Мала помош за влез во програмирање

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.176
Поени од реакции
17.974
Далеко од експерт за се.Доволно ќе ми биде и малку познавање да имам ама да знам да се снајдам во секое поле.А за Англиски и Математика ептен ми одат.
Нема такво експерт за се, т.е. девојка за се, ќе завршиш како кафекувар на прави програмери.

За да работиш салам нешто треба што повеќе да го познаваш, што поблиску до 100%. И тогаш ќе бидеш успешен, парите тогаш ќе ти дојдат сами како side effect, на тоа што ќе правиш солидни решенија за што и да е.

И вака оди учењето на било кој програмски јазик
1. Што е ова ништо не разбирам
2. Ова изгледа интересно сфаќам како работи
3. I am god like, bring them on
4. Леле врска немам, кај се нафатив на овај проект (вообичаено го касниш и никогаш не го завршуваш)
5. Сега знам колку знам и што можам да направам со тоа знаење

И вообичаено во 5-ти стадиум го знаеш програмскиот јазик, т.е. знаеш колку го знаеш и работиш на проекти кои знаеш отприлика за колку време ќе ги завршиш и за колку пари.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
H

HoT _iCe

Гостин
@teneke @statusQuO
Дали, пример, овија књиге што ги постирасте би ми помогнале да стекну „некоју“ основу за програмирање у Јаву. Дали, пример, би могаја да седну сам дома уз кафенце, слободно време и интернет, заедно сас овија книге да улегну у тј свет и да се поднаучу на „своју руку“. Прашују од аспект дека га гледам како перспективна работа и слично, јутре у иднину да би могаја да аплицирам негде за работу, што треба да знам за да отпочну.
За програмирање конкретно сам дудук, ништо не знам, овакој сам ит ентузијаст и би кажаја за себе дека кд се работи за хардвер/софтвер/ос и слично би се ставија надпросек али ништо посебно ама пошто ме интересира много сакаја би да се малце едуцирам и поконкретно у некои тематике..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.643
Поени од реакции
38.824

Почни со нешто полесно како пајтон на пример, јава не е јазик за почетници. Кога ќе го совладаш него и ќе ги осознаеш тие концепти како функционира програмирањето да научиш јава ќе ти биде многу полесно, сите програмски јазици се слични. Иначе ова не ти се учи преку ноќ, треба со месеци да го загрееш столчето по неколку саати на ден пред пц и да гледаш туторијали и експериментираш за да сфатиш како се тоа функционира. Џабе 100 книги да прочиташ ако не знаеш тоа у пракса да го примениш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.176
Поени од реакции
17.974
@teneke @statusQuO
Дали, пример, овија књиге што ги постирасте би ми помогнале да стекну „некоју“ основу за програмирање у Јаву. Дали, пример, би могаја да седну сам дома уз кафенце, слободно време и интернет, заедно сас овија книге да улегну у тј свет и да се поднаучу на „своју руку“. Прашују од аспект дека га гледам како перспективна работа и слично, јутре у иднину да би могаја да аплицирам негде за работу, што треба да знам за да отпочну.
За програмирање конкретно сам дудук, ништо не знам, овакој сам ит ентузијаст и би кажаја за себе дека кд се работи за хардвер/софтвер/ос и слично би се ставија надпросек али ништо посебно ама пошто ме интересира много сакаја би да се малце едуцирам и поконкретно у некои тематике..
Тешко дека уз кафенце и слободно време да научиш од книгиве :)
Треба или мноооогу слободно време да потрошиш на тоа или да си природен гениј за програмирање.

Ако баш сакаш, тогаш малце посеризоно да се зафатиш, на пример да платиш некој курс за тоа, онлајн или офлајн и кога ќе ти стани обврска, а и пари си платил, можеби ќе се натераш да научиш.

Online Free
https://www.freecodecamp.org/
Online Paid
https://www.udemy.com/courses/search/?ref=home&src=ukw&q=java
И неделава е Black Friday гледам има курсови од по стотина долари што чинат само 10$.
Има и free, a има и торент ;)

Јава е заебана, прескокни ја за почеток.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
@HoT _iCe книгите ти се јаваскрипт, не јава.

Мој совет, ако сакаш стриктно да се насочиш на веб програмирање тогаш симни си го The Web Development Bootcamp во него ти се опфатени и фронт енд делот и бекенд делот. Откако ќе го поминеш овој курс ќе може да си направиш слика како функционираат работите и што те влечи повеќе во делот на веб програмирање. Од истиот автор имаш уште еден курс продолжение на овој, тој е веќе за понапредни програмери. Ако се решиш за програмирање за мобилни уреди Android/IOS, тогаш ќе ти користат повеќе јазици од типот на java/kotlin/swift и бази sql, mongodb, исто и за овие работи имаш еден тон курсеви на интернет, пред да почнеш било кој прочитај ги коментарите под курсот затоа што има многу курсеви каде што ќе те вртат како киша око Крагуевца со саати, а нема да научиш ништо асално.

Со тек на време ќе мораш да се насочиш на една област, дури и кај веб ќе мора да одлучиш дали ќе работиш фронт или бекенд, фул стек тешко и не е паметно, подобро ќе се продадеш ако си експерт во една област, отколку ако знаеш од се по нешто, според тоа ќе ти се разликува и потребата кои технологии ти се потребни

Преку ноќ не бива ништо, особено не дур пиуцкаш кафенце лагано да станеш програмер, месеци се потребни за да си легнат работите, на старт ќе ти се појави еден куп нова терминологија што додека да ја свариш и да сфатиш што е што ќе поминат како ништо неколку месеци.

Дали ти треба платен курс или можеш самиот од курсеви на нет и книги знаеш само ти, односно каков човек си по природа, ако лесно ти одземаат внимание други работи тогаш плати си во некоја школа барем ќе мора да одиш или ако е онлајн ќе мора да се логираш, ако си човек од фокус и кога одлучиш нешто си 100% посветен во слободното време на тоа тогаш терај си со вакви курсеви и книги.
 
Зошто фул-стeк не е паметно? Баш тоа е многу подобро ако учиш јаваскрипт, го користиш истиот јазик и за фронт енд и во бекендот со node.js. Многу поедноставно него да учиш различни јазици за фронт енд и за бекенд.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.061
Поени од реакции
19.790
@teneke @statusQuO
Дали, пример, овија књиге што ги постирасте би ми помогнале да стекну „некоју“ основу за програмирање у Јаву. Дали, пример, би могаја да седну сам дома уз кафенце, слободно време и интернет, заедно сас овија книге да улегну у тј свет и да се поднаучу на „своју руку“. Прашују од аспект дека га гледам како перспективна работа и слично, јутре у иднину да би могаја да аплицирам негде за работу, што треба да знам за да отпочну.
За програмирање конкретно сам дудук, ништо не знам, овакој сам ит ентузијаст и би кажаја за себе дека кд се работи за хардвер/софтвер/ос и слично би се ставија надпросек али ништо посебно ама пошто ме интересира много сакаја би да се малце едуцирам и поконкретно у некои тематике..
За уз кафенце не е лошо прво да ги разлисташ старите добри W3schools туторијали за HTML5 и CSS3. После тоа малку практична примена на прочитаното, да видиш како изгледа тоа во пракса, па тек на крај книгите за JavaScript што ти ги предложиле погоре.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
Зошто фул-стeк не е паметно? Баш тоа е многу подобро ако учиш јаваскрипт, го користиш истиот јазик и за фронт енд и во бекендот со node.js. Многу поедноставно него да учиш различни јазици за фронт енд и за бекенд.
Јас лично од тие што ги познавам најдобро се продадоа тие кои се експерти само во една област, тие што се „од се по малку“ тапкаат и со плата и со напредок, не дека со тек на време нема да го испечеш занаетот и на двата сегменти, али мислам дека е најдобро насочување стриктно кон едно.
 
Мое мислење е како гуштер многу подобро е да имаш познавање од повеќе технологии отколку да учиш само едно нешто, пример јаваскрипт да го земеме го учиш ванила јаваскрипт, ноуд.јс и некој фрејмворк дали реакт, ангулар или vue.js. Така многу полесно можеш да најдеш некоја работа него да учиш исклучиво јаваскрипт од книга напишана пред една деценија, а не ги знаеш другиве ствари кои се многу барани исто така. За усовршување и да печеш занаети дури кога ќе се вработиш тоа ќе ти е искуството што ќе го направиш во некоја од овие ствари.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
Мое мислење е како гуштер многу подобро е да имаш познавање од повеќе технологии отколку да учиш само едно нешто, пример јаваскрипт да го земеме го учиш ванила јаваскрипт, ноуд.јс и некој фрејмворк дали реакт, ангулар или vue.js. Така многу полесно можеш да најдеш некоја работа него да учиш исклучиво јаваскрипт од книга напишана пред една деценија, а не ги знаеш другиве ствари кои се многу барани исто така. За усовршување и да печеш занаети дури кога ќе се вработиш тоа ќе ти е искуството што ќе го направиш во некоја од овие ствари.
Не викам дека не, затоа и му реков да го помине The Web Development Bootcamp со што ќе добие слика кој јазик за што се користи и што ќе го заинтересира повеќе. Јаваскрипт и фрејмворците како React JS, Angular се најактуелни и прилично солидно платени, но има луѓе кои да ги убиеш не можат да го работат тоа, најдобро е да помине комплет се, а потоа да се определи на едно (нормално ако сака веб, ако сака за мобилни или АИ тогаш јава/котлин/свифт/пајтон/бази).
 
Да, се слагаме донекаде:), и да напоменам никако фрејмворци пред да го научи јаваскрипт, тоа тотално уште толку ќе го збуни човека, за тоа пред да се научи треба и object oriented programming да знае.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.082
Мое мислење е како гуштер многу подобро е да имаш познавање од повеќе технологии отколку да учиш само едно нешто, пример јаваскрипт да го земеме го учиш ванила јаваскрипт, ноуд.јс и некој фрејмворк дали реакт, ангулар или vue.js. Така многу полесно можеш да најдеш некоја работа него да учиш исклучиво јаваскрипт од книга напишана пред една деценија, а не ги знаеш другиве ствари кои се многу барани исто така. За усовршување и да печеш занаети дури кога ќе се вработиш тоа ќе ти е искуството што ќе го направиш во некоја од овие ствари.
Пред да почнеш со другите ствари не праиш ништо без темелно разбирање на Јаваскрипт, за да пишуваш синтакса во Екмаскрипт 6 и погоре, мора да разбереш како функционира Екмаскрипт 5.
Зошто фул-стeк не е паметно? Баш тоа е многу подобро ако учиш јаваскрипт, го користиш истиот јазик и за фронт енд и во бекендот со node.js. Многу поедноставно него да учиш различни јазици за фронт енд и за бекенд.
Е паметно, и сакал неќел мора да учиш пошто има толку легаси код таму надвор, кај што у еден фајл имаш испреплетено и јс, и хтмл и пхп(во мојот случај), така што ќе мораш да научиш и јаваскрипт, само со бекенд јазик не поминуваш.:)

Разбирам дека ноуд.јс е во тренд и најчесто се користи тој аргумент ете ти треба само еден јазик, ама пак треба да знаеш за какви апликации е најпогоден да го користиш. Ноуд е сервер кој што не е целосно напишан во јаваскрипт, туку користи ц за да извршува јаваскрипт. Се карактеризира со асинхрона архитектура односно non-blocking callback функции и затоа е глупо да се споредува со останати бекенд јазици ко пхп кај што имаш риквест лајфцајкл (додека евент лупот на ноуд не спие и конзумира доста повеќе ресурси и е тешко да се дебагира, до душа и во пхп, пример - php swoole, имаш асинхрони фрејмворци кои хендлаат многу повеќе риквести него ли ноуд.јс со мултитрид I/O модули за разлика од ноуд кој е сингл трид и можеш да си бираш, сакаш асинхроно или синхроно извршување на кодот) . За што е погоден ноуд.јс, најпогоден е за апликации кај кои имаш потреба за real-time комуникација измеѓу сервер и браузер, пример чет апликации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom