Многу е офтопик и не ми се оди уште подалеку. Не сум луд да не сфатам дека се злоупотребувало. Не е изненадување таквите служби да си ги продолжат праксите, без оглед на промена на режими, партии, па и уредувања. Најизразено е тоа во поствоена Германија, кога добар дел од националсоцијалистите си добиле рехабилитација и продолжиле да функционираат во нов дух. Затоа често духовите од минатото се враќаат во сегашноста. Манипулација со тие служби значи тотална контрола врз државата заради природата на професијата и количината на информации што ја поседуваат, со која може да се игра чекор понапред, да се уценува исл. Се кладам дека нема да реагираш негативно кога ќе те потсетам дека со ш иптарската иридента таа служба многу повешто се справуваше отколку сегашнава...сега команданти и џелати ни се у извршна власт. После 2001-ва, а посебно после 2006-та и влегувањето на фамилијата (повторно) во тој систем, целосно го смени ликот на службата и допрва ќе дознаваме каде све е распродавана државава.
Се си има генеза, значи постојат многу малку случајности и добар дел конзистентност во реализација на агендата, хронолошки,
Бали комбетар се активни фашистички колаборационисти, после капитулацијата на Италија, германците цело формациско вооружување од италијанците им го даваат нив со шо постигнуваат и на огнена моќ а и на бројност во своите формации, истите се најжестоки во пружањето на отстапници при повлекувањето на германците од Балканот иако знаеле дека цела приказна е завршена, сепак до 1947 активно во Западна МКД има полна офанизива за нивно разбивање а според некои податоци дури во 50тите има спорадични престрелки со балистички банди...и сето тоа е исклучиво со единици на НОБ на МКД, пак да речам лоша паралела.Значи македонците немале никакви вооружени или било какви формации/организации кои може да се окарактеризираат како колаборационистички за време на ВСВ, освен присилна мобилизација од страна на бугарските окупатори и мал дел доброволци, настрана пропагандата за Ванчо Михајлов и ВМРО Автономистичка која е безначајна тогаш, и сам знаеш дека во АСНОМ учество земаат и учесници во Илинденското востание.
Во меѓувреме се случува егзодусот во Егејска Македонија, иако некој се обидува да го прикаже како идеолошки, сепак во најголем дел тоа е на етничка основа. Директно Запад (САД и ВБ воглавно) се вклучува во тие операции за октроирање на монархофашистичка власт во Грција, да не одиме уште повеќе надвор од темата во егзодусот на еден народ кој некој од петни жили се обидува го задржи под тепихот на историјата.
Приказната со нацистичките структури после ВСВ е обемна, меѓутоа важно е да се спомне дека исклучиво Западот ги зема под своја закрила во спрега со католичката црква како средство за борба против болшевиците, на Исток се среќни ако завршат на гулаг и не им се суди по кратка постапка. Секаде без исклучок стои дека не се покажале баш во разузнвањето колку шо се истакнале во репресија, добар дел завршуваат во Француската Легија на Странци и колонијалните војни на Франција низ Северна Африка, Индокина итн.
Службите за државна безбедност секогаш без исклучок ќе бидат предмет на злоупотреба, зависи од колкав обем, невозможно е да таква моќ да биде раководена од човек а да се одолее, не ми беше тоа поентата, цела работа е во тоа шо макеоднците немале ни оддалеку она шо го имале тие шо ги наведе ти како пример-тоа се усташите и балистите а биле жестоко репресирани, минорна опасност биле македонските патриотски организации во и надвор од СФРЈ а биле репресирани надвор од пропорции.
Посебно и тогаш а и сега се третира македонското прашање, мислам сега е повеќе од јасно, ова шо се прави на Македонија е класичен инженеринг преку која не само шо се редефинира државата, се работи и бришење на еден народ. Само шо сега за разлика од периодот после ВСВ тоа се прави на еден поелегантен начин.