- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Не ми е мене никаков приоритет таквата работа, ниту имам такви амбиции, туку само ја отсликувам ситуацијата на терен, таква каква што е, т.е. платите во државно отскокнуваат пред тие во приватен сектор, па нормално е кај луѓето да се ствараат фрустрации и револт. Јас сум имал поддшка од најблиските во критичните моменти како прво вработување и печење занает, но мнозинството од луѓето што ги познавам се во незавидна ситуација, токму поради тоа што системот е крајно корумпиран и неефикасен. Тие луѓе, кои се милион пати поспособни и пообразовани ги губиме постојано, а тоа се осетува во назадувањето на цела држава.А што ако ти кажам дека во тие западни општества можеш да имаш и МБА во финансии/сметководство па ако не си го завршил во топ 10 факултети џабе ти е се, кај што година ти е околу 100000 евра/долари и скор на gmat треба да ти биде над 700 поена за да воопшто влезеш во квота за да ги платиш тие 100000. Во западните општества се цени искуството и резултатите од твојата работа, што порано почнеш да работиш и да печеш занает толку и повреднуван ќе бидеш, сулуди се вакви податоци од над 90% запишани средношколци на факултет. Веруј ми јас бев во тој процент и ептен се кајам за тоа, најлоша одлука у живот. Ако врв на твоите амбиции е административна работа и некакво службениче по министерства/институции во државава тогаш не знам што да ти кажам.
Ајт доста е, ти продолжи да сонуваш и да траскаш глупости кои немаат никаква врска со моите постови. Ако живееш тука кога тогаш ќе се соочиш со некој неписмен во администрација, кој ќе треба да ти решава битен проблем, па можда и ќе се освестиш дека цело време всушност си халуцинирал.