Не сме во таков период за да бидеме пасивни, не е добро глумењето на Понтиј Пилат во случајов па раце да замиваме со вода и да се тргаме од проблематиката. Треба да се бара механизам за акција, и тој единствен механизам е доаѓање на ВМРО на власт.......можно е да е така како што викаш(дека се исти qr), ама зошто да не пробаме кога уште тоа ни останало?
Близок сум со некои структури од опозиција и ете да пренесам дека имаат некои луѓе визија и воља за да се направи нешто. А имам другарчиња еден тон луѓе од СДСМ, можам приказни еден ден да ти кажувам....не ги бива јбг.
Од друга страна се немам едно кафе напиено на сметка на ВМРО и државата и толку за таа работа.
А околу тоа дека си сдс-овец....не викам дека нешто свесно ти си пропагирал дека си за политиките нивни арно ама си подржал доѓање(индиректно) на власт и со пасивноста сега си за да останат.....многу едноставно.
Wu wei концепт
Пасивни? Не е тоа пасивност. Пасивност е седењето дома за референдумот, што истиот тој „реформиран“ дпне го сервираше. Требаше да се излезе масовно и да се гласа ПРОТИВ. Ако мислиш дека сум сменил став, побарај и пред тоа да видиш што имам пишувано.
Визија имал некој? Каква црна визија у пирамида може да има некој? Пак ќе изградат мит околу некој копук и пак тој копук ќе им се иссере. Мене ако ме прашаш дпне, заради радикалните „визии“ многу луѓе ја избегаваат....коа ќе кажеш визија, ме потсеќа све она паторот шо го праеше. Никој не се поставува со став кон авторитет - никој. Све се пиони што чекаат наредба. Дпне имаше добра шанса, во 2006-та, да фати пат по кој ќе воспостави баланс во институциите, ќе протежира некои свои интелектуалци, ама не да уништи све претходно. Буквално уништи све од бизнис, што и малку живуркаше, а интелектуалците од друга проминенција ги прогласи за кодоши. И сеа пак јас да се коцкам на некоја таква „визија“? Не бе дечко.
Трета партија, која ќе држи 10-15 пратеници, на почеток и помалку, која ќе има регуларни интелектуалци што нема да се обврзуваат со меници, да се купуваат со пари и да им се нудат ситници како чуда (како на лиле поповска шо и се дадени една агенција и едно министерство у кое само пика свој неспособен кадар). Таква партија би била разум во моменти за гласање, би праела баланс меѓу двете закоравени и закрвени страни. Еднаш да дојде време да уценува Македонец (или северен по ново), не за све учкарите да одлучуваат. Сигурно дека јенките им гарантираат на нив место, ама би било многу корисно да има еден таков субјект што ќе мрси сметки.
И сите ќе ми одговарате со демагогиите „дека сега не е моментот“, дека „нема расположение“, „немало услови“ - нема пошо двеве банди не даваат и било кој обид да се створи такво нешто - интензивно работат да го уништат у корен. Ќе се створат услови, ако на следни избори има ужасно мала излезност. Малата излезност ќе ги стресе и внатре двеве банди дека системот на пирамидална селекција на кадар „по подобност“, по заслужни стрини, роднини - НЕ ЧИНИ!
дпне јас ја памтам од формирањето. Таму интелектуалец нема стапнато. Таму се сумљиви ликови, што од фрустрација влегуваат во борба за власт и кога доаѓаат на власт си ги лечат комплексите и се изживљаваат. Од другата страна, во сдс, стално се покондирени арогантни шупаци, до кои не можеш ни да стигнеш, не па да се пробиеш како квалитетен човек во телата на партијата.
Еве и на тебе и на другар ти, пошо не се сеќавам дека пишувавте тогаш (може и да грешам), да ви дообјаснам. Јас жестоко пишував против фамилијата, ама никогаш не сум пишувал про-сдс. Имав некаква мала искра на надеж дека од ЕУ постои желба да се воведе ред во институциите - во времето кога европратеникот Рајнхард Прибе го објави фамозниот извештај во кој точно беа дијагностицирани проблемите. За несреќа, испадна дека единствена идеја во моментот им била да се тргне коруптивната, криминална банда само заради неисполнување на наредби, а не и заради криминалот. Протестите, кои на почетокот ги водеше #протестирам кој немаше врска со сдс, не беа поддржани од доволно голема бројка луѓе, а ги киднапираше практично шареното срање на сдс.
Сегашните случаи на СЈО не се нереални. Ликови како миле Ј и слична лопужаана, уште се ебаваат по судови....пола од неговите помошници уште работат по министерства и општини и ти ми збориш за некаква реформа во дпне? Да гласам сега за нив за да го тргнам сдс? Каде бе дечко? Прочитај се што пишуваш.
Згора на се, пак ќе повторам, реакцијата на дпне на целата пиздарија со Преспа, учеството во гласањето на уставните измени, НЕОРГАНИЗИРАЊЕ на општонароден протестен бран (секојдневен) - како можам ова да го толкувам, освен како соучество и сојузништво? Како можам бегството на паторот во Маџарска да го толкувам освен како сојузништво на сдс и дпне?
Клучно е формирање на трет субјект и масовен бојкот на двете лоповски скупини....одговорот не е во дпне. Не ти држи тезата.