Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
А што ако ти кажам дека во тие западни општества можеш да имаш и МБА во финансии/сметководство па ако не си го завршил во топ 10 факултети џабе ти е се, кај што година ти е околу 100000 евра/долари и скор на gmat треба да ти биде над 700 поена за да воопшто влезеш во квота за да ги платиш тие 100000. Во западните општества се цени искуството и резултатите од твојата работа, што порано почнеш да работиш и да печеш занает толку и повреднуван ќе бидеш, сулуди се вакви податоци од над 90% запишани средношколци на факултет. Веруј ми јас бев во тој процент и ептен се кајам за тоа, најлоша одлука у живот. Ако врв на твоите амбиции е административна работа и некакво службениче по министерства/институции во државава тогаш не знам што да ти кажам.
Не ми е мене никаков приоритет таквата работа, ниту имам такви амбиции, туку само ја отсликувам ситуацијата на терен, таква каква што е, т.е. платите во државно отскокнуваат пред тие во приватен сектор, па нормално е кај луѓето да се ствараат фрустрации и револт. Јас сум имал поддшка од најблиските во критичните моменти како прво вработување и печење занает, но мнозинството од луѓето што ги познавам се во незавидна ситуација, токму поради тоа што системот е крајно корумпиран и неефикасен. Тие луѓе, кои се милион пати поспособни и пообразовани ги губиме постојано, а тоа се осетува во назадувањето на цела држава.
Ајт доста е, ти продолжи да сонуваш и да траскаш глупости кои немаат никаква врска со моите постови. Ако живееш тука кога тогаш ќе се соочиш со некој неписмен во администрација, кој ќе треба да ти решава битен проблем, па можда и ќе се освестиш дека цело време всушност си халуцинирал.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Така беше во здравството.
Дедото бил доктор, па потоа синот, па внукот... другите кој ги ебе, ама ете му се еба мајката на тој сектор.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тоа кажи му го на Црпко кој ни попува дека ЕУ ни мисли само добри намери, и доколку ги спуштиме гаќите уште повеќе, дека ,,благосостојба ,, не чека.

Ова му е шамар како западните бироктрати на крај ги исплаќаат курв.те-фрлајќи ги на првиот тротоар
Ќе се јави Коле Гачо (Николче Петрески браварот) на ТВ да каже како е право.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.476
Поени од реакции
18.494
Една повозрасна госпоѓа коментира: Исто како во деведесеттите, време ни е да се подсетиме а и младите да научат како било :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1545657786][/DOUBLEPOST]

Затоа што системов е лага и илузија, ама и на лагата некогаш и доаѓа крајот.
Ах бе буци бе, не научи сеуште дека сета економија е религија, а економистите нејзини свештеници.
Кај луѓето се е во вербата ...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не ми е мене никаков приоритет таквата работа, ниту имам такви амбиции, туку само ја отсликувам ситуацијата на терен, таква каква што е, т.е. платите во државно отскокнуваат пред тие во приватен сектор, па нормално е кај луѓето да се ствараат фрустрации и револт. Јас сум имал поддшка од најблиските во критичните моменти како прво вработување и печење занает, но мнозинството од луѓето што ги познавам се во незавидна ситуација, токму поради тоа што системот е крајно корумпиран и неефикасен. Тие луѓе, кои се милион пати поспособни и пообразовани ги губиме постојано, а тоа се осетува во назадувањето на цела држава.
Ајт доста е, ти продолжи да сонуваш и да траскаш глупости кои немаат никаква врска со моите постови. Ако живееш тука кога тогаш ќе се соочиш со некој неписмен во администрација, кој ќе треба да ти решава битен проблем, па можда и ќе се освестиш дека цело време всушност си халуцинирал.
Дефинирај способни и образовани. За мене десет пати поспособен и пообразован е некој кој уште за време на средно почнал да учи за мајстор и сега за пола саат до саат може да ти смени и пумпа за гориво и расплињача и да ти земе 10 иљадарки ко од шала.

И во твоиве постови уште не успеав да дешифрирам, се фрустрираш што тие со 10 ки од факс не им го земале местово на паразитиве за да имаме паразити со 10 ки или тоа што 10 ките не им вредат за нешто повеќе од Мекдоналдс? Фала за увредата, се надевам ти ќе имаш шанса да решаваш важни проблеми во администрација па ваљда ќе ги решиш. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.477
Ќе се јави Коле Гачо (Николче Петрески браварот) на ТВ да каже како е право.
Николче Петрески си ги вработи двата синови, и плус си ,,купи,, стан со помош на бормашина:tapp:

Ние си кажуваме, а тој (не е ни бравар.....пониско од тоа е) се прави будала и си го товара магарето.

Што ќе кажиме пак за оние погоре, ако тој е на најниското скалило и во РЕКЛ Осломеј и во партијата
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.383
Поени од реакции
18.527
Дефинирај способни и образовани. За мене десет пати поспособен и пообразован е некој кој уште за време на средно почнал да учи за мајстор и сега за пола саат до саат може да ти смени и пумпа за гориво и расплињача и да ти земе 10 иљадарки ко од шала.

