Доколку живееш во станбена зграда, најлесно ќе откриеш дали твојата зграда е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - треба да има барем ЕДНО сандаче во зградата со оптички кабли за поврзување со крајни корисници. Вообичаено ваквите сандачиња го имаат логото на Ти-Хоум или T логото на Дојче Телеком, но не би било изненадување и ако воопшто нема никакво лого на нив.
Бројот на овие сандачиња зависи од бројот на станови во еден влез.
Едно сандаче може да биде поврзано со максимум 12 корисници, што значи дека ако во твојот влез има 12 станови или помалку, најсигурно ќе има само едно сандаче, или можеби едвај две - доколку зградата е висока да речеме 6 ката со по 2 стана на секој кат, поисплатливи се две сандачиња со по 6 корисници, отколку едно сандаче за 12 корисници.
Доколку живееш во куќа, треба да има ормар со оптички разделници од Македонски Телеком на твојата улица или во близина на твојата улица, како ормарот прикажан на Интернет страницата кон која води наредниот линк.
https://www.google.com/maps/@41.9871658,21.4642469,3a,15y,46.31h,84.07t/data=!3m6!1e1!3m4!1s0h36gWxbCJKwZHVEJDLCug!2e0!7i13312!8i6656
Не треба да бидеш изненаден доколку најдеш ваков ормар на некоја соседна улица, но тоа не значи дека твојата улица не е поврзана со тој ормар, бидејќи најмалиот од овие ормари има капацитет од 56 до 84 корисници, а ако видиш ваков ормар висок околу 170 сантиметри или повеќе, можеш да бидеш 100% сигурен дека ја покрива и твојата улица, бидејќи високите ормари - но и ниските пошироки ормари, како
овој кај Макпетрол кај АМСМ - имаат капацитет од повеќе стотици корисници.
Воопшто не реков дека нема да имаш добар прием ако користиш оптички Интернет од Вип, но сепак 50 мегабита во секунда преку Неотел е` повеќе од 40 мегабита во секунда преку Вип. Дали ти е поисплатливо останува на тебе да одлучиш.
За да се информираш за техничката можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, можеш да ги прашаш и Неотел.
Подолу на Интернет страницата кон која води наредниот линк, има формулар за проверка на техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок, кој треба да го пополниш и да оставиш твои податоци за да те контактираат од Неотел.
https://neotel.mk/fiber50/
Доколку ти одговорат позитивно од Неотел, тогаш сигурно нивната оптичка телекомуникациска мрежа, или уште посигурно - оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - е достапна во твојата станбена зграда/на твојата улица.
Исто така, ако од Вип ти понудиле оптички Интернет за два дена откако ќе го поднесеш барањето, внимавај на овој трик - Неотел наплаќат 1.490 денари за инсталацијата на оптичкиот телекомуникациски приклучок доколку нивни луѓе го инсталираат истиот, додека Македонски Телеком не наплаќа за ова.
Прашај ги Вип дали ќе ти наплатат дополнително за оптичкиот телекомуникациски приклучок доколку навистина можат да ја завршат работата за само два дена.