Се си има генеза, значи постојат многу малку случајности и добар дел конзистентност во реализација на агендата, хронолошки,
Бали комбетар се активни фашистички колаборационисти, после капитулацијата на Италија, германците цело формациско вооружување од италијанците им го даваат нив со шо постигнуваат и на огнена моќ а и на бројност во своите формации, истите се најжестоки во пружањето на отстапници при повлекувањето на германците од Балканот иако знаеле дека цела приказна е завршена, сепак до 1947 активно во Западна МКД има полна офанизива за нивно разбивање а според некои податоци дури во 50тите има спорадични престрелки со балистички банди...и сето тоа е исклучиво со единици на НОБ на МКД, пак да речам лоша паралела.Значи македонците немале никакви вооружени или било какви формации/организации кои може да се окарактеризираат како колаборационистички за време на ВСВ, освен присилна мобилизација од страна на бугарските окупатори и мал дел доброволци, настрана пропагандата за Ванчо Михајлов и ВМРО Автономистичка која е безначајна тогаш, и сам знаеш дека во АСНОМ учество земаат и учесници во Илинденското востание.
Во меѓувреме се случува егзодусот во Егејска Македонија, иако некој се обидува да го прикаже како идеолошки, сепак во најголем дел тоа е на етничка основа. Директно Запад (САД и ВБ воглавно) се вклучува во тие операции за октроирање на монархофашистичка власт во Грција, да не одиме уште повеќе надвор од темата во егзодусот на еден народ кој некој од петни жили се обидува го задржи под тепихот на историјата.
Приказната со нацистичките структури после ВСВ е обемна, меѓутоа важно е да се спомне дека исклучиво Западот ги зема под своја закрила во спрега со католичката црква како средство за борба против болшевиците, на Исток се среќни ако завршат на гулаг и не им се суди по кратка постапка. Секаде без исклучок стои дека не се покажале баш во разузнвањето колку шо се истакнале во репресија, добар дел завршуваат во Француската Легија на Странци и колонијалните војни на Франција низ Северна Африка, Индокина итн.
Службите за државна безбедност секогаш без исклучок ќе бидат предмет на злоупотреба, зависи од колкав обем, невозможно е да таква моќ да биде раководена од човек а да се одолее, не ми беше тоа поентата, цела работа е во тоа шо макеоднците немале ни оддалеку она шо го имале тие шо ги наведе ти како пример-тоа се усташите и балистите а биле жестоко репресирани, минорна опасност биле македонските патриотски организации во и надвор од СФРЈ а биле репресирани надвор од пропорции.
Посебно и тогаш а и сега се третира македонското прашање, мислам сега е повеќе од јасно, ова шо се прави на Македонија е класичен инженеринг преку која не само шо се редефинира државата, се работи и бришење на еден народ. Само шо сега за разлика од периодот после ВСВ тоа се прави на еден поелегантен начин.
Јас не ти го спорам ова (во болдот). Македонците можеби биле најголеми Југословени од сите. Нормално, имало луѓе што мислеле поинаку и што имале други идеи за државата - не сум рекол никогаш дека не ги ценам, меѓутоа згадено ми е од правење на икони на погрешни луѓе. Исто така, таа служба за која збориме е сатанизирана многу после распадот на Југославија. Еве еден пример ќе ти дадам - режисерот Љубиша Георгиевски, човек поради кој немаат пркнато еден куп театарски режисери, бил игран, добивал работа, бил експониран во тој систем - што апла значи дека бил „подобен“ и сеа тоа смрдено старчиште фрла говна врз истите тие служби и сведочи по разноразни документарци за бруталноста - на него не му верувам. Не им верувам на многу такви како него што си ги добија своите 5 минути многу скоро.
Ова што збориш дека овде тој систем бил во mode-extra, јас повеќе мислам дека произлегува од синдромот на самоуништување, кој и сега е изразен и историски го имало - завист, омраза кон соседи, колеги, пријатели која се преточува во кодошење, клеветење исл. Еве, кажи ми дека денес не е така? Потполно исто е.
Белград си се наметнал, што е нормално, најголем народ по бројност, застапен во сите поединечни републики, посебно Црна Гора, Босна, па и Хрватска - имам за ова пишувано и порано - кај нас многу ретко се пројавувала самосвест, многу ретко. Жал ми е, ама така. И у брак можеш да се поставиш жена ти да те крши од ќутек.
Стварање култови од Мане Јаковлевски, Драган Богдановски...проучи ги поубаво нивните ликови и дела. Познавам луѓе што директно соработувале и ги познаваат...не е тоа - тоа. Згора на се, најдобар податок ти е што „делувале“ од странство, па ја имаш сегашнава дијаспора - јасно ти е колку е „сплотена“ дијаспората и колку се потресува за државава. Се работи за слабо школувани ликови, повеќе водени од емоција, отколку од силно патриотско чувство и некакви големи интелектуални и организациони капацитет, маргинални ликови. Кој е нивниот учинок реално? Формирање на партија со украдено име што се извитопери у најголем душман на сопствениот народ?
За граѓанската војна во Грција по Втора светска...
Тоа е идеолошки судир. Политички судир. Бугарија, Грција и Албанија имаат како држави најсилно етаблиран националистички 'рбет, за разлика од "братство-единство" системот тука. Ниедна од државите не е етнички чиста, посебно ова е изразено во Грција, каде што народот е своевиден хибрид, доселуван од Анадолија и каде све не. Потребата да се воспостави географски тампон на понатамошно ширење на Турција кон Европа, некој некогаш во Британија и Русија си мислел дека ќе го постигне со силни националистички настроени држави поставени на нејзините граници. Во времето кога Грција е формирана како држава, Русија била царство. Поделбата внатре во грчкото општество е настаната поради појавата на комунизмот. 100 пати имам пишано дека изборот на македонското малцинство да ја поддржи комунистичката партија во Грција е според мене правилен. Југословенска интервенција во Грција би значела војна со Британија, во која многу веројатно би се вмешала и Русија, затоа што била на самата граница (во Бугарија). Каков би бил исходот, не знам, никој не би знаел. Дека има да му се замери на раководството на КПЈ, на Тито - ИМА, не има, туку ИМА МНОГУ. Но и на онолкаво хрватско-црногорско (па и босанско-словенечко) крајбрежје, к** ќе барале геостратешки на Егејско, не им требало. Требале да влегуваат у конфликт со држава со која претходно не војувале никогаш, па ни ние. Знаеш дека ги интересирале и Трст и Клагенфурт, па им рекле "ај враќајте си се у граници на СХС и не јадете г***а многу". Тој дел ретко кој го збори кога се збори за неподдршката во нашио проблем.
Меѓутоа, мој став е дека овде и немало таква иницијатива како што денеска се прави мит дека имало. Партизанските одреди се формирани со помош на српски комунисти....Темпо, и тоа не е мит, туку чиста вистина. Важното е што имало македонски партизани. Важно е што избориле тие. Еве денеска, конвертираните комуњари се иссеруваат баш на тој АСНОМ и баш на тие придобивки. Дали требало или не требало да се иде у федерација, потоа дали сме имале избор воопшто....тоа се прашања што мислам дека нема никогаш да има консензус околу нив - никогаш. Мој став е дека (го имам напишано и порано) дека попаметно е да се живее во држава од 22 милиони, со луѓе со кои се разбираш, имаш слични или исти антрополошки карактеристики, етнолошки многу слични и многу заеднички интереси. Се покажа како го изигравме тоа сами - наш проблем, очигледно лошо сме играле и тогаш, што кажува денешново.
Секој нормален човек требаше при првите обиди да се манипулира во транзицијата, со кражба на државен имот, бркање од работа, етнички конфликти и се друго негативно - требаше политичарите да ги бесиме по бандери, а ние што праиме - рециклираме говна скоро 30 години. Во други теми имам пишувано дека емиграција не поддржувам и не оправдувам - дека требаше да се седи тука и на секој погрешен чекор да се искача на улица, да се урла и фрла пред собрание, да се кршат глави.
Пред 2001-ва, мислев дека на денот кога ќе се смени името, овде ќе избие внатрешен конфликт у кој ќе се успоубиеме меѓусебно. Откако ја потпишавме таа капитулација, така глатко, без реакција - веќе ова не ме изненадува.
Читам последниов период, многу од тие што се против промена (со кои го делам мислењето), потенцираат дека ниедна друга држава на светот не си го дефинирала поредокот внатре, по инструкции на друга држава, а притоа забораваат дека во 2001-ва ние уставот го сменивме откако припукаа пар ш иптарски банди. Да не се праиме луди без потреба, сите ние сме си криви за ова.