Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Зар и ти сине Бруте почна со разводнување на муабетите .... ти бар секогаш си држел до темата, што бидна, да не те погодив во некој нерв ... наречен левица :sneaky:.
Ја не напишав левица се криви, затоа те молам немој со финти. Те прашав друго за левица.
Нема никакво разводнување Чорбаџи @Bafra, едноставно веќе се апсолвирани некои теми, ти се залагаш за максимална дерегулација на економскиот систем, јас за дијаметрално спротивното, и тука е agree to disagree.

Што се однесува до Левица, јас како ревносно шо ги поддржувам (повеќе е бранам од оркестрирани напади од министерството за вистина) ќе бидам прв шо ќе ги плука уше поревносно ако ја изневерат довербата, во случај да се доберат до пратенички места, пошто за повеќе и теоретски немаат шанси. Едино во некакава коалиција да добијат ресор па преку негово раководење да покажат нешто, др. тешко. Ако се сведат на пајовци и туфтевци...толку.

Инаку јас не сум радикален левчар и во добар дел од политиките на Левица не се согласувам, иако се работи за нијанси и контури, идеолошки наспроти прагматичен пристап, меѓутоа искрено им давам поддршка како на млади, образувани и пред се неискомпромитирани кадри кои се идеолошки профилирани, барем оние кои се експонирани, за разлика од неолибераливе и неоконзервативците. Макар шо и тоа не се, убаво напишал Младенов, партиски племиња.
Пак да речам дека не ги гледам Левица, посебно на краток рок како решение туку како лост за поместување на одредени состојби.Жалам само шо не гледам иницијатива од нив за промена на изборен модел, една изборна единица и/или отворени листи да има барем малку надеж за позитивни промени во земјата после неколку изборни циклуси.

Кажав во овој случај (за цесијата), нема криминал. За други случаеви, си има платени служби нека си ја заработат платата, ама изгледа бонусите им се послатки :D .
Ти очигледно работиш друга тематика во приватниот сектор, па нормално не те интересирале овие процедури.

Кочо штом соработувал со ФЕНИ, сигурно ги знае луѓето таму и сигурно ја знае состојбата. И да не ја знаел ситуацијата, најнормално е плаќање со цесии и компензации ( во нашава земја). Кога гледа дека лоша е економската состојба (не навлегуваме зашто е лоша) нормално е да сака да си наплати. Наплатил преку цесија и не е единствен во земјава на тој начин. И да е 3 дена пред стечајот, нема никаков криминал. (во цесијата зборам, не за стечајот)

На пример, имаш компензација помеѓу 5-6 фирми кои соработуваат (не се поврзани во сопствеништво). На пример Макстил, ЈСП, Водовод, РЖ Услуги и "ПЕТКО"
Мене ми должи едната фирма, правам кругот на компензација, (кој на кого должи, кој од кого побарува) ги ставам сите во предлогот за компензација со износот кој ми должи фирмата. Неколку дена патува од фирма до фирма тој предлог. 4 фирми се согласуваат, т.е. се потпишуваат на компензацијата само Водовод А.Д. не се согласува, иако и тој е должник на една од 5те фирми, иако прифаќал компензации претходно, иако рекол пуштете компензација па ќе видиме. Значи ти пропаѓа компензацијата т.е. трудот од неколку дена носење на документот.
Сепак во поголеми фирми, посебни сектори си ги бркаат тие работи, ама потпис дали ќе стави директорот тоа не знаат од секторот.

Значи Кочо и ФЕНИ нема потреба да знаат дали УЈП ќе се согласи или не. Тоа е лично право на УЈП, a УЈП го има правено и претходно со други фирми.
Првин се прави цесијата и се пушта до останатите 2 фирми за потпис. Дали УЈП ќе се согласи или не тоа е друго прашање, ама ако не направиле претходно цесија и не ја прателе, како ќе знаеле.... Значи договорот го склучиле ама НЕМА криминал во тоа, од аспект на тоа дека е легално. Доколку УЈП ги одбие, никому ништо. ФЕНИ продолжува да му должи на Кочо и тоа ти е тоа.
Врска датумите, претпоставувам дека отако добиле потврда од УЈП дека им е прифатена цесија, тогаш го вметнале нивниот број. Претходно каков број сакаш да напишат ....
Сепак Кочо не е глуп, па си плаќа за совети, а тимот од правници кои ги има се едни од постручните во земјава. Сигурно нема да дозволат на вакви ситници, газдата да го јаде стапот.

Другите работи што си ги напишал за ФЕНИ, не беа тема на моите реплики до тебе, затоа и потенцирав случајот со цесијата си е чист. Плус како акционер во Комерцијална биди сигурен повеќе сум пљукал од тебе, кога слушнав фени и стечај.:D
Секое едно правно лице со своето формирање стекнува права и обврски. Обврските особено она шо се однесува на должничко-доверителски односи делумно или во целост ако не се лажам е регулирано од законот за облигациони односи.
Згора на сево ова цесијата сама по себе е различна ако станува збор за ликвидно и неликвидно правно лице.
Плус, едно е да станува збор за јавни претпријатија како Водовод и ЈСП, гиганти како Фени и Макстил со прилично комплексна структура, сосема трето би било еве да го ставиме РЖ Услуги како јавноприватно партнерство и на крај ДООЕЛ Петко како изгубен германец во цела оваа приказна. Да нагласам дека ова го пишувам како чист лаик, а од сево ова кога ќе се направи една генеза на настаните, мислам дека е повеќе од очигледно дека се работи во најмала рака за злоупотреба на позицијата помеѓу ЕДЦ и Фени. Настрана фаворизирање на грчки купувач и потоа исклучително доходовна куопродажба пак со грчка врска.

Врати се наназад да видиш како уште тогаш напишав дека околу Фени имаше судир на грчко-бугарски структури од МКД.

Најстрашно е шо типот дури брка лични интереси, местото како универзитетски професор го има ставено во мирување чисто колку за престиж, а во меѓувреме некој кој сака посветено да работи на таа позиција за тие средства а има одличен просек во своето формално образование, бара чаре како да емигрира од државата. Само Хидрожмицко ти е типичен пример како се станува универзетски професор и како речиси насекаде владеат династии, било образование, судство, здравство итн.

После се околу Господин Газда Кочо мислам дека е безпредметно да се дискутира понатаму...


Врска маусот кој вреди 150 денари а го шиткаат 3.000 денари, кажи КОЈ Е КРИВ и кај кого иде разликата од 2,850 денари ....
Зависи кој ја договара целата работа. Дали се работи за поединци за некој поситен тендер кој некако се измолкнал или пак на ниво на организирана структура т.е партија (или партиски клан да речиме). Горе долу се знаат провизиите како се движат, да не се лажеме.

Абе муабетов е жабата го видела коњот па и таа дигнала ногата.
Шведска од секогаш ли имала данок 35% .... а мислам дека им е повисок и прогресивен за многу дејности.( не сум сигурен)

Шведска колкав и е долгот ....
Шведски фирми, граѓани чуваат ли пари на офшор раевите ... ИКЕА каде чуваат парите ;)

За да зборите Шведска, Германија, УК и слични, треба првин нивните почетоци да ги изодиме па после.

А за тоа наменски, ехееее колку револуции имало на запад ради тоа.
Народ не сфаќа дека ова е битка меѓу администрацијата и сите останати. Се што прават е да си обезбедат плата и пензија за понатака, а успат привелегии и бонуси за средување на работа за која е платен да ја сработи.
No Taxation Without Representation



Не само шо имало револуции туку има и сега разно разни опшествени потреси секаде во развиените земји, особено околу корупцијата. Ама ти имаш став дека не може ништо да се смени и остануваш во бинарниот модел на курто и мурто пошто Левица ете неги бивало на невидено.
Сите прават муабет за писмата на началникот иако длабоко во себе знаат дека сево ова е една голема фарса, единствено не се сигурни во чија режија и со какво сиже до конечен расплет, иако и тоа горе долу треба да ни е јасно до сега. Арно ама никој не се ни обидува да каже дека еве добија овие шанса и секој ден уринираат врз истата, па да се бара промена на изборен модел, отворени листи да се влијае како така на кадровската политика и да се даде шанса на помалите партии. Тоа е тој сеирџиски менталитет а сите кукаме за низок животен стандард.

Размисли како само истото тоа македонче може ако ништо друго барем да се потруди да се вклопи во Шведска, Германија или каде и да е...


Многу елоквентен испадна Мијалков, волку писма нема цел живот напишано колку што ги напиша овие денови

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
Има веројатно некој реципроцитет во овој негов „прозападен“ ангажман ви-за-ви сносење одговорност за она шо (не) го правел. Зависи од кој аспект се гледаат работите. Колку повеќе писма толку помала одговорност или сл. Настрана шо во каков и да е контекст сево ова апла се гледа дека е мапет шоу.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.321
Поени од реакции
18.965
Не те прашав тоа, те прашав кој беше ќарот од законот? Не разбираш македонски?
Па имаше многу млади брачни парови кои баш поради овој закон се одлучија за трето дете.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Па имаше многу млади брачни парови кои баш поради овој закон се одлучија за трето дете.
Колку многу? 30 во цела Македонија, ако не ги сметаме циганите. Колку млади македонски парови ти познаваш што имаат 3 деца?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Чим си вака стручно информиран, ондак кажи бројка и за циганите, албанците, турците...
Не мора да се напаѓа секој закон кој ќе го донесе оваа власт, не си на норма. На сите им е јасно дека законот за трето дете беше жива катастрофа, и плус е дискриминаторски.

Наталитет не се потикнува со вакви идиотски закони, туку со подобрување на квалитетот на животот. Освен тоа, најголемиот број на парови кои имаа три или повеќе деца беа без високо образование и без можности да им овозможат убава иднина на тие деца.

Ама нема проблем, ајде да драмиме, ВЛАДАТА ГО УКИНА ЗАКОНОТ ЗА ТРЕТО ДЕТЕ...

ЛЕЛЕ, КАТАСТРОФА !!!!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.017
Поени од реакции
84.687
Не мора да се напаѓа секој закон кој ќе го донесе оваа власт, не си на норма. На сите им е јасно дека законот за трето дете беше жива катастрофа, и плус е дискриминаторски.

Наталитет не се потикнува со вакви идиотски закони, туку со подобрување на квалитетот на животот. Освен тоа, најголемиот број на парови кои имаа три или повеќе деца беа без високо образование и без можности да им овозможат убава иднина на тие деца.

Ама нема проблем, ајде да драмиме, ВЛАДАТА ГО УКИНА ЗАКОНОТ ЗА ТРЕТО ДЕТЕ...

ЛЕЛЕ, КАТАСТРОФА !!!!
Не ми беше тоа прашањето, не кружи како киша око крагуевца... повели уште еднаш прашањето, со зголемен и здебелен фонт.

Чим си вака стручно информиран, ондак кажи бројка и за циганите, албанците, турците...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не ми беше тоа прашањето, не кружи како киша око крагуевца... повели уште еднаш прашањето, со зголемен и здебелен фонт.
Не го разбирам прашањето, не знам што значи зборот ондак.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.321
Поени од реакции
18.965
Не мора да се напаѓа секој закон кој ќе го донесе оваа власт, не си на норма. На сите им е јасно дека законот за трето дете беше жива катастрофа, и плус е дискриминаторски.

Наталитет не се потикнува со вакви идиотски закони, туку со подобрување на квалитетот на животот. Освен тоа, најголемиот број на парови кои имаа три или повеќе деца беа без високо образование и без можности да им овозможат убава иднина на тие деца.

Ама нема проблем, ајде да драмиме, ВЛАДАТА ГО УКИНА ЗАКОНОТ ЗА ТРЕТО ДЕТЕ...

ЛЕЛЕ, КАТАСТРОФА !!!!
Во сите држави каде што има подобар квалитет на живеење наталитетот се намалува.А не значи дека ако немаш високо образование не можеш да им обезбедиш убав на живот на децата.А факт е тоа дека најмногу овој закон го користеа Албанците и циганите тука нема што да дискутираме.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.154
Поени од реакции
12.638
Колку многу? 30 во цела Македонија, ако не ги сметаме циганите. Колку млади македонски парови ти познаваш што имаат 3 деца?
Кај Албанците нема?

Ми текнуе коа се носеше законот тоа требаше да биде на места каде што има мал наталитет, а СДС нешто велеа дека е дискриминирачки спрема државотворниот народ...

И сеа истите тие СДС велат дека големи трошкови биле...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom