- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
Kako што имаше во еден од предлозите Haer Tundra 3,5кW можам да и потврдам од лично искуство дека е тоа добар инвертер и пред се како што рече Симон многу тивка при работа внатрешната единица, само 20dB идеална за спална, како и за греење на 20тина до 30м2 добро изолирана просторија.... особено како во твојот случај како велиш одлично изолирана новоградба и претпоставувам со повеќекоморни PVC прозори...Здраво,
Имам едно прашање до вас ако можете да ми помогнете.
Се работи за греење на стан со квадратура 80м2, кој е нова градба и има одлична изолација.
Во станот веќе има наместено Gree Hansol кој досега ги задоволувал потребите за овие месец дена и одржувал солидна температура во станот (не целиот стан, некаде околу 55-60 квадрати, едната спална не се грее моментално)
Станот е поделен на дневна, ходник и 2 спални соби, инвертерот е монтиран во дневната соба, идеата ни е да барем уште 2 инвертери да се стават во спалните соби и сите 3 да дуваат истовремено со отворени врати.
Дали може да ми препорачате инвертери, искрено по групава има многу различни мислења и неможам да се одлучам.
Исто дали 2 самостојни единици или мултисплит систем. Буџетот за климите е да речеме до некои 70000 денари може и поевтино
Ви благодарам.
Но во твојот случај, те. за спалните би можел да одиш и со 9ки, на пример Vivax AERI е https://klimi.mk/product.php?id=312, за Хаиерот 9ка не би знаел да кажам. дури мислам дека на темава нема никој пишувано дека го поседува. Инаку тој е опремен со Hitachi компресор за разлика од 12ката Хаиер Тундра која е со Mitsubishi компресор. Деветки би биле и тоа како доволни во добро изолиран простор од 16квадрати... со помала потрошувачка од 12ки (од просечни 700W) и секако земено во обзир дека е подобро да бидат вклучени нон-стоп помалку ќе осетиш на сметката! Но парадоксално е што многу малку овде се набавуваат 09ки, па обично или се незначително поевтини од 12ките или се иста цена, а да се чудиш, во Енергија Tundra 09ка е поскапа од 12ка во SETEC... E kaj Vivaxot AERI има позначителна разлика во цена во корист на 09ка, а просечната моќ при греење од безналку 3кW ти гарантира дека ќе бидеш згреан!
Последно уредено:




