здраво, има некој активен на темава?
Во потрага сум по фотоапарат со буџет докај +/- 40.000ден. Е сега се мислам измеѓу dslr и mirrorless. Во главно до сега имам користено само камера од телефон, а апарат најмногу до nikon coolpix l810, е сега првично сакав да земам dslr, шо ке ми користи за хоби(street photography, шетам често во природа исто така) во главно интересно ми е едитирањето слики, моментално сум заразен со lightroom па затоа сакав да земам некој подобар апарат. До сега како што разгледував се мислам измеѓу canon 200d, 750d, nikon d5300, како плус сакам да е понов модел со тоа што дисплејот ќе е ротирачки по можност. Е сега земав да разгледувам и mirrorless ама не сум толку упатен а гледам цените на пр. fujifilm x-t10 започнуваат исто како погоре наведените dslr. Се извинувам ако натрупав многу информации се надевам некој ќе сфати што всушност сакам
. Дали некој може да ми каже што би ми била надобрата опција прво дали dslr или mirrorless, и конкретни модели(мене најмногу ме влече 200d како што читав критики и според цена, со тоа што би го земал првично со обичен објектив вклучен во цена, а покасно би купил подобар објектив).
п.с.не сум сигурен колку можев да сфатам како им одат сериите на пр. 200d,2000d,750d,800d или исто никон d3300...d3500,d5300,d5600, кои се различни серии, а кои се иста серија само понови модели и кои се главните разлики во сериите ?