Правење на Curriculum vitae (CV)

  • Креатор на темата Креатор на темата baltazar
  • Време на започнување Време на започнување
Софтвер сигурно има, ама кај нас сигурно не се употребува. Иначе, ако те бидува и во Notepad да го направиш ќе те викнат на интервју :)
 
И да има софтвер, мислам дека агентите за регрутирање не би си довозлиле грешки и повеќе од сигурно е дека ќе земат да ги прегледуваат сите можни пристигнати CV-a со цел да си го најдат (или не) она што го бараат.

Ако се фирма со реноме.

Ако не се...не ни треба да пуштаат оглас, нека си вработат синот/ќерката од на првиот брачед снаата по линија на бабата.
 
Што мислите во каков формат треба да биди CV-то? Word или PDF?

Кога бев на Jobfair имаше предавање за како треба да се прави ида изгледа едно CV и предавачот рече дека далеку попрофесионално изгледа ако се направи во PDF. А пред некое време на факултети мислам дека беше, прочитав дека многу компании имале софтвери за пребарување на клучни зборови од CV-то, а истото се правело потешко кога документот е во PDF форма. Дури и не прегледувало целосно и можно е да не добиете покана за интервју поради ова.

Некој да потврди, негира, советува?
ПОТВРДУВАМ!!!
прост пример дали сте проиметиле дека за џонсон мети и џонсон контрол бараат само во WORD да биде? зошто? па баш од таа причина. тие се едни од ретките кои користат софтвер за таа работа, кој уз пат не им е баш добар, пошто постои подобар за пребарување и во PDF ........ а мислам дека ќе се најдат уште едвај 2-3 други компании кои го користат, али за овие две сигурно е така
 
Финтава е што многу од агенциите го користат. Софтверот е всушност направен за нив а не за работодавците.
 
Финтава е што многу од агенциите го користат. Софтверот е всушност направен за нив а не за работодавците.
не викам не, али тоа што го велиш е на глобално ниво. ние овде сме уште малку дечиња во тој поглед. да не зборам дека ако ништо друго агенцијата за вработување треба да одржува бар обуки за CV (CV writing), како да се користат powerful words која е нивната цел, ..... и еден куп други информации поврзани со темата.
а за софтверот, ....... обично во софтверот се ставаат зборовите што се од огласот или нивни многу слични варијации, така да во CV-то треба внимателно да се стават тие зборови
 
Вака сега, кога се пријавувате за работа, кажувате дека знаете да работите со Microsoft Office бидејќи тоа е must за сите оние кои што сакаат работа, да не се лажеме.

Кога сме веќе таму, греота е да не знаете дека при Save As во Word имате опција да го направите како PDF без да превземувате софтвери од трети страни. Office 2010 го имаат тоа вметнато кај себе, додека во Office 2007 ќе треба да го превземете како додаток од официјалната страна, но и тоа се прави со еден клик повторно преку главното мени на Word-от.
 
Запазете во делот работно искуство кој го потполнувате: Значи не пишувајте работно искуство: келнер во Мичиген, оператор на Игри во САД, помошник готвач на брод, чистач на брод, а аплицирате за канцелариска работа.

Работно искуство е дел во кој се пишува заснован работен однос. Тоа подразбира осигурани, платени и може да се докажат со телефонски повик од новата фирма и со работни листови од Биро за вработување. Тоа е работно искуство кое се зема во обзир, друго не пишувајте ако немате, оставете го празен простор подобро одколку некој да ви го фрли св-то во канта.

Во делот практиканство и обука наведете онаму каде сте иделе без плата или сте биле ангажирани од факултет.
 
Ми треба CV да аплицирам за работа ако може некој да ми прати како треба да изгледа ,ако има веќе направено да ми го прати на email или некој линк да го слегнам .
 
cv na edna strana.jpg

Еве како може да изгледа цв на ЕДНА страница.

Како што кажа и леандра, во искуство ставајте ги само тие работи што се релевантни за местото за кое конкурирате. Значи ако кон курирате за сметководител, не пишувајте го вашето келнерско искуство. :)
 
Прегледај го приврзокот 72372

Еве како може да изгледа цв на ЕДНА страница.

Како што кажа и леандра, во искуство ставајте ги само тие работи што се релевантни за местото за кое конкурирате. Значи ако кон курирате за сметководител, не пишувајте го вашето келнерско искуство. :)

Мене ми треба во word document само да направам copy и да го пополнам,имам јас такво правено како што ми прати ти на english.сепак фала ти .
--- надополнето: 14 септември 2013 во 08:36 ---
kazete za kakva rabota stanuva zboe i ke vi pratam CV ... btw drzam trening zapishuvanje CV i motivaciono pismo kako i baranje na rabota ... ako treba pomosh kazujte

Гледам доста е стар коментарот, па ми треба CV за вработување во салон па ако може некој word документ да ми пратиш да го пополнам и пратам.поздрав
 
Мене ми треба во word document само да направам copy и да го пополнам,имам јас такво правено како што ми прати ти на english.сепак фала ти .
--- надополнето: 14 септември 2013 во 08:36 ---

Гледам доста е стар коментарот, па ми треба CV за вработување во салон па ако може некој word документ да ми пратиш да го пополнам и пратам.поздрав

Јас се извинувам што ќе ја играм улогата на адвокат на ѓаволот, но да не треба да отидеме и на интервју за тебе? Па, да работиме и за тебе?

Имаш Google, снајди се.
 
Ке може некој да ми испрати пример како треба да изгледа CV? Благодарам однапред :)
 
Смее ли да се стави слика со капа (слика од апсолвентска) на CV-то?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom