Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.746
Поени од реакции
82.907
Ако сака да креваат рака во Собрание ќе бидат, оваа Пандорина кутија што ја отворија нема да е на арно само за Македонците. Нека помине двојазичноста и нека ги стават во Устав, па ќе правиме муабет како ќе се формираат следните огласи за јавна администрација, еве од свежите огласи следи до крај колку од тие 33 души што ги бараат во МЖ ќе бидат од браќата, јас типувам на 20тина според муабетите што ги слушнав од тие што ги познавам таму.

Епа тоа ми беше муабетот, ако албанците според Устав станат државотворен народ, ондак тука имаме дефакто Југославија во мало...

Е ова е веќе играње со оган, ако во '92 или '93 референдумот што го направија албанците беше неважечки, со овие права што ги добиваат денес во Уставот, утреден ако сакаат да се отцепат, никој ќе неможе ништо да им направи.

Е сега треба да се збори за поделби на државата, а не кога некои крекаа пред 30 Септември дека ако пропаднел референдумот ќе имало војни, делења и штотијасзнам.

Зоран Заев (ќе) и нанесе таква штета на државава, што нивните последици ќе се чуствуваат години и години понатаму.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.622
Поени од реакции
3.388
Зоран Заев (ќе) и нанесе таква штета на државава, што нивните последици ќе се чуствуваат години и години понатаму.
Заев нема да и нанесе штета. Т.е. сите овие чекори ги најави во предизборната во 2016та и претходно.
Народот е тој што ја направи најголемата штета и ќе си ги чувствува последиците доживотно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали на некој му се јавувале на телефон деновиве за да му поставуваат анкета за тоа што мисли за работата на Џорџ Сорос во Македонија и какво мислење сте имале за него? o_O:pos::pos:

Мене денес ми се јавија...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Излишно е да се коментира веќе целата оваа ситуација. Жално е само што требаше да паднеме на ова дереџе за да одредени поединци се свестат дека и двете партии уствари се исто срање. А уште потрагично е што голема бројка си остана на истиот став и се прпелкаат во место преку патетични обиди за релативизирање на гомнениците кои што и ВМРО и СДСМ ни ги приредуваат секојдневно. Не му оставија ниту еден разумен аргумент, ги пуштија голи и боси да водат борба против ветерници и да прават будали од себе.

Смешно е веќе оваа територија себеси да се нарекува држава, затоа што ги изгуби сите белези на таквото уредување.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.349
Поени од реакции
28.215

Mislam deka tuka gresis.
Nikoj od niv se nema osvesteno.

Alal da im e na tie sho izvadija bugarski pasoshi.
Napravile najdobra odluka vo zivotot najseriozno.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Се си има генеза, значи постојат многу малку случајности и добар дел конзистентност во реализација на агендата, хронолошки,

Бали комбетар се активни фашистички колаборационисти, после капитулацијата на Италија, германците цело формациско вооружување од италијанците им го даваат нив со шо постигнуваат и на огнена моќ а и на бројност во своите формации, истите се најжестоки во пружањето на отстапници при повлекувањето на германците од Балканот иако знаеле дека цела приказна е завршена, сепак до 1947 активно во Западна МКД има полна офанизива за нивно разбивање а според некои податоци дури во 50тите има спорадични престрелки со балистички банди...и сето тоа е исклучиво со единици на НОБ на МКД, пак да речам лоша паралела.Значи македонците немале никакви вооружени или било какви формации/организации кои може да се окарактеризираат како колаборационистички за време на ВСВ, освен присилна мобилизација од страна на бугарските окупатори и мал дел доброволци, настрана пропагандата за Ванчо Михајлов и ВМРО Автономистичка која е безначајна тогаш, и сам знаеш дека во АСНОМ учество земаат и учесници во Илинденското востание.
Во меѓувреме се случува егзодусот во Егејска Македонија, иако некој се обидува да го прикаже како идеолошки, сепак во најголем дел тоа е на етничка основа. Директно Запад (САД и ВБ воглавно) се вклучува во тие операции за октроирање на монархофашистичка власт во Грција, да не одиме уште повеќе надвор од темата во егзодусот на еден народ кој некој од петни жили се обидува го задржи под тепихот на историјата.

Приказната со нацистичките структури после ВСВ е обемна, меѓутоа важно е да се спомне дека исклучиво Западот ги зема под своја закрила во спрега со католичката црква како средство за борба против болшевиците, на Исток се среќни ако завршат на гулаг и не им се суди по кратка постапка. Секаде без исклучок стои дека не се покажале баш во разузнвањето колку шо се истакнале во репресија, добар дел завршуваат во Француската Легија на Странци и колонијалните војни на Франција низ Северна Африка, Индокина итн.

Службите за државна безбедност секогаш без исклучок ќе бидат предмет на злоупотреба, зависи од колкав обем, невозможно е да таква моќ да биде раководена од човек а да се одолее, не ми беше тоа поентата, цела работа е во тоа шо макеоднците немале ни оддалеку она шо го имале тие шо ги наведе ти како пример-тоа се усташите и балистите а биле жестоко репресирани, минорна опасност биле македонските патриотски организации во и надвор од СФРЈ а биле репресирани надвор од пропорции.
Посебно и тогаш а и сега се третира македонското прашање, мислам сега е повеќе од јасно, ова шо се прави на Македонија е класичен инженеринг преку која не само шо се редефинира државата, се работи и бришење на еден народ. Само шо сега за разлика од периодот после ВСВ тоа се прави на еден поелегантен начин.
Јас не ти го спорам ова (во болдот). Македонците можеби биле најголеми Југословени од сите. Нормално, имало луѓе што мислеле поинаку и што имале други идеи за државата - не сум рекол никогаш дека не ги ценам, меѓутоа згадено ми е од правење на икони на погрешни луѓе. Исто така, таа служба за која збориме е сатанизирана многу после распадот на Југославија. Еве еден пример ќе ти дадам - режисерот Љубиша Георгиевски, човек поради кој немаат пркнато еден куп театарски режисери, бил игран, добивал работа, бил експониран во тој систем - што апла значи дека бил „подобен“ и сеа тоа смрдено старчиште фрла говна врз истите тие служби и сведочи по разноразни документарци за бруталноста - на него не му верувам. Не им верувам на многу такви како него што си ги добија своите 5 минути многу скоро.
Ова што збориш дека овде тој систем бил во mode-extra, јас повеќе мислам дека произлегува од синдромот на самоуништување, кој и сега е изразен и историски го имало - завист, омраза кон соседи, колеги, пријатели која се преточува во кодошење, клеветење исл. Еве, кажи ми дека денес не е така? Потполно исто е.
Белград си се наметнал, што е нормално, најголем народ по бројност, застапен во сите поединечни републики, посебно Црна Гора, Босна, па и Хрватска - имам за ова пишувано и порано - кај нас многу ретко се пројавувала самосвест, многу ретко. Жал ми е, ама така. И у брак можеш да се поставиш жена ти да те крши од ќутек.
Стварање култови од Мане Јаковлевски, Драган Богдановски...проучи ги поубаво нивните ликови и дела. Познавам луѓе што директно соработувале и ги познаваат...не е тоа - тоа. Згора на се, најдобар податок ти е што „делувале“ од странство, па ја имаш сегашнава дијаспора - јасно ти е колку е „сплотена“ дијаспората и колку се потресува за државава. Се работи за слабо школувани ликови, повеќе водени од емоција, отколку од силно патриотско чувство и некакви големи интелектуални и организациони капацитет, маргинални ликови. Кој е нивниот учинок реално? Формирање на партија со украдено име што се извитопери у најголем душман на сопствениот народ?

За граѓанската војна во Грција по Втора светска...
Тоа е идеолошки судир. Политички судир. Бугарија, Грција и Албанија имаат како држави најсилно етаблиран националистички 'рбет, за разлика од "братство-единство" системот тука. Ниедна од државите не е етнички чиста, посебно ова е изразено во Грција, каде што народот е своевиден хибрид, доселуван од Анадолија и каде све не. Потребата да се воспостави географски тампон на понатамошно ширење на Турција кон Европа, некој некогаш во Британија и Русија си мислел дека ќе го постигне со силни националистички настроени држави поставени на нејзините граници. Во времето кога Грција е формирана како држава, Русија била царство. Поделбата внатре во грчкото општество е настаната поради појавата на комунизмот. 100 пати имам пишано дека изборот на македонското малцинство да ја поддржи комунистичката партија во Грција е според мене правилен. Југословенска интервенција во Грција би значела војна со Британија, во која многу веројатно би се вмешала и Русија, затоа што била на самата граница (во Бугарија). Каков би бил исходот, не знам, никој не би знаел. Дека има да му се замери на раководството на КПЈ, на Тито - ИМА, не има, туку ИМА МНОГУ. Но и на онолкаво хрватско-црногорско (па и босанско-словенечко) крајбрежје, к** ќе барале геостратешки на Егејско, не им требало. Требале да влегуваат у конфликт со држава со која претходно не војувале никогаш, па ни ние. Знаеш дека ги интересирале и Трст и Клагенфурт, па им рекле "ај враќајте си се у граници на СХС и не јадете г***а многу". Тој дел ретко кој го збори кога се збори за неподдршката во нашио проблем.
Меѓутоа, мој став е дека овде и немало таква иницијатива како што денеска се прави мит дека имало. Партизанските одреди се формирани со помош на српски комунисти....Темпо, и тоа не е мит, туку чиста вистина. Важното е што имало македонски партизани. Важно е што избориле тие. Еве денеска, конвертираните комуњари се иссеруваат баш на тој АСНОМ и баш на тие придобивки. Дали требало или не требало да се иде у федерација, потоа дали сме имале избор воопшто....тоа се прашања што мислам дека нема никогаш да има консензус околу нив - никогаш. Мој став е дека (го имам напишано и порано) дека попаметно е да се живее во држава од 22 милиони, со луѓе со кои се разбираш, имаш слични или исти антрополошки карактеристики, етнолошки многу слични и многу заеднички интереси. Се покажа како го изигравме тоа сами - наш проблем, очигледно лошо сме играле и тогаш, што кажува денешново.
Секој нормален човек требаше при првите обиди да се манипулира во транзицијата, со кражба на државен имот, бркање од работа, етнички конфликти и се друго негативно - требаше политичарите да ги бесиме по бандери, а ние што праиме - рециклираме говна скоро 30 години. Во други теми имам пишувано дека емиграција не поддржувам и не оправдувам - дека требаше да се седи тука и на секој погрешен чекор да се искача на улица, да се урла и фрла пред собрание, да се кршат глави.

Пред 2001-ва, мислев дека на денот кога ќе се смени името, овде ќе избие внатрешен конфликт у кој ќе се успоубиеме меѓусебно. Откако ја потпишавме таа капитулација, така глатко, без реакција - веќе ова не ме изненадува.
Читам последниов период, многу од тие што се против промена (со кои го делам мислењето), потенцираат дека ниедна друга држава на светот не си го дефинирала поредокот внатре, по инструкции на друга држава, а притоа забораваат дека во 2001-ва ние уставот го сменивме откако припукаа пар ш иптарски банди. Да не се праиме луди без потреба, сите ние сме си криви за ова.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.628
Поени од реакции
26.138
Никогаш, ниедна држава во светот немала свесен народ за да нештата зависат од народот.... кај нас е проблем што не се свесни ниту политичарите...

Оние кои ја водат оваа држава ја сочинуваат квази-интелектуалната елита специјално скроена да преслика туѓи интереси... Тоа се случува од 1944.... во независноста само превземавме политичари со веќе оформен сервилен мајндсет, на кои лесно им се инкорпорираат инструкции... впрочем они знаат да владеат само со инструкции. Кон секоја прогресивна мисла агресивно се однесуваат пред се гледајќи интелектуална закана кон сопствениот естаблишмент, користејќи добро познати механизми за канализирање од претходниот систем.

Тоа што ниедна прогресивна мисла не пркна во последниве 27 години е директна последица и на мешањето во внатрешните работи на светската елита .. Секој обид за бунт беше лоциран и загушен со амин и со помош на тукашните инсталации на западните демократии ...
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.212
Поени од реакции
18.030
Никогаш, ниедна држава во светот немала свесен народ за да нештата зависат од народот.... кај нас е проблем што не се свесни ниту политичарите...

Оние кои ја водат оваа држава ја сочинуваат квази-интелектуалната елита специјално скроена да преслика туѓи интереси... Тоа се случува од 1944.... во независноста само превземавме политичари со веќе оформен сервилен мајндсет, на кои лесно им се инкорпорираат инструкции... впрочем они знаат да владеат само со инструкции. Кон секоја прогресивна мисла агресивно се однесуваат пред се гледајќи интелектуална закана кон сопствениот естаблишмент, користејќи добро познати механизми за канализирање од претходниот систем.

Тоа што ниедна прогресивна мисла не пркна во последниве 27 години е директна последица и на мешањето во внатрешните работи на светската елита .. Секој обид за бунт беше лоциран и загушен со амин и со помош на тукашните инсталации западните демократи...
Е овај одговор го покрива делумно, но не целосно проблемот со државотворноста на Македонија.

Вистината зошто се прават државите е дека и се потребни на некоја елита да го загради трлото и да си ја владее територијата и да си ги молзе овците.

Ние немаме таква елита...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.628
Поени од реакции
26.138
оф оф.... полноправно членство во НАТО 2020. после последната ратификација...нели ако се ратификува од другата страна... Нема НАТО во јуни 2019.... ај сега да видиме како ќе се излижат овие гомна...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
пфф, како сме изненаѓени. љуѓе што не си ја паметат ниту скорешната историја па везеа (и уште везат) за патриоти и предавници.
Нормално, Албанија е нато членка. Ако уште чекаме и Косово и Палестина ќе ни диктираат услови. Не е до ако туку кога.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.041
Поени од реакции
18.065
Јас не ти го спорам ова (во болдот). Македонците можеби биле најголеми Југословени од сите. Нормално, имало луѓе што мислеле поинаку и што имале други идеи за државата - не сум рекол никогаш дека не ги ценам, меѓутоа згадено ми е од правење на икони на погрешни луѓе. Исто така, таа служба за која збориме е сатанизирана многу после распадот на Југославија. Еве еден пример ќе ти дадам - режисерот Љубиша Георгиевски, човек поради кој немаат пркнато еден куп театарски режисери, бил игран, добивал работа, бил експониран во тој систем - што апла значи дека бил „подобен“ и сеа тоа смрдено старчиште фрла говна врз истите тие служби и сведочи по разноразни документарци за бруталноста - на него не му верувам. Не им верувам на многу такви како него што си ги добија своите 5 минути многу скоро.
Ова што збориш дека овде тој систем бил во mode-extra, јас повеќе мислам дека произлегува од синдромот на самоуништување, кој и сега е изразен и историски го имало - завист, омраза кон соседи, колеги, пријатели која се преточува во кодошење, клеветење исл. Еве, кажи ми дека денес не е така? Потполно исто е.
Белград си се наметнал, што е нормално, најголем народ по бројност, застапен во сите поединечни републики, посебно Црна Гора, Босна, па и Хрватска - имам за ова пишувано и порано - кај нас многу ретко се пројавувала самосвест, многу ретко. Жал ми е, ама така. И у брак можеш да се поставиш жена ти да те крши од ќутек.
Стварање култови од Мане Јаковлевски, Драган Богдановски...проучи ги поубаво нивните ликови и дела. Познавам луѓе што директно соработувале и ги познаваат...не е тоа - тоа. Згора на се, најдобар податок ти е што „делувале“ од странство, па ја имаш сегашнава дијаспора - јасно ти е колку е „сплотена“ дијаспората и колку се потресува за државава. Се работи за слабо школувани ликови, повеќе водени од емоција, отколку од силно патриотско чувство и некакви големи интелектуални и организациони капацитет, маргинални ликови. Кој е нивниот учинок реално? Формирање на партија со украдено име што се извитопери у најголем душман на сопствениот народ?

За граѓанската војна во Грција по Втора светска...
Тоа е идеолошки судир. Политички судир. Бугарија, Грција и Албанија имаат како држави најсилно етаблиран националистички 'рбет, за разлика од "братство-единство" системот тука. Ниедна од државите не е етнички чиста, посебно ова е изразено во Грција, каде што народот е своевиден хибрид, доселуван од Анадолија и каде све не. Потребата да се воспостави географски тампон на понатамошно ширење на Турција кон Европа, некој некогаш во Британија и Русија си мислел дека ќе го постигне со силни националистички настроени држави поставени на нејзините граници. Во времето кога Грција е формирана како држава, Русија била царство. Поделбата внатре во грчкото општество е настаната поради појавата на комунизмот. 100 пати имам пишано дека изборот на македонското малцинство да ја поддржи комунистичката партија во Грција е според мене правилен. Југословенска интервенција во Грција би значела војна со Британија, во која многу веројатно би се вмешала и Русија, затоа што била на самата граница (во Бугарија). Каков би бил исходот, не знам, никој не би знаел. Дека има да му се замери на раководството на КПЈ, на Тито - ИМА, не има, туку ИМА МНОГУ. Но и на онолкаво хрватско-црногорско (па и босанско-словенечко) крајбрежје, к** ќе барале геостратешки на Егејско, не им требало. Требале да влегуваат у конфликт со држава со која претходно не војувале никогаш, па ни ние. Знаеш дека ги интересирале и Трст и Клагенфурт, па им рекле "ај враќајте си се у граници на СХС и не јадете г***а многу". Тој дел ретко кој го збори кога се збори за неподдршката во нашио проблем.
Меѓутоа, мој став е дека овде и немало таква иницијатива како што денеска се прави мит дека имало. Партизанските одреди се формирани со помош на српски комунисти....Темпо, и тоа не е мит, туку чиста вистина. Важното е што имало македонски партизани. Важно е што избориле тие. Еве денеска, конвертираните комуњари се иссеруваат баш на тој АСНОМ и баш на тие придобивки. Дали требало или не требало да се иде у федерација, потоа дали сме имале избор воопшто....тоа се прашања што мислам дека нема никогаш да има консензус околу нив - никогаш. Мој став е дека (го имам напишано и порано) дека попаметно е да се живее во држава од 22 милиони, со луѓе со кои се разбираш, имаш слични или исти антрополошки карактеристики, етнолошки многу слични и многу заеднички интереси. Се покажа како го изигравме тоа сами - наш проблем, очигледно лошо сме играле и тогаш, што кажува денешново.
Секој нормален човек требаше при првите обиди да се манипулира во транзицијата, со кражба на државен имот, бркање од работа, етнички конфликти и се друго негативно - требаше политичарите да ги бесиме по бандери, а ние што праиме - рециклираме говна скоро 30 години. Во други теми имам пишувано дека емиграција не поддржувам и не оправдувам - дека требаше да се седи тука и на секој погрешен чекор да се искача на улица, да се урла и фрла пред собрание, да се кршат глави.

Пред 2001-ва, мислев дека на денот кога ќе се смени името, овде ќе избие внатрешен конфликт у кој ќе се успоубиеме меѓусебно. Откако ја потпишавме таа капитулација, така глатко, без реакција - веќе ова не ме изненадува.
Читам последниов период, многу од тие што се против промена (со кои го делам мислењето), потенцираат дека ниедна друга држава на светот не си го дефинирала поредокот внатре, по инструкции на друга држава, а притоа забораваат дека во 2001-ва ние уставот го сменивме откако припукаа пар ш иптарски банди. Да не се праиме луди без потреба, сите ние сме си криви за ова.
Лично можеби и не се согласувам со некои од овие работи според моето убедување ама се шо си напишал е реално до коска од збор до збор.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.424
Поени од реакции
79.409
Лично можеби и не се согласувам со некои од овие работи според моето убедување ама се шо си напишал е реално до коска од збор до збор.
Не. Има две погрешни ствари. Онака, фино погрешни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom