MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Видов дека го дадоа гратис. Сам да го активираш и да се јавиш после да го деактивираш.

Ако пропуштиш да го деактивираш отиде во сметката за јануари?

Зашто не како порано, го пуштаат кај сите активен и после истекот на рокот сами го деактивираат кај сите?
Намерно е така маркетинг трик, кога ќе ти текне да деактивираш можеби ќе се предомислиш и да го оставиш пакетот активиран или пак да заборавиш и да платиш мора да земат од гледачите некој денар плус.

Има решение и за ова ќе ставиш потсетник аларм на мобилен да ти ѕвони тој ден и нема да заборавиш да исклучиш. Но да најдобро е од Телеком да ти уклучат и исклучат.

Тие што активираат прв пат HBO пакет на Телеком им е 1 месец бесплатен.
 
Последно уредено:
Колку предвреме,може да се раскине договорот со Телеком?
Vidi si u dogovorot, imas klauzuli tamu za predvremeno raskinuvanje[emoji848]

Sent from my Huawei P20 using Tapatalk
 
Частат гледање на 1 епизода од серија или во превод не частат ништо.

Обид да натераат некој да плати за останатите епизоди.

Ова е како вицот за власите-,,му рекол таткото на синот-сине...ако поминиш одличен ќе те носам пред слаткарница да гледаш како другите јадат слатки,,:pos:
 
дали некој од тие кои имаат 5.1 и се претплатени на ХБО добиваат сараунд звук?
 
дали некој од тие кои имаат 5.1 и се претплатени на ХБО добиваат сараунд звук?
Моментално не сум во можност, но еве утре ќе прикачам слики како ги емитуваат каналите. Само HBO 2 HD има. Незнам зошто но Телеком има многу чудна политика со ре-емитувањето на каналите. Мислам само HBO 2 HD го земаат оригиналниот, каде што можеш да избереш дали сакаш превод вклучен или не, и да избереш аудио јазик (има избор Dolby Digital и обичен MPEG2).

Другиве HBO HD и HBO 3 HD за жал немаат Dolby аудио јазик а зошто немаат обрати се во Телеком. Кај овие 2 канали (а и кај многу други) од централа го лепат преводот а и аудио јазик еден пуштаат само (MPEG2). До пред 6 месеци бев на Вип, ама не правеа вакви дубари они, си избираш дали сакаш превод или не кок аудио јазик итн итн.
 
Сега видов стварно само на HBO 2 HD има избор за аудио Dolby Digital и обичен MPEG2, и избор дали да нема или да има превод. На HBO 3 HD кога одиш да бираш аудио еден е и тоа пишува Хрватски кој е избран

Глупости.
 
Тотално не им ја разбирам политиката. Истото е со многу канали како Нат Гео, ФОКС итн итн. Исто сум приметил со СК каналите дека во чуден формат ги даваат сите 3, дали од различни извори ги земаат или ХД сигналот го компресираат па им се јавува проблем господ знае особено на СК 1 сликата им е вовлечена во лево (се приметува по иконата горе лево).

Како скорешен корисник на Вип слободно можам да кажам дека Вип па и Телекабел имаат нијанса подобар квалитет на ХД каналите во однос на Телеком (сите ХД им се со битрејт 10-13 Mbps барем кај Вип). За овие пари што ги земаат, Телеком мора да поработи на ова поле.
 
Моментално не сум во можност, но еве утре ќе прикачам слики како ги емитуваат каналите. Само HBO 2 HD има. Незнам зошто но Телеком има многу чудна политика со ре-емитувањето на каналите. Мислам само HBO 2 HD го земаат оригиналниот, каде што можеш да избереш дали сакаш превод вклучен или не, и да избереш аудио јазик (има избор Dolby Digital и обичен MPEG2).

Другиве HBO HD и HBO 3 HD за жал немаат Dolby аудио јазик а зошто немаат обрати се во Телеком. Кај овие 2 канали (а и кај многу други) од централа го лепат преводот а и аудио јазик еден пуштаат само (MPEG2). До пред 6 месеци бев на Вип, ама не правеа вакви дубари они, си избираш дали сакаш превод или не кок аудио јазик итн итн.

Цитат од https://www.hbo.mk/faq

"Дали HBO каналите се достапни со Dolby Digital 5.1 звук?

Да, Dolby Digital 5.1 звукот е достапен како опција кај повеќето наслови кои ги прикажуваме."

"Што е HBO HD?

HBO HD е тв канал од семејството на HBO канали кој прикажува идентична програма како и HBO, но во висока резолуција (HD) и со Dolby Digital 5.1 квалитет на звук. И HBO HD е во целост локализиран на македонски јазик."

Испаѓа дека Телеком не го пренесуваат корисничкото искуство кое е предвидено од HBO.

Целта ми е дали воопшто да размислувам за soundbar со 5.1.

На Netflix има неколку наслови кои поддржуваат и Atmos.

HBO изгледа спијат.
 
Јас им пишав на Телеком на порака Facebook за ова. Да видам што ќе одговорат.
 
Видов дека го дадоа гратис. Сам да го активираш и да се јавиш после да го деактивираш.

Ако пропуштиш да го деактивираш отиде во сметката за јануари?

Зашто не како порано, го пуштаат кај сите активен и после истекот на рокот сами го деактивираат кај сите?
Според Закон - ако ти го активираш, тогаш ќе си го плаќаш ако заборавиш. Ако они го сами ти го активираат - не им дужиш пари ако заборават да го деактивираат. Просто е :)
 
И јас ги свртив каналите, само на HBO 2 HD има Dolby Digital како опција.
Како што пишав неколку часа тука ги прашав на Facebook па пишаа ќе видиме што е работата.

Ако некој има од старите ресивери оној црниот уште од нивниот почеток што ги даваа ќе приметите дека на самиот ресивер има ознака/ лого за Dolby Digital што значи тие ресивери си имаат можност за таков звук сепак тоа зависи и од кај ги земаат каналите и дали воопшто некој од каналите има овозможено таков звук.
 
Последно уредено:
"Почитувани,

Благориме за вашиот интерес.

Teлеком ги превземаат содржините од нашиот сервер и ги дистрибуираат.

Официјално немаме поддршка за 5.1 Dolby Digital на ниту еден канал. Сепак испративме барање до централното седиште за да добиеме повеќе информации околу HBO 2.

HD e само возможно на HBO GO, поради тоа што е базирано на интернет стриминг.

Се надеваме дека успеваме да ви ги разјасниме нејаснотиите.
Во случај на понатамошни прашање слобдно не контактирајте. "

Ако добијам дополнителна информација ќе пишам тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom