Ова ми го испрати еден пријател, дечкото е вработен во РЕК. Ова е статус на личност вработен во рек, знам дека е раководител од сдс. Мислам реален е човекот
Толемаида е град на Електани во грчка а нејзините граѓани се едни од најбогатите. Битола е град на најголемиот енергетски гигант во Македонија Рек Битола и сме најзлоупотребени. Ние се труеме друг го собира медот. Плати на ниво од пред 10-тина години без или со минимални вложувања во машини, делови, мазива и сл. Важно олигарската механизација со 70-тина машини и преку 150 камиони турбо си работи. Неколку стотини илјади евра од продажба на пепелта влегуваат во сметката на ЕЛЕМ а маки се мачат со тендери кои по неколку пати се поништуваат особено за делови и опрема која неможи да се предвиди со годишниот план за јавни набавки која ионака врви низ сито и решето. Честопати се случува поради поништени тендери намерно или случајно механизација да остане без капка моторно масло, антифриз, глицерин, и други резервни делови како што е моменталната ситуацијата. Секојдневна пракса е вработените да купуваа делови и сл. опрема од својот скромен буџет за потребите на комбинатот.
Рек им наплаќа за превоз на вработените а скоро нити еден тендер не е распишан за набавка на резервни делови за автобуси со кои се врши превозот. А и кој добавувач би учествувал на тендер за набавка на делови за возила (олдтајмери) кои се исфрлени од производство од пред 10-30 години. Со ова темпо некој сака механизацијата на Рек Битола да ја уништи така што со надворешната механизација ќе се богатат одреден број на олигарси а конкуренцијата ќе не уништи. Тендерот за набавка на нова механизација заглавен на бирото .............. понатаму сами откријте до каде догуравме.
Ако обвинувавме предходни функционери и менаџери за состојбите во комбинатот тоа не ни дава за право да бидеме како нив или полоши од нив. Се знае, оставки.