како ќе избереш домашни производи? На еднолична исхрана со домати? Делумно или целосно македонски производ? Смоки Витаминка или Штарк? Третина од житото ние го увезуваме, шеќер увезуваме, грав увезуваме, месната индустрија падна на теме од среќа што го олабавија увозот на смрзнато месо затоа што неаме за месни преработки, градежни материјали, ќуспе и сурово масло за јадење, горива, машини и апарати... македонски лекови скоро и да нема. Како ти ќе преживееш со десетина асли македонски производи? Притоа некои по прилично повисоки цени (затоа се прави нели интервентен увоз, недостаток или регулација), за други не ни знаеш кј све учествува во нивно производство и продажба? Да не се разбереме погрешно дека сум против, не сум. Од кога се отвори тема за купување наши производи таму сум постирал. Само што ние немаме индустрија ни за основни потреби.
Бојкотот пак на бизнисот на некои националности е уште понереален муабет. Нема у Кипер да влезеш, ќе влезеш у Рамстор? Или Кам, каде не ни знаеш кој е добавувач, кој е импортер, кој е пакувач или сопроизводител?
Вакви "иницијативи" имало уште одамна, не се сега измислени, али само како детски муабет.