PIRATIC
diplomiran klozetar
Иначе кооперативноста дури мислам и дека ја утнаа малце, сигурно и тој што им ја дал инструкцијата не се надевал дека до толку озбилно ќе ја сфатат. Од протестите еднаш неделно, преку маршови по мишките на државава каде што се напаѓа власта за цената на овошјето, завршувајки со тоа упорно барање на тв дуел од не знам која причина.
Ок, јасно е дека е изгубена работава, ама овие ни основната функција на опозиција не си ја вршат.
Договорот од Преспа е веќе завршена работа односно од Македонска страна веќе може да се смета за целосно имплементиран договор, со самото тоа што при кај се со тие уставните амандмани во собранието што веќе ги гласаат 2-3 месеци и треба да завршат некаде во јануари месец ... ДПМНЕ и Мицко секако дека се дел од куклениот театар, они само глумат дека се против овој договор онака декларативно но всушност на нивните протестни маршови воопшто не се ни спомнува за договорот од Преспа туку овие маршови имаат социјален карактер т.е. се говори за економските проблеми на граѓаните, за политичкиот прогон врз неистомислениците на сегашната власт и сл. така да јасно е дека ДПМНЕ како партија си имаат целосно легнато на брашното по однос на промената на името и уставот, едино оние последните Мохиканци Бачев и Филип Петровски дремат пред собранието и блокираат раскрсници сами со уште некои петнаесетина дедиња и бабички кои најверојатно се платени со по некој ситен денар дневница што излегле надвор на улица на овие зимски температури да протестираат и блокираат !