И во твоиве постови уште не успеав да дешифрирам, се фрустрираш што тие со 10 ки од факс не им го земале местово на паразитиве за да имаме паразити со 10 ки или тоа што 10 ките не им вредат за нешто повеќе од Мекдоналдс? Фала за увредата, се надевам ти ќе имаш шанса да решаваш важни проблеми во администрација па ваљда ќе ги решиш. :)
Многу едноставно глеаш на работите. Има професии кај што ефектите од лош вработен ќе се осетат многу покасно од тие во механичарската струка. Ако не ти чини мајсторот ќе идеш кај друг и ќе дадеш плус некој денар, ама ако вработиле неписмен лекар во државно од кај да најдам пари за во Систина да се лечам?
Или уште подобро, чива лоша работа ќе има поголеми последици, тој на лекарот или тој на мајсторот?
 
Ја ко што гледам ние извезуваме лекари и имаме недостиг
https://alfa.mk/лекарите-заминуваат-филипче-ги-крити/

ко и во целиот регион, ако знаеш како да им понудиш подобри услови од тие земји чија крајна дестинација им се, така што би останале тука, слободно пиши на темава.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ах бе буци бе, не научи сеуште дека сета економија е религија, а економистите нејзини свештеници.
Кај луѓето се е во вербата ...
Нема религија проста математика е, кензијанец на стероиди. Ги следам ова берзиве американски од хоби така, цела недела се во слободен пад, денеска Божиќ им е пауза. Ама од утре па катасрофа. Кога ќе се префрли таа паника и во други нивни економски области, па кога ќе не зафати нас, е тогаш има да има рокенрол тука.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.477
Нема религија проста математика е, кензијанец на стероиди. Ги следам ова берзиве американски од хоби така, цела недела се во слободен пад, денеска Божиќ им е пауза. Ама од утре па катасрофа. Кога ќе се префрли таа паника и во други нивни економски области, па кога ќе не зафати нас, е тогаш има да има рокенрол тука.
Kako reper neka posluži naftata....od 82 dolari padna na 50.4

Možno e svetot da vleguva vo nova finansiska kriza
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.476
Поени од реакции
18.494
Нема религија проста математика е, кензијанец на стероиди. Ги следам ова берзиве американски од хоби така, цела недела се во слободен пад, денеска Божиќ им е пауза. Ама од утре па катасрофа. Кога ќе се префрли таа паника и во други нивни економски области, па кога ќе не зафати нас, е тогаш има да има рокенрол тука.
Нема математика на берзите, се е верба.

Инаку рецесијава требаше лани да се случи, само Трамп впумпа билјарди долари (или трилјони по американски) со даночното ослободување.

Сите ги чекаа изборите во ноември, да победеа републиканците Трамп се надеваше дека повторно ќе вмпумпа некој билјарда, ама сега инвеститориве изгубија верба и то е то.

Инаку многу беше јако, до пред неколку месеци како се фалеше Трамп дека економијата добро оди оти берзите растата, сега криви му се од централната банка оти пропаѓа :pos:

Со оглед буци дека се е верба, рецесијава ќе се случи оти инвеститориве не му веруваат на Трамп, иако американскава економија е во топ форма во моментов.

Самиот Трамп, но и луѓето со кои се опкружи се тотално неспособни, од друга страна ја имаш финансискава олигархија т.е. банкарите и сега е моментот да му се одмаздат, за се што се глупираше и не ги слушаше.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кочо смирува требало психолог да биди :icon_lol:.

Челичарниците во грч, власта смирува за квотите од ЕУ

Објавено во: Економија 25 Декември, 2018

inShare

Бизнисмените стравуваат, а вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека квотите за извоз нема да предизвикаат пад на македонската економија. Македонските челичарници сметаат дека поради ограничувањата дури можат да стават и клуч на врата. Сепак Анѓушев тврди дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува на просекот од последните три години да се додадат дополнително пет отсто.

„Не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти. Може нема да има спектакуларен раст, но нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години, рече Анѓушев во гостувањето во емисијата Топ Тема.

Најпогодена компанија ќе биде Макстил. Од таму тврдат дека нема д аимаат каде да ги продаваат произведените количини.

Vицепремиерот Бујар Османи завчера рече дека од Брисел стасала формална нота според која од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ. Тоа, според сегашните проценки ќе не чини 100 милиони евра годишно.

https://www.faktor.mk/chelicharnicite-vo-grch-vlasta-smiruva-za-kvotite-od-eu
 
Ќе стават клуч на врата оти ќе можат да продаваат колку што продавале лани плус зголемено за 5% :pos:

А овие шо убо си се спремаа да си препакуваат кинески челик во ЕУ и да 'зголемат' производство за 1000%
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе стават клуч на врата оти ќе можат да продаваат колку што продавале лани плус зголемено за 5% :pos:

А овие шо убо си се спремаа да си препакуваат кинески челик во ЕУ и да 'зголемат' производство за 1000%
Овде или Кочо или Бујар лажи едниот вика квоти царини, другиот вика задржување на исто ниво на извоз. Ја мислам чим има документ од ЕУ пратен тука Кочо лажи или не?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.476
Поени од реакции
18.494
Овде или Кочо или Бујар лажи едниот вика квоти царини, другиот вика задржување на исто ниво на извоз. Ја мислам чим има документ од ЕУ пратен тука Кочо лажи или не?
Не е многу јасно, но изгледа и двајцата се во право.

Мислам дека ќе воведат квоти и се над тие квоти ќе биде царинето. А квотите ќе бидат просек од извозот од претходните 3 години зголемено за 5%, како некој предвиден раст.

Инаку ова е јасна порака од ЕУ, заедно сме силни и можеме да диктираме правила, кој не е со нас нека пати.

Претпоставувам и ова индијскиве и рускиве челични и алуминиумски магнати кои имаат фирми во Британија силно ќе бидат погодени.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom