Иако е офтопик, може нешто да споделиш накратко околу новите сознанија во западните научни кругови?
Најсериозно прашувам, ме интересира тематикава.
Се отворија архивите на СССР и останатите источно европски земји кои беа зад Завесата и американски, австралиски и други историчари навлегоа по информации и нови сознанија за Втора Светска. Тоа се случи од кај девеести, до неодамна (двеилјади и некоја), кога Путин реши пак да ги затвори (не за да не му роварат странци, туку затоа што почнаа да се дешаваат правни проблеми за отштета и рехабилитација на мноооогу советски граѓани убиени од режимот, а чии наследници и роднини исто така побрзаа да видат тоа што ги интересира). Како и да е, останаа отворени архивите на другите пост-комунистички земји, но главнината на документите, нивно огромно мнозштво се во бившите советски архиви во Русија.
Пред се станува збор американски историчари, како Дејвид Гланц, Читино, Џонатан Хаус, Дејвид Штал (од Австралија) и други. Во архивите на Русија и другите пост комунистички земји (ГДР, Полска, Чешка и др.), има многу советски, но и германски документи, кои разрушуваат повеќе митови и погрешни наративи, воспоставени од половина на минатиот век, па се до денес.
И тука има многу нови нешта кои советите ги криеле, заташкувале или искривувале во јавноста од идеолошки побуди, но уште повеќе и попогрешни наративи, околу Втора Светска, имало на Западот, воспоставени по војната, исто така од идеолошки побуди.
Тие информации беа обработувани, научно верифицирани и сега, во изминатава деценија, јавно се објавува една нова слика за таа војна. Дејвид Гланц, на пример, за својата работа е признаен и одликуван и од Русија и од американската научна јавност.
Сите овие информации не се никаков брејктру во очите на кооперациски муабетчии, т.е. нема да дознаеш дека у ствари не тепале Русите него Германците, тоа се информации релевантни на поголемо зумирање и битни за оние кои имаат малку подлабоко знаење од просечниот незналица.