Лични искуства со автомобили, маани и доблести

Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
За да помогнеме на многу членови што сакаат да купат автомобил,да споделиме сопствени искуства за автомобилите што сме ги возеле подолго време.
За да не се расплинеме многу, теркот би бил следен:
*тип/марка на возило
*година на производство
*колку време го имате (сте го имале)
*со колку км сте го купиле, и колку имало кога сте го продале
*потрошувачка градска/на отворено
*маани
*позитивни страни
*дефекти
Да бидеме објективни, и да споделуваме само лични искуства
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
Chevrolet Spark
2007 год, купен нов, сеуште го возиме 80000 км
низ град 8лит плин, на отворено 5.5 лит плин
за парите, најдобро возило. на отворено над 120 се јавува бучење
за во град одлично, има 4 врати, багажник доволен за да ставиш ќеси од пазарење
до сега никаков дефект, освен промена на акумулатор, ребраст со водна пумпа, и редовните сервиси

@hack_man @Jack NolanProf.19 poveli
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
AUDI A4 B5 1.9 TDI 81 KW (110hp)
2000 година, чиповано STAGE 2 (околу 160hp)
125.000км купено, 191.000 продадено, многу малце го повозив (7-8.000км), поскапо за одржување, лесно и брзо, подобра кола по кривини толку стабилна немам возено, мана му е поосетлива предница по нашите патишта, други замерки немам, потрошувачката 7л град, 6л отворено, одличен багажник, со полн резервоар околу 1300км.

VW Golf MK5 2.0 GT 125 kW (170hp)

+STAGE 1 race chip (204 hp)

2004та производство, го имав 1 година,
230.000км купен, 255.000 продаден,
потрошувачка град 8-10л, 6.5-7л отворено.

Стварно не можам да најдам мана, одлично возило, доста брзо и стабилно. Возам малце пофлексибилно и за разлика од аудито, голфот има малце по крута вожња но одлично реагира на додавање/одземање на туража и е одличен за претекнување.

Заради моја грешка (грешно мапирање на мотор и пуштање на повеќе нафта), два пати ја расипав турбината (ми повлече масло).

Моментално се мислам помеѓу PASSAT B6 и eден одлично сочуван B5.5 од прв сопственик со 1.8Т мотор. Ама се си мислам дека B5.5ката ќе ја земам.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Citroen Xsara, 1998 година, 1.9 турбо дизел, 66 киловати.

Купена во 2016 летото, со 220 000 километри, наводно реални, иако не верувам. Се вози се уште, сега има 250 000 и нешто ситно. Од лани направен нешто како механички ремап, на бош пумпата пуштено повеќе гориво и турбото штелувано да отвора на 1.3 бари (фабрички е на 1 точно). Колата сега има околу 120 - 125 коња и е значајно побрза него порано. Околу 10 секунди до 100.

Потрошувачката остана иста и по ремапот, нормално ако се вози домаќински колата. Таа е: околу 5 литри на отворено, регионални патишта, до 90 - 100 кмх. На автопат со 130 кмх околу 5.5 - 6.0 а низ град околу 7.0 со нормално возење. Со јако стискање низ град оди до 8.5 - 9 литри.


Маани:

Слаба прегледност позади, поради високиот гепек и големите мртви агли назад. Треба пазење во рикверц и тоа доста. Стара концепција на мотор (механичка бош пумпа, механички дизни), доста гласен е особено наутро кога не е загреана колата. Во возење моторот скоро и да не слуша кога е загреана колата. Многу луѓе дури мислат дека е HDi, хаха.

Поради меката амортизација се навалува осетно во кривини ако се вози побрзо што остава впечаток на нестабилност, иако колата оди како по шини и го држи правецот одлично.

Задниот трап. Зависи од тоа како е возена колата може да трае и 200 000 километра ама некогаш мора да се среди што е околу 200 евра.


Добри страни:

Одлична удобност. Меки седишта кои делуваат како фотељи кога ќе седнеш во нив. Одличен квалитет на материјалите внатре, мека, сунѓер пластика секаде и тапацири со платно кои и денес по 20 години изгледаат одлично. Вратите се тешки и оставаат чуство на солидност при секое отворање и затворање.

Механички неверојатно издржлив автомобил, моторот не е отворан иако може има 400 к километра. Ламелата е оригинална, зглобовите оригинални, полуосовините оригинални. Бош пумпата не е отворана, освен една мембрана која стои на нејзе, дизните се оригинални.

Генерално кола лесна и удобна за возење, доста просторна внатре, со огромен гепек, со автоматска клима која перфектно работи и ден денес и четири воздушни перници. Далеку поквалитетна од типичните стереотипи за француските коли. Нема мака со електрика освен ламби во фаровите ништо друго од електрика немам сменето, дури ни осигурач нема изгорено за ова време.

Доста евтино возило за одржување, одлично за подолг пат поради удобноста. Секаде имам одено и би тргнал било каде без мислење. Колата делува дека без проблем ќе помине уште барем 100 000, реално и баш поради тоа не ја продавам.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
Опел Мерива 1.6 аутоматик,плин
2010 произведена,купена со 120000 км,внатре и надвор одлично сочувана
Потрошувачка:град над 12л,отворено над 9л плин
Широка просторна кола,одличен багажник,силен мотор на угорници
Ужасен менувач, голема потрошувачка,многу ситни дефекти
Возена 3 месеци,изгоре бомбина (сите мајстори викаат нормално е за опел), капеше уље од радилица итн
Никогаш повеќе опел
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Да не ја должам имам да пишувам и за уште Мерцедеси (две S класи, Е класи и.т.н) ова ми се само последните. Не се бавам со трговија на коли, ниту сум возач по професија, така што ова се сите приватни возила. Не ме земајте мене за репер околу сервиси и одржување, бидејќи од колите барам апсолутно највисоко ниво на исправност (и техничко и оптичко). Никакви дефекти, крцкања, тропања, надворешни гребаници или 'рѓа, лижени седишта, волани и слично не се прифатливи во моја кола. Тоа е пуста и скапа болест, немој да одите на стара кола до тие граници :)

Mercedes W211 E270CDI 2001 година - Автоматик:
Купен 2016 година со 160.000 (моментално има 270.000) скоро 11.000 евра. Донесен кај нас по нарачка директно од прв сопственик во Германија. Масивен, силен за претекнување, неверојатно издржлив менувач, греење на седишта, масажери, сончев кров, 4 зонска клима - хотел на тркала. Има AIRMATIC воздушна амортизација и не постои нерамнина, дупка или лежечи полицаец на пат :) Квалитет на вожња е исто како S класа (бидејќи е на јастуци), нормално малку е помал димензиски. Многу скап за одржување, осетлива и скапа предница, дефекти со електронски делови (сензори и слично). Потрошувачка во град е 10-11литри, на отворено 6.5-7л.
---------------
Mercedes W210 E220CDI 2004 година - Автоматик:
Купен 2014 година со 220.000 (моментално има 240.000). Платен околу 5.500 евра. Апсолутна мекост и тишина при возење. Внатре е многу просторен, греење на седишта, двозонска клима, навигација. Не се расипува никогаш ништо, ни механички ни електронски (освен ако не купите дотраена такси кола). Предницата е супер издржлива, не страда воопшто како тој од погоре што го опишав. Потрошувачка околу 8л во град, 5 - 5.5л на отворено.
---------------
Mercedes W203 C180 Kompressor 2007 година - Мануелен менувач:
Купен 2014 година со 150.000км (продаден со 160.000). Платен 8500 евра од прв сопственик од Македонија. Тврда вожња заради комплетно AMG подвозје, бушени 16" дискови се прескапи за замена, голема потрошувачка на бензин (во најдобар случај 13л во град), за плин ми побараа 1200 евра, и уште 1200 евра за гуми (многу широки со специфични димензиии) и тогаш го продадов бидејќи беше неисплатлив :) Кварови немав никакви во тој краток период на возење освен што правев сервис на предница. Како модел W203 не се осетливи на предница воопшто, ама овој беше со тврда AMG амортизација и општо самите делови беа поскапи за замена. Не исплатлива кола со тој пакет на опрема, барајте нормални Avantgarde/Elegance/Classic возила!
--------------
Mercedes W202 C220 CDI 2000 година - Мануелен менувач:
Купен 2017 година со незнам колку км (мерачот имаше оштетен дисплеј и светеа сите бројки). Продаден 2018 година. Купен од прв сопственик од Македонија 3500 евра, близок пријател, во извонредна надворешна и внатрешна состојба. Апсолутно никакви дефекти со ништо. Го продадов само заради што не беше автоматик (не сакам коли со мануелни менувачи). Супер издржлив, не страда предница, нема дефекти со мотор. Со двозонска клима, фабричко webasto греење на нафта (на многу ниски температури, одма почнува да дува топло внатре). Потрошувачка некаде околу 7-8л во град (никогаш не измерив убаво). Не изгледа многу модерно, ама е кола да и веруваш дека во било какво сценарио нема да те остави!
---------------
Mercedes W169 A180 CDI 2006 година - Мануелен менувач:
Купен 2015 година со 140.000км (моментално има 170.000). Платен 5800 евра. Благодарна кола, мајка ми ја вози по дупки и лежечи секој ден, ама предница одбива да тропне. Скап за одржување, скап сервис, исклучително тежок за механичка работа на него, делови нема многу. Добра страна е што не се лесно расипливи. Има многу мека вожња (дури изненадно бидејќи е мала кола, а е пријатна за возење како W203 C класа). Потрошувачка околу 6л во град, на отворено не е возена (т.е во тие 3-4 пати колку што е возена надвор од Скопје, никогаш не е мерено или забележано колку троши). Би препорачал на секој што бара мала кола! Бегајте од автоматиците во овој модел на А класа!!!
---------------
Mercedes W168 A170 CDI 2004 година - Автоматик:
Купен 2017година со 170.000км (моментално има 203.000). Платен 3000 евра. Оваа кола ми е секојдневно возило. Не знам колку троши, никогаш не сум мерел ниту ме интересира. За жал нема двозонска клима, само мануелна, има греачи на седишта (на ладново е како испратено од господ тоа). Автоматикот е слаба алка - осетлив на дефекти и бара повнимателно возење. Моментално на пат да откаже е клима компресорот, но на пролет е веќе планиран за промена. Сменети задни амортизери бидејќи старите (оригиналните фабрички) беа малку потрошени, а јас ценам во кола квалитет и мекост на вожња. Било какви крцкања, тропања се неприфатливи за мене. Би ја препорачал за млад човек или некој што бара практична градска кола. Имајте на ум дека работната рака е многу скапа бидејќи за секој зафат треба да се расклопува пола кола! Деловите се евтини, ама ги нема многу. Ако не ја знаете историјата на колата, не би препорачал автоматик.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Опел Мерива 1.6 аутоматик,плин
2010 произведена,купена со 120000 км,внатре и надвор одлично сочувана
Потрошувачка:град над 12л,отворено над 9л плин
Широка просторна кола,одличен багажник,силен мотор на угорници
Ужасен менувач, голема потрошувачка,многу ситни дефекти
Возена 3 месеци,изгоре бомбина (сите мајстори викаат нормално е за опел), капеше уље од радилица итн
Никогаш повеќе опел
Си имал среќа што не "ѕвизнал" мењачот аутоматски,ке те закрпеле 1500€
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81
Fiat Punto 55 S 1.1 1998 година

Купено во август 2012 година со 128.000 км за 1200 евра, возилото беше увезено од Словенија. Продадено во март 2016 година за 500 евра со 165.000 км и изгорен дихтунг на глава, поминати 37.000 км во наша сопственост. Возилото беше во многу лоша состојба кога го купивме и за тие 3 ипол години поминати во наша сопственост делумно го средивме меѓутоа кога прегреа и изгоре дихтунгот на глава решивме да го дадеме пошто-зашто бидејки не беше исплатливо да го поправаме повеќе, требаше и клипови и карики да се сменат а веќе премногу дадовме за поправки до тогаш и ни беше скиснато више. Од кога го купивме до пред да го дадеме беа заменети акумулаторот, лагер на предно десно тркало, ауспухот, двата предни амортизери, потисна и ламела, сајла за кумплуг, сајла за рачна, двата добоши позади, црева и цевки за кочници, свеќици, термостат и што све не више, 500-600 евра вкупно за сите овие работи. Каросеријата беше изедена од корозија, праговите се распаѓаа, задниот трап беше партал, задните тркала беа криви, со страв го возевме ако требаше да се излага надвор од Скопје (затоа што после една вожња до Куманово и назад, наредниот ден накај работа се скина црево од кочниците и истече цел глицерин, не би сакал да замислам што ќе беше да се десеше ова на автопат), ниту еднаш не сме го возеле побрзо од 110. Згора на се, возилото немаше плински уред, се возеше на чист бензин и трошеше 7-8 литри 95ка низ Скопје, ретко кога помалце а зимно време одеше и нешто изнад 8. Единствено моторот беше како што треба, барем до денот кога дигна температура и прегреа: секогаш палеше од прва, дури и на дебел минус, имаше одлична реакција на гаста и имаше добри перформанси како за 55 коња. Исто така, возилото имаше електрика на предни стакла и централна брава што е исто така плус бидејќи повеќето примероци на пунто со ознака S немаат ништо од опрема. Познавам доста луѓе кои имале исти проблеми со пунто 1.1 и 1.2 со 8 вентили како мене (а и други фиати со тие мотори), конкретно со дихтунгот на глава: до 2003 година кај овие мотори е користен обичен дихтунг кој е со лош квалитет (проблемот е решен после 2003 година со користење на метален дихтунг) а како капак на се, во основните модели на пунто кец и двојка до 2003 година нема сказалка на температура за вода на инструмент таблата што е огромен проблем, може да се спречи прегревањето многу порано ако се има инструмент наместо обична сијалица која светнува кога моторот веќе прегреал. На колешка од работа исто и отиде дихтунгот на глава на пунто 1.2 8v од 2001 година и тоа баш пред некој месец сега брзо. Лично не сум нешто претерано задоволен од возилото, но какво и да беше, барем беше подобро од јавен превоз ако ништо друго. Ми беше прва кола, на него се научив да возам уште пред да земам часови (имав 16 години кога го купивме). Некој можда би помислил дека имам нешто против Фиат, меѓутоа мојата сегашна кола е исто така Фиат и тоа:

Fiat Punto 1.3 Multijet 2004 година

Купено крај на март 2016 година со 131.000 км за 3000 евра, регистрирано почеток на април 2016 година. 70 коња/51 киловат, редизајн модел на пунто мк2 со големите фарови, увезено од Италија. Од опрема поседува речиси се што можело да се нарача за овој модел минус електрика на ретровизори (има АБС, предни магленки, 2 воздушни преници, City серво, клима, централно, ел. на стакла, борд компјутер и за мене најбитно - има сказалка за темп. на вода и обртомер, за разлика од претходното пунто). Отсекогаш сум бил голем скептик за поседување на дизел кола поради разните приказни за скапи делови и одржување кои сум ги слушал, меѓутоа колава излезе 10 пати поефтина за одржување од претходната, можеби затоа што овој мотор нема DPF, нема варијабилен замаец, турбината е од поедноставниот тип без променлива геометрија, дизните се Bosch, така да се работи за мотор кој е прилично едноставен за одржување за разлика од некои други дизел мотори. Моментално е на 175.800 и нешто км, односно скоро 45.000 км во моја сопственост и освен неколку ситници кои требаше да се средат, се друго е во најдобар ред до сега, да чукнам во дрво. Кога ја купивме колата, приметивме дека фали еден кедер на задната десна врата и кога врнеше влегуваше малце вода во кабината, најдовме таков кедер од удрено пунто за 500 денари. Заменета беше фиоката пред совозачко седиште бидејќи на фабричката се скрши рачката за отварање, ставена половна фиока извадена од отпад, за 800 денари. На фаровите почна да им се лупи некој горен заштитен слој што го имаат и после некое време драстично се прошири, ја однесовме колата кај еден дечко да ги исполира фаровите и да им стави восочна заштита, ни зеде 900 денари за зафатот. Моторот троши некоја мала количина на уље (300-400 грама меѓу промени што и не е толку страшно со оглед на тоа што користиме Селениа 5W-40 кое е доста ретко уље), до сега имаме дотурено скоро 1 литро уље (за овој мотор уљето е 700 денари литро, не е баш ефтино ама подобро тоа него ли предвремено менување на ланец и затегач кои се многу осетливи на лошо уље). Освен уште неколку цркнати сијалички за позиција и средно светло, други проблеми со колата не сме имале до сега, само редовно менување на уље и филтри и тоа е се (уље и филтер на 10.000 км, другите филтри на 20.000 км). Колата ја купивме со зимски гуми Матадор, а после купивме и летни гуми Нокиан, 4 гуми по 2500 ден. Од неодамна почна да трепка сијаличката за греачи 30 пати после секое палење, вероватно има некој ослабен греач меѓутоа колата и понатаму пали без никаков проблем, пред некој ден запали на -8 на пример, пред 2 години запали на -22 исто без мака. Во догледно време веројатно ќе треба да се замени антифризот и можеби плочките за кочници, здравје догодина. Што се однесува до потрошувачката, до последното застанување на бензинска потрошени се 2066,47 литри гориво за 44.559 км, што би му дошло околу 4,64 литри на 100 км, далеку помалку од претходната кола, со тоа што оваа кола се вози на подолги релации и има солидна километража и на отворено за разлика од претходната која ретко кога беше возена надвор од Скопје. Јас сум многу задоволен од оваа кола, дијаметрално спротивно искуство во споредба со претходното пунто, ми прави мерак и не ми е страв дека ќе му се деси нешто додека го возам за разлика од претходната кола, барем таков впечаток остава (со четворица возрасни + полн гепек до врв, оптеретено скоро до макс. носивост, без проблем ги помина Плетвар и Ѓавато во 4та со 80-90 летоска кога бев на одмор). Ја возев 165 во една прилика, без никаква мака стигнува до таму, има одлични перформанси за претекнување во сите брзини (можда нема многу коњи, ама има голем вртежен момент а колата е прилично лесна, под 1 тон, па оттука се и добрите возни особини). Кај колава едино ми смета слабата звучна изолација и кратките преносни односи (на 130 во 5та има 3000 вртежи, вакво пунто со 1.9 Multijet HGT моторот со 100 коња има 2500 вртежи на 130 во 5та). Тоа е тоа углавном.

Chevrolet Matiz 0.8 2004 година

Купен нов од Аутомакедонија во август 2004 година, околу 6000 евра, беше во сопственост на дедо ми до јули 2014 кога отиде тоталка во сообраќајка во која роднините едвај преживејаа и се здобија со сериозни повреди. Колата не се возеше многу, имаше само 47.000 км за 10 години. Ова беше меѓу најефтините нови возила на пазарот тоа време, немаше апсолутно ништо од опрема пошто беше најосновен модел, дури ако не се лажам немаше ни внатрешни рачки за подесување на ретровизори него мора да отвориш прозор и со прсти да го местиш стаклото -_- За ова возило скоро и да немам што добро да кажам: внатре е тесно ко у туна конзерва, во кабината преовладува сива ружна пластика и гол лим, мењачот е полош од југо (никад не си сигурен у која брзина е), моторот со 3 клипа нема никаква култура на работа, снага нема никаква, изолација исто никаква, троши 8 литра бензин, еднаш се возевме 130 и унутра буквално не се седи од бучава. Капак на се беше тоа што после 4-5 години цркна една дизна, беше сменета со нова во Аутомакедонија која чинеше околу 5000 денари. Можеби и единствена предност кај ова возило е малата регистрација. А да, и што за разлика од старото пунто има сказалка за темп. на вода.

Peugeot 206 1.1 2000 година

После матизот, дедо ми го зеде пежово и од јули 2014 до сега има поминато едвај 15-16 иљадарки, се поретко вози пошто веќе има скоро 80 години. Беше купено за 1600 евра со 151.000 км, пред тоа 4 години било во сопственост на друго лице од Македонија, не знаеме дали е увезено или тука купено ново. Од опрема поседува 1 воз. перниче, серво, централно, ел. на стакла и обртомер, клима нажалост нема. Не е баш во најдобра состојба, предното лево крило е потемна нијанса на светло плава боја во однос на остатокот од каросеријата, имаше доста работи кои беа заменети, поготово во подвозјето и во амортизацијата (спони, чаури, виљушки, јабучици, манжетни итн.) и околу 300-400 евра се дадени за сите делови и има уште работи за средување. Генерално гледано, 206ката е подобра од матиз и пунто S мк1, има многу повеќе место во кабината од матизот но е нешто потесна од двете пунтовци. Тоа е тоа, долг испадна постов знам, ама сакав што е можно подетално да напишам за возилата кои сме ги имале во потесната фамилија и евентуално да му помогнам на некој што би бил заинтересиран за тие модели.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Ни PASSAT B6 ни B5.5 хаха,

AUDI B6 1.9 TDI 131HP 2004 S-LINE,

купена 03.12 со 178.000км, моментално 180.000км ги сменав сите филтри, масло, ребрасти и затегачи од навика. Потрошувачка во град е 7-л а на отворено 6л.

Мене ме бендисва, има супер изолација, брз и агилен мотор кој треба да го чиповам овие дена, доста убодни седишта и најбитното стабилна по кривини.

За разлика од голфот е многу подобра за возење, не е крута и дупките не се осеќаат толку.

Повеќе инфо ко ќе ја повозам малце поќе
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.904
Поени од реакции
1.365
SKODA FELICIA 1.3 GLH BENZIN 60KS.
Кола наменета за во град,сегде ја бери,многу добра прегледност од секоја страна,лесна за возење.
Многу издржлив мотор,зима лето пали исто. Моторот е на ланче но е тромав на угорници и има двогрлен електричен карбуратор кој троши 9 литри бензин во град.
Лоша страна му е то што нема серво,нема клима,нема електроника а и не е баш лесна за одржување.
Најголем проблем е карбураторот кој има гумена подлога и од самата жештина пука и пушта фалш воздух и обртајте паѓаат и знај да изгасни на семафор. Чаре е да се стави метална плоча. Зглобовите често паѓат и нема оригинал зглобови за фелиција во мк.
Мана имат со ладњак кој се затнува и мора да се замени со нов.

OPEL VECTRA B 2.0 DTI 101KS
Добри страни - Моторот е на ланче,средна потрошувачка,доста снажен мотор иако е само 101кс,многу стабилна во кривини,лето зима пали исто,масло нетроши,добри кочници и тој мотор крепи ремапирање. Од опрема има: клима централно систем против пролизгување,2 воздушни перничина,серво волан со подесување,магленки напред назад,електрика на стакла,електрика на ретровизори,греачи на ретровизори и на седишта.
Лоши страни - Еден од најголемите и најтрагичните дефеци му е електричната бош пумпата со ознака VP 44 на која знај да откажи електрониката поради што се полни со нафта куќиштето од електронската плоча поради попуштање на мембраните или од самата жештина. Поправката чини 200евра +50евра работна рака. Знај и да пушта нафта од спојките и во тој случај ќе мора да се предиктова. Цената е 100евра. Најчесто е на ризик од 180 000км. Друг дефект на бош е семеринг на бош. Пушта нафта во картер,маслото се танчи и се испушта низ турбина.
Дизните му се ок но знат да попуштат гумените семеринзи и пуштат нафта па ќе мора да се заменат со нови кој коштат околу 100евра.
Губење на снага,најчесто проблемот е во соленоид кој држи вакум на турбина и самата вакум пумпа.
Потрошувачката во зима се качува и до 8.5 литри.
Страда од корозија на задни крила.
Летен период можи да дојди до затнување на ладњакот од прашина и од дотраеност и крева температура на игорници. Мора да се замени со нов оригинален ГМ со широки ребра кој кошта 7000 денари. Има и кинески кој кошта 2500 денари со тесни ребра и најчесто стават таков и ете зошто опел крева температура.

OPEL ASTRA H 1.7 CDTI 101KS.
Мотор на ребраст кајш,добра вожнја,комотна но не и стабилна како вектрата. Има доволно снага моторот да повлечи кога е потребно. Потрошувачката му е мала 6 литри град. Добра космо опрема,лесна за возење,лесна за одржавање.
Лоша страна кај скоро сите цдти мотори е то што се затнува усис системот и се појавува кола со клуч и колата неприма туража. Поправката кошта 200 евра. Чистење на лептири на усис,чистење црева,егр,промена на на сите филтри.
Носи варијабилен замаец и кошта околу 600 евра цел сет со се ламела,лагер и потисна да се замени.

SEAT LEON 1.9 TDI 105HP

Мотор на ребраст кајш,економична,лесна за возење,стабилна во кривини но во зимно време има мака со отежнато палење,замрзнување на задни тркала.
Моторот троши масло околу 1кг. на секој 4000км. Сменати се разни масла од разни фирми и сите масла ги троши. Нема ни бел ни црн чад,влечи нормално,нема приблем со дизни но има фабрична мана со потрошувачката на масло. Проблем кај овој модел се и каналите за климатизација кој знаат да се затнат и често иди до пукање на казанче за паарно. Друг проблем е то што пушта масло турбината и го полни ЕГР вентилот и поради жештината на маслото,попуштат спојките на егр и маслото се испушта низ вентилот. Сите сменуват егр али проблемот е во турбина.
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
SEAT Cordoba / 2001 / 1.9 TDI (66 kw / 90 hp)

Купен 2015 (Април) година / со 167.000 km (демек) / Сеуште го возам, има 217.000 km моментално.

Потрошувачка:
- На отворено ваљда и 4 достига до 5/6 (зависи од возење), барем за тој мотор знаеме сите дека е еден од најекономичните... градска малце повеќе сигурно 8/9 троши.

Маани:
- Уфф, маани... кој имал SEAT знае. Лоша електроника тоа сигурно оди на прво место (Бидејќи и доста битна).
- Второ според мене, нежна пластика... доста кршлива, целиот ентериер им е таков. Од рачки на врата, до пластики на врата, рачка за касетката (за ствари), ракета за светла, гумички... итн.
- На задните седишта не е толку баш широко како што е и голема колата.
- Тука исто би го ставил и бучливиот мотор, значи незнам што толку удрија пофалби за тој 1.9 TDI... бучи ко трактор, а башка што околу него има доста недостатоци (Турбина, Карики).
- Средниот ретровизор за гледање позади, со него тешко дека ќе се снајдеш (посебно и поради спојлерот)

Дефекти:
- Проблем со масата на компјутерот (не пали ако нема маса), решение: Жичка пуштање дирекно до акумулатор, и компјутерот ќе си зима дирекно струја од акумулаторот.
- Проблем со декла / глава / блок (ми смеша антифриз), потоа рамнење и све то што си иде процедура. Но после 3ипол години сличен проблем... ствараше притисок антифризот и почнаа да се дуе тоа црево за антифризот. Овој пат само рамнење декла (изгорел дихтунгот - заменет). Без слегнување најдолу од моторот. (Дреарот плус ми рече: Оваа декла не е била направена како што треба претходно)
- Потрошување на масло... ваљда проблемот е до турбината... како што објасни членот над мене @martin01 во делот за SEAT Leon.
- Скапана летва (течеше масло), репарирана.
- Пукнато казанче за парно и двата лептири (Бидејки кај шовершајбата послабо дуваше)

Пофалби:
- Хммм, после толку натрупани критики, маани и дефекти... можам ете да кажам како добра пофалба тоа што кога пали ова чудо... не знае да те остави на пат (барем не на мене, после толку дефеци). Бидејќи често патував за Бугарија и Грција. Можда пак и затоа го сметаат еден од најдобрите мотори, кујзнае.
- Нема лоша вожња искрено, океј автомобилче е од тој аспект.
- Ефтини делови, економичен за одржување. На секој чекор имаш делови за него.
 
Член од
26 јануари 2018
Мислења
6
Поени од реакции
2
Голф 3 тди 66кв, 1997 последна верзија, купено во 2011 од плац, донесен од германија со тогаш 232.000км поминати сега 490.000км.

Добар мотор, добра вожња,доволно брз, пластика ок, простор ок, економичен отворено 5 градска со клима можеби до 6.5л, кај мене добра опремена абс, 4 прозорци на дугме, ретровизори електрични со греачи, греачи на седишта, клима, халогенки .Со сето ова км помината кај мене само еднас бош пумпа сервис сум направил, немав ниту еден проблем ниту са палење зима, ниту си турбина, ниту со температура,со електрика ниеден проблем ама баш ниеден.

Маани
Слаба каросерија ако малку не запазиш се коризира многу (на 5-та година го фарбав на некои места го репарирав ) , и ризична да се вози на дожд поголема брзина од 100-120.

Како крај горд сум што тогаш решив и го купив за 3300 евра а ден денес после 9 години ми нудат 2000евра
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Здраво на сите.

Заинтересиран сум за CHEVROLET CAPTIVA 07/08/09 год. па ќе ве молам да споделите мислење/искуство/совет.
Во игра се и

Hyundai Santa Fe и OpelAntara но Шевролетот некако ми е најпривлечен.
Ми треба информација од типот како се однесува автомобилот, дали иманекои маани, како е заодржување. Годинитепогоре ги наведов порадитоа што финансиски биможел да си дозволамсамо од таа генерација.(истото важи и за "резервните опции").
Да напоменам дека не барам некои посебни критериуми и спецификации, првенствено ми е потребен поголем комфор и багажен простор, со што одлуката падна на џип.Мануелен.


Благодарам.
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81
Fiat Punto 1.3 Multijet 2004 година
еве еден апдејт за мојата кола, а ќе додадам и уште 2 други коли подоле:
Веќе 5та година ја имам, од март 2016 до сега поминати 63.000 км. Во текот на 2019 година беа заменети шајбни на 2 дизни, 1 греач и акумулаторот. Останатото е се редовен сервис. Сега за сега се е во најдобар ред, возилото има 194.000 км и служи одлично, да не го заречам. Потрошувачката досега изнесува 4.6л/100км (комбинирана вожња), околу 2900 литри гориво има потрошено од кога ја имам. Идемо даље:

Fiat Punto 1.2 8V LPG 2016 година

Возилото е во сопственост на еден мој пријател, купено е ново од Аутомобиле СК (платено 9200 евра) и после 2000 км е вграден Landi Renzo плински уред (550 евра). За 4 години има поминато 35.000 км. Лани имав прилика да го повозам на кратко и да бидам искрен, не сум баш нешто воодушевен од ова возило. Ми се свиѓа тоа што за разлика од старите пунтовци, ова има доста солидна опрема како за основен модел, арно ама 1.2 моторот е благо речено - за греота. Колата се мачи да тргне на угорница ако е пуштена климата и има повеќе од двајца внатре, а на угорницата од Велес према Скопје, во 4та брзина и гаста до патос колата не оди повеќе од 90 км/ч (за споредба, на истата угорница мојата кола без проблем држи 130 км/ч во 5та брзина со четворица возрасни внатре). Ај што е моторот максимално тромав, ама е и претерано жеден, низ град троши дебело изнад 10 литри (среќа има плин). Капак на се е што на 33.000 км цркна МАФ сензорот (5000 денари за нов). Сопственикот е поприлично немарен и успеа за 3 години и помалку од 30.000 км да скине сајла од мењач (наводно во автошкола го научиле да не стиска на кумплуг кога исфрла од брзина во лер), внатре во ентериерот има еден куп гребаници по шалтаблата, кожата од мењачот искината, колата кога стои во место на лер гас цела се тресе и при промена на брзина, кумплугот крчи ептен јако. Го жалам тој што ќе ја купи колата од него.

Alfa Romeo 156 1.9 JTD 1999 година

Оваа кола е на братучед ми кој лани отиде да работи во странство и му ја остави колава на татко ми. Ја купи пред 6 години за 2500 евра, не знам колку точно има поминато од тогаш, а колата има 224.000 км (бар така стои на шалтабла). Од надвор и од внатре колата е боли глава: има 16ки бандаши со 5 круга, заден спојлер, спортски прагови, кожни седишта, волан од лакирано дрво, наслони за рака и напред и позади, отвори за клима позади итн. Арно ама, механички колата е катастрофа за жал. Моторот влече одлично за 105кс, ама грубо работи, поготово зимно време. Предницата е ептен растропана (тркалата тропаат јако по нерамнини), кумплугот фаќа скрос горе, мењачот е скрос отиден (тешко влага во прва, втора и петта брзина, прстенот за рикверц е скршен и слободно си оди рачката од брзина во рикверц), мерачите за гориво и температура не се прецизни, брисачите не работат во прва брзина, на шалтабла светат сијалиците за греачи и ербег, светлата за рикверц не работат, тече уље од турбината, тече антифриз од некое црево и уште што све не. Сепак колата беше во 2 тешки сообраќајки и братучедов планира да ја шитне пошто-зашто кога ќе се врати од странство и да земе нешто поново. Каква и да е, колава брка работа низ град за кратки релации, за 5-6 месеци и поминавме околу 1500 км и фала богу не не остави нигде до сега. Криво ми е што колата е во таква состојба, таква прекрасна лимузина заслужува подобро. Потрошувачката е околу 7.5-8 литра, не е баш претерано економичен моторот али со оглед на тоа што не ја возиме многу, не е страшно. Тоа е све за сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom