Moјот муабет за Втора Светска нема никаква скриена поента, само фактографско исправање на невистини.
Да, Стаљин, а не Русија, баш така наивно му поверувал на Хитлер,толку самоуверено и идиотски што продолжил да му верува дури и кога сите од надвор и внатре го предупредувале на спротивното, дури и откога Хитлер го нападнал. Неколку часа по почетокот на нападот, во обратна насока поминал цел воз со советски суровини за Рајхот. Тоа бил последниот воз. Стаљин поради оваа грешка се криел цели седум дена по нападот и бил убеден дека кога ќе го контактираат следниот пат, тоа ќе биде за да го уапсат за предавство.
Стаљин урлаше против фашизмот, а Хитлер против болшевизмот, но за време на нивната соработка, во СССР секој кој ќе урлаше против Хитлер беше сметан за антидржавен елемент, а зборот фашизам беше забрането да се споменува.
Немам никаква поента околу ова, само исправам неточности. И немој да си се залажуваш дека тоа било драгоцено купување време, можам ида ти објаснам, зошто не.
А све што зборам за Втора Светска, можам документирано да образложам.