец во рм ќе се смета како неправда, никогаш власта ке нема морално право да гони било кого. Заев со ова ширум си ја отвори портата за заминување.
После ослободителната пресуда на Црпко за случајот евро мене евро на Вицто, стана јасно за иднината на правосудниот систем во Македонија, впрочем и пред тоа беше јасно.
 
Ова со "ќе си лежите" и "ќе одговарате" стана безвезно клише.

Ниту лежеле ниту ќе лежат. Ниту одговарале ниту ќе одговараат.

Ова е корумпирано општество од 1992. Корени имаат пуштено до јадрото на планетата. Кој ќе ги осуди да лежат или одговараат?

Немојте само со "народот ќе им суди". И тоа е ептен безвезно клише.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Не знам ни дали да ти одговорам.

Види, овие предходните крадеа? Што ги судат за безвезе дела? Што ги пуштаат. Членовите овде знаат дека остро ги напаѓав вемеро, иако не сум член на сдс. Ај ги смена народ, (дискутабилно), ама со ова последните постапки навистина ја забегаа... Рената ја мислев посериозна, паметна жена, сега и таа се изрезили. И хорхе пуздер ги направи. Ми е страв дека за година дена ќе палам свеќа за квакачот да се врати.
Мислам, глупо е за две години, опозицијата составена од криминалци, да си игра мајтап со тебе.
 
После ослободителната пресуда на Црпко за случајот евро мене евро на Вицто, стана јасно за иднината на правосудниот систем во Македонија, впрочем и пред тоа беше јасно.
Само на црпко?
 
Не знам ни дали да ти одговорам.

Види, овие предходните крадеа? Што ги судат за безвезе дела? Што ги пуштаат. Членовите овде знаат дека остро ги напаѓав вемеро, иако не сум член на сдс. Ај ги смена народ, (дискутабилно), ама со ова последните постапки навистина ја забегаа... Рената ја мислев посериозна, паметна жена, сега и таа се изрезили. И хорхе пуздер ги направи. Ми е страв дека за година дена ќе палам свеќа за квакачот да се врати.
Мислам, глупо е за две години, опозицијата составена од криминалци, да си игра мајтап со тебе.
Не застанувам зад ниту една партија. Сите се подеднакво одвратни. Зборот ми е никогаш нема да се лежи за нивните дела. Закони гласаат за 3 дена, по брзи постапки, без дискусии, за амнестии, за избегнување судење и сл. по нивно пазарење.

Не очекувам никогаш некој од "големите риби" да лежи. Без разлика од која партија, каков криминал и кое време.

Ќе лежи некој што продава на пазар без лиценца.

И не ги смени народ претходните, ги смени "виша" сила.

Секој ден жалам што тука ми била среќата да живеам.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ова со амнестијава е поголемо зло од сите срања на Груевски за 11 години, заедно. Пред две години пишав, се понадевав дека ова ни е последна шанса за да воспоставиме конечно правна држава, ете сум бил многу наивен во надежта. Очигледно е дека ова е фараонски робовладетелски систем, политичарите, олигарсите наспроти обичниот човек. Секој идеја да се остане тука да се живее е глупава во најмала рака.
 
Тоа е, демократија на дело. Само за потсетување истиве овие што не дозволуваат протести, забрануваат пријавени блокади, казнуваат, растураат шатори. До пред две години, го демолираа Скопје, урла, исто поставуваа шатори и тогаш сето тоа беше демократија или борба за неа, за ветувањата да не пишувам, правда за сите, ќе си лежите, независно судство...... Е сега откако се сместија во фотељите го забрануваат она што тие го правеа, ветувањата ги погазија, единствено што одржаа збор е да исполнуваат задачи на менторите што ги посадија и се разбира џебовите да ги полнат, со шушки се разбира. Ако во овој период на мочање, силување на разумот не падне крв од овие што погоре ги опишав, и ја остварат задачат по обезличување тогаш јас лично ќе навивам да се фрли атомска бомба на таа севердонија.[DOUBLEPOST=1546101239][/DOUBLEPOST]
Ова со амнестијава е поголемо зло од сите срања на Груевски за 11 години, заедно. Пред две години пишав, се понадевав дека ова ни е последна шанса за да воспоставиме конечно правна држава, ете сум бил многу наивен во надежта. Очигледно е дека ова е фараонски робовладетелски систем, политичарите, олигарсите наспроти обичниот човек. Секој идеја да се остане тука да се живее е глупава во најмала рака.
Да не бидам досаден, секој што имал надеж дека оваа посадена клика ќе донесе било што добро на Македонија не само што бил наивен, туку и прилично ретардиран(не го сметај за навреда, немам таква намера). Да се појаснам со погоре пишаново за д
а не се мачат со пишување штабските стаорци,
не импутирам дека тие претходно биле супер.
 
Последно уредено:
Како да помине нешто кога ВМРО на толку криминал зеде 500к гласови, уште кога најавија бојкот се знаеше дека одат на преговарачка маса.

Ако тие се толкави патриоти и душегрижници зошто бе прифаќаат амнестија, зошто бараат измени на закони према кои ќе спазат газ ?

Зошто не се мажи и прифатат казна па била и неправедна ?

Што само глумат лудило како до пред две години да не беа на власт и притоа извршија толкав лоповлук што 10 години не не оправаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom