Фан Клуб: Рома

Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Што добро прво полувреме за на почеток на второ Фацио да ти го заебе цел натревар... Премногу шанси во прво, посебно онаа на Ундер на крај на полувреме што беше потешко да се промаши... Заниоло одличен (y)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.159
РЕ-МОНТ!
Почнувајќи од Јануари со 1 до 2 а на лето чистка на 6-7 фудбалери и тргнување од почеток и ќе се надеваме дека некој од Наполи / Милан ќе бида неспособни за 4то место па некако да го достигнеме тоа место во блиска иднина..
Се распаѓаме дефинитивно и ако овој пораз нема којзнае колкава штета нов пораз во недела од Интер ќе значи бродолом .
Фацио, Коларов, Флоренци па и Шик се првите што треба да се разреша поготово првине двајца.. Можем до рани зори да пишувам али што фајде ајде? Последна шанса со Интер им ја давам па ќе анализираме нешто повеќе.. Ма да ќе ни ја дупнат главата и они.. Нерешено иќ не ни треба .
И да ќе заборавев Ундере она ни Ердоган не ти го простува!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
А ти свесен ли си во каква форма е Рома сега?
Моментално би се плашел и од Новара а не Реал, а кога го спомна Џеко, изгледа вчера се повредил, па Шик ќе игра
СвеснА сум На оние шанси Џеко ќе убодеше една ГАРАНТ, како и да е ремонт ви треба во тимот, Ундер, Нзонзи, Заниоло, Шик ... тие се играчи за во Стоук не се за во Рома, Реал иззгледаше како на тренинг во второ полувреме и тоа пази катастрофа се и тие оваа сезона замисли пример со Сити да играте 20:0 ќе ве тепат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.159
СвеснА сум На оние шанси Џеко ќе убодеше една ГАРАНТ, како и да е ремонт ви треба во тимот, Ундер, Нзонзи, Заниоло, Шик ... тие се играчи за во Стоук не се за во Рома, Реал иззгледаше како на тренинг во второ полувреме и тоа пази катастрофа се и тие оваа сезона замисли пример со Сити да играте 20:0 ќе ве тепат

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ок
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.847
Поени од реакции
8.693

Хаха извини не знаев дека си девојче..
Кога би правеле ремонт, сигурно нема Заиноло и Ундер да ги дадеме, па и Шик сеуште ќе му се даде шанса..
Прво ги убија, второ се изгубиа, влијаеше и тоа што имавме 3ца првотимци повредени, Де Роси, Џеко и Пелегрини, па и Шарави се повреди.. второ полувреме нападот ни го чинеа деца, Ундер 21год. Клајверт 19год. Заиноло 18год. Чорич 21год. и Шик 23год.

И незнам како може девојче да навива за тој гнасен лик симеоне:confused:
 
Тоа е, уште кога излегоја почетните состави се беше јасно, ги гледаш играчите и си викаш каде против Реал со овие, фалеа Џеко и Де Роси поготово, шансите не ги искористивте во прво полувреме и се знаеше дека казна следи.
Инаку Симеоне е срцка бе

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено од модератор:
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
СвеснА сум На оние шанси Џеко ќе убодеше една ГАРАНТ, како и да е ремонт ви треба во тимот, Ундер, Нзонзи, Заниоло, Шик ... тие се играчи за во Стоук не се за во Рома, Реал иззгледаше како на тренинг во второ полувреме и тоа пази катастрофа се и тие оваа сезона замисли пример со Сити да играте 20:0 ќе ве тепат

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не знам кој натпревар си го гледала вчера ама Заниоло со 18 години беше еден од најдобрите вчера...

Олсен брани одлично, но играта со нога му е нула (разликата со Алисон си ја кажува самата цена)... Флоренци вчера не беше лош , Манолас одличен, Фацио дрво и веќе мислам дека е време да му се најде замена (Хесус Маркано и т.н со се него заедно да летаат и да се донесе еден квалитетен партнер на Манолас и може еден помлад талентиран за резерва... Коларов ни пола од лани, го имавме Емерсон, но сега Палота има пари (Пелегрини ќе биде добар но млад е му треба време) ... Средината Н зонзи го критикувам веќе подолго време, премногу слабо игра (можеби му треба време да се навикне, сепак на крај на сезона го земавме ...) Кристанте топло ладно, меѓутоа мислам дека не е лош за ротација... Пелегрини штета беше повреден, од натпревар во натпревар се подобар и подобар... Заниоло ако продолжи да игра како вчера ќе биде одличен... Пасторе не заигра, Де Роси веќе го јадат годините... Шик не знам до кога ќе треба да го чекаме неприметлив кога и да игра... Џеко штета што беше повреден, меѓутоа и на него уште сезона две максимум ќе може да сметаме, а Шик засега воопшто не се покажува како некој што би можел да го мења... Клајверт, Ундер (и покрај тоа што промаши чист гол и што можеби тој гол ќе ни значеше победа не изигра лошо), Шарави исто така добар за тоа малку време што го изигра покриваше и назад и офанзивно отвараше добро.... И на крај Рома на Ди Франческо во ЛШ сосем различна од таа во првенство, како мотивацијата на играчите да влијае за тоа... Сосем со различен пристап се во ЛШ... Јас би му дал уште шанса на Ди Франческо, едино би го сменил само ако Конте е негова замена... Одговорноста за бодовната разлика и слабите игри би ја барал во Палота и Мончи...
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.847
Поени од реакции
8.693
Викаш Фацио дрво а? :icon_lol:
Од оваа година официјално е дрво, лани и полани си беше супер, шо се ќезеш, чекаш после две години убедување да кажеме дека е дрво.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.666

Отсекогаш бил дрво ама ајде. И во Тотенхем кога играше беше дрво, и во Рома и во Аргентина, едноставно цела кариера е камен. Неподвижен коњ, ништо не разбира со топка, што сакаш повеќе од вакво копито? :D

И за Пасторе лека полека ќе дојдеме на моето. :)
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.847
Поени од реакции
8.693
Отсекогаш бил дрво ама ајде. И во Тотенхем кога играше беше дрво, и во Рома и во Аргентина, едноставно цела кариера е камен. Неподвижен коњ, ништо не разбира со топка, што сакаш повеќе од вакво копито? :D

И за Пасторе лека полека ќе дојдеме на моето. :)
Како тоа во Севиља бил лош?? Или па во Рома последните две години? Како да ти објаснам дека Фазио последните две години можеби беше подобар и од Манолас?
Не си го гледал а упорно ме убедуваш, а јас го гледам по 50-60 натпревари годишно:toe:

За Пасторе не ми текнува што сме правеле муабет, знам за Хуан Хесус дискутиравме дека не е толку одрон како вие што го претставивте и испадна од играч што се сметаше за 4та опција, да испадне подобар од сите дефанзивци кои доаѓаа и си одеа во последните години а беа сметани за трета опција или да му го земат местото на Фазио, мислам на Вермален, Морено, Марчано(мош и заборавив некој)
 
Како бе подобар од Манолас, се читаш ли ти што пишуваш?

За Пасторе ви викав дека е еден од најпреценетите играчи во светот на фудбалот, Палермо ги ограби ПСЖ на времето а овој НИШТО не покажа таму, плус повреденко си е и повеќе не игра отколку што игра. Муабетот беше мислам дека Интер не го земал пред 1-2 лета и демек вие ни го земавте сеа лагано, бла бла... :D

Околу Хуан јас сигурно не сум ти зборел затоа што мене ми беше омилен играч во Интер. Доброто кај него е што секогаш влегува со 110% на терен, лошото е што не е баш интелигентен и спретен со топка и склон е на правење глупости. Јас за Сантон ти викав дека ве преебавме и направивме дил на векот, затоа што за него, Заниоло и 20м (одприлика кажувам) ви го земавме Раџа. Уствари ти викаше дека Раџа е веќе завршена приказна и дека ќе биде тапа трансфер за Интер. :)
 
Значи колку тропаш глупости не си свесен, уствари зборуваш на памет.. еве за Раџа, после ќе седнам ќе барам што сум пишал, ќе те тагнам да видеш, ќе барам да ми се извинеш и ќе го носеш Сантон у дрес на Рома една недела на аватар:D само ради тоа што зборуваш на памет:)

Друга работа, незнам какво е тоа зборување од прилика а секогаш си влечеш на твојта страна? За Раџа земавме 24-25мил зошто не заокружи на 30мил па лупаш 20мил, така ти доага поубаво уз муабет да си го кажеш, да ти држи што поубаво тезата дека е дил на векот:)
Јас во моето изнесено мислење за овој дил убаво објаснив неколку варијанти во кои Интер може да испадне во ќар и обратно Рома да испадне во ќар(ќе го најдам и ќе ти го покажам).
И што правиме ако Заиноло прерасне во јак играч, м? Или да те прашам колку треба да стане вредноста на Заиноло за да ти признаеш дека ова со Раџа не испадна дил на векот??

За Пасторе не сум ве брецал како што се сеќавам. Се радував за трансферот, пошо не делам мислење како тебе дека е превара од играч, бидејќи толку години поминаа еден куп ѕвезди во ПСЖ а тој си играше кога беше здрав, да кажеш дека било кражба е апсурдно, еве во вашиот фан клуб ако ти не си го сакал, 80% од членовите го сакаа пред година две, а јас не сум ве брецал бидејќи не сум прскалица како тебе, бидејќи свесен бев дека ако често се повредува ќе биде флоп, а и не сумирам прерано како ти тоа што го правиш:)

За Фазио ти кажав 'можеби', а можеби и нијанса послаб од Манолас,али тука некаде беа, баш ти кога кажуваше дека бил слаб, човекот си газеше и едно 40% од утакмиците е бил подобар од Манолас, значи зборам за до лани
 
Сега прогуглав зашо не сакам да испадне муабетов рекла казала, 38м вредел трансферот на Раџа, Сантон 9.5м, Заниоло 4.5м. 38-14= 24, значи Интер платил 24 милиони што секако е поблиску до 20 него до 30 но добро ајде сум претерувал. Затоа пишав 20 и во заграда ставив одприлика, ебаго не пишав 2 милиони па да промашам за 22 милиони во сумата. Сантон ви е класична увалица, најголемото дрво во историјата, а за Заниоло ако не се сеќаваш јас ќе те потсетам оти прв пишав дека може да биде играчиште и дека беше баш надежен младинец. Ако не ми веруваш слободно провери. Е сега можда и подобро што дојде кај вас Заниоло, во Интер знаеме и самите колку ќе играше и колку ќе прераснеше во добар играч. Уште тогаш потенцирав дека за него можда Мончи не поеба ама за Сантон чао, тоа гомно 10м да ти вреди е рамно на самоубиство али што е тука е, Раџа му беше неопходен на Интер и го земаа за добра сума на пари гледано од аспект на Интер. Не велам дека Рома загуби во дилов, си добија и пари и млад и надежен играч кој може во иднина да вреди и 100м, којзнае.

За Пасторе јебига, ваљда различни мислења имаме, ете сега за сега јас испаѓам во право, ќе видиме за понатка. Мене поентата ми беше уште на пред 1-2 лета кога се спомнуваше Пасторе и кога се натегаа нашиве за некој милион да го донесат некои од фановите од земја се маваа божем Меси сме го испуштиле. Пасторе воопшто досега не покажа дека вреди за сумите кои се спомнуваа за него во минатото, често е повреден (ситни повреди ама сепак), а кога не е не покажува воопшто задоволителни партии.
 
Па гледаш, прво викаш дил на векот, после викаш, можно е Рома да не изгуби од овој дил ако Заиноло стане јак играч. Абе не мора да вреди 100мил, за 20мил да го дадеме за две години, ете ти го Раџа Наинголан за 44мил. Кога сме кај Сантон еве сега ќе ти кажам нешто, лани го купивме Карсдорп за 18мил а дечкото цело време е повреден, али и кога игра се покажа како огромен флоп, па така да сега во било која ситуација попрво би го гледал Сантон одколку Карсдорп. Сантон имаше две по ред утакмици каде замисли имаше и асистенции за гол и беше ставан во избор за играч на натпреварот. Еве за овој Карсдорп, од Феенорд слободно можат да кажат дека направиле дил на векот, си земаа 13+5мил за играч кој тотално не продуктивен. А јас Сантон ми доаѓа како Хесус, некоја си замена за бек која од време на време ќе си врши работа, кога игра тој јас не го доживувам играчот како што вие го прикажавте:toe:

За Пасторе поголеми се шансите да испадне флоп како трансфер ради повредите, али мене лично овој играч ми е еден од поомилените од кога гледам фудбал и еден од двајцата кои знаеле на момент со некој потег да ме потсетат на Тоти, другиот е Снајдер. Значи досега не сум сретнал играч кој потсеќа на Тоти по стилот на игра(оти по јачина нема ни да има), али овие двајца ете така знаеле да ме воодушеват со некој тоти-потег, посебно Пасторе во Палермо
 
Kajgana Shop

На врв Bottom