Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.059
Поени од реакции
16.170
Што му ветил Заев на Мукоски?
....поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува...

лага со опашка... и да не го изгласа грчкиот Парламент Преспанскиот договор, Уставот нема да се врати, треба Бадинтерово мнозинство... ако сега во пакет со Северна им се даде и Охридски, за отфрлање на Северна ќе бараат Пљус Кантонизација...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.059
Поени од реакции
16.170
Автопатот Кичево-Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра, заштеда од 95 милиони евра

....Но, покрај „кинеските провизии“ ќе има ли одговорност и за промашувањата во проектот? Вицепремиерот Анѓушев вели Владата не е истражен орган, но и за ова обвинителството води истрага....


АЛО партиски лајачи од 24ТВ, знаете ли која влада го нарача и финансираше проектот за автопатот Кичево - Охрид ??
истите гомнарии како за Обиколница, каде и НЕ се призна грешката во Проектот кој го нарача предходната влада, дури таа и ја започна градбата, а лично Бранко кажа дека Никола само сечел лента а тој ја направил Обиколницата... и сега по поплавата и се санираше без да се отклонат грешките..
И зошто не можело поповолно да се направи Анекс, нели СИНХИДРО давал мито, ако има докази СЈО се РАСКИНУВА на штета на СИНХИДРО !!!!!!!!!!!!!!!

ама по се изгледа доказите на СЈО се лажни, само за домашна партискополитичка пропаганда и за судови под чизмата на СДСМ, на меѓународен суд ќе паднат како круша...:confused:





[DOUBLEPOST=1541190244][/DOUBLEPOST]

ова димот е пред министерство за неправда, слават што успеале да го бајбукираат пастирот, а тоа 5-милиарди изнесени во странство се заборавија прекуноќ, ги нема веќе ни на гоогле :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Сеа веројатно со ликвидацијата на Анте Павелиќ сакаш да дадеш алиби на делувањето на УДБ...а и ме потценуваш...ама тоа не ме засега толку. Мене ме засега Македонија и нема место за Павелиќ во приказната.

Павелиќ ти е пред се човек одговорен за злосторства против човештвото, Јасеновац бил загадочен дури и за СС офицерите со ѕверствата кои таму се вршеле, типичен клерофашист, сојузник на Хитлер, Независна Држава Хрватска до самиот крај на војната е под фашистичка управа, како може овој човек да го ставиш во приказната за делувањето на УДБ во МКД не ми е јасно.
Активно работат усташите на чие чело е Павелиќ на дестаблизациј на СФРЈ, обиди за атентати на Тито и др истакнати раководители итн. Имаш препади на командоси и обиди за востанија, субверзии со нивни потпис... ние ништо не сме имале од тоа, а сепак на пример, Благоја Шамбевски на чиста патриотска линија со дејствија кои е дури смешно да се споредат со оние на усташите е ликвидиран од УДБ во Германија.
Киднапирањето на Драган Богдановски земи го, тоа се обични патриоти кои реално ништо не правеле шо сериозно може да наштети на СФРЈ а сепак најжестоко биле репресирани. Веројатно со дозвола од Запад е правено и тоа од секретаријатот на српска УДБ на традиционална сојузничка линија со грците поради проблематичното македонско прашање.

Џилас прв ги отвора прашањата за српско-хрватската доминација во СФРЈ, Глигоров тоа отворено го спомнува во неговата книга Македонија е се што имаме, Андов во Драматичната 1991 исто така суптилно го нагласува надменото однесува и на Србија и на Запад кон Македонија итн. и се тоа особено истакнато кон македонците, ете земи словенците се мала нација па не подлежеле на вакви репресии како македонците. И пази, службите прават разлика меѓу ванчомихајловизам и ВМРО т.е национализам. Значи ова е нивна терминологија од документи шо се јавно достапни.

Поентата ми е дека се ова шо се прави врз Македонија има одредена аналогија и се развива систематски, не сметале за т.н македонски синдром и како таков не третираат, пошто сме биле јаболко на раздорот на Балканот. Уште пред првата балканска војна сериозно е анализирано македонското прашање од британски и француски патепсци/историчари, денес би биле тоа класични разузнавачи и веројатно се тера уште од тогаш со одредени процени само на нешто поелегантен начин. Сега не е баш многу сходно британски спитфаери да фрлаат американски напалм.
Може ќе имаме прилика да прочитаме шо истражувал историчарот Чепреганов околу сево ова...
Многу е офтопик и не ми се оди уште подалеку. Не сум луд да не сфатам дека се злоупотребувало. Не е изненадување таквите служби да си ги продолжат праксите, без оглед на промена на режими, партии, па и уредувања. Најизразено е тоа во поствоена Германија, кога добар дел од националсоцијалистите си добиле рехабилитација и продолжиле да функционираат во нов дух. Затоа често духовите од минатото се враќаат во сегашноста. Манипулација со тие служби значи тотална контрола врз државата заради природата на професијата и количината на информации што ја поседуваат, со која може да се игра чекор понапред, да се уценува исл. Се кладам дека нема да реагираш негативно кога ќе те потсетам дека со ш иптарската иридента таа служба многу повешто се справуваше отколку сегашнава...сега команданти и џелати ни се у извршна власт. После 2001-ва, а посебно после 2006-та и влегувањето на фамилијата (повторно) во тој систем, целосно го смени ликот на службата и допрва ќе дознаваме каде све е распродавана државава.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Со 81 пратеници можат и да сменат повеќе од преамбула...химна, грб, знаме. Да си знаете само.
ДПМНЕ многу мирољубиво го следи овој процес, ни протестче, ни критика .. ништо. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ова е нешто што треба да се смени, оној кастриран комунистички грб без петокрака не личи на ништо, или требаше да остане како што беше или скроз нов да се донесе, пропадна пред некоја година таа идејата со црвениот лав на жолта основа, со оваа гарнитура тешко дека таков предлог би добиле, плус со договорите со грција и бугарија не знам на кои историски мотиви би се базирал новиот грб.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.454
Поени од реакции
22.046
ДПМНЕ многу мирољубиво го следи овој процес, ни протестче, ни критика .. ништо. :D
Подмачкан им е газот. Плус добро е за следните избори имаат кого да криват. Просечниот Македонец и онака е подпросечно интелигентен (секоја чест на исклучоците, посебно кајганџиите) и не скопчува што се дешава моментално во државата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.537
Подмачкан им е газот. Плус добро е за следните избори имаат кого да криват. Просечниот Македонец и онака е подпросечно интелигентен (секоја чест на исклучоците, посебно кајганџиите) и не скопчува што се дешава моментално во државата.
Sto se desava?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.454
Поени од реакции
22.046
Ова е нешто што треба да се смени, оној кастриран комунистички грб без петокрака не личи на ништо, или требаше да остане како што беше или скроз нов да се донесе, пропадна пред некоја година таа идејата со црвениот лав на жолта основа, со оваа гарнитура тешко дека таков предлог би добиле, плус со договорите со грција и бугарија не знам на кои историски мотиви би се базирал новиот грб.
Во право си, грбот е лош ама има историја некоја почнуваќи од Југославијата. Со нов грб се прави истото како со уставот, се брише Македонската историја. Новиот грб ќе треба да ја одликува би-племенската држава и очекувај вака нешто:

 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.222
Поени од реакции
8.478
Ова е нешто што треба да се смени, оној кастриран комунистички грб без петокрака не личи на ништо, или требаше да остане како што беше или скроз нов да се донесе, пропадна пред некоја година таа идејата со црвениот лав на жолта основа, со оваа гарнитура тешко дека таков предлог би добиле, плус со договорите со грција и бугарија не знам на кои историски мотиви би се базирал новиот грб.
Овој мене ми е океј. Ама не знам дали ќе може да се употребува како државен грб бидејќи веќе има една намена...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.537
се е под контрола...
Citam nesto deka sega do grbot stignavme. A nikoj da reci e ovoj Vlade od koga dade idejno resenie za noviot grb i toa pred dve godini. Dodusa povekjeto tuka pretezno banjatite si se smeeja. Sigurno sega pagjaat od smeenje. Inaku za toj sto ne e vo tek idejnoto resenie mi e na avatarot. Taman ja opfakja cela nasa istorija i multietnicnost :)
P. S se smeeja i za povekejazicnost na forumot. Neznam dali uste im e smesno?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Убаво викаше еден професор,
,,Осиромаши го народот па владеј'' буквално тоа се случува сите овие години тука кај нас.
Очигледно и едните и другите имаат еднаков придонес во тој процес. Не верувам дека преку ноќ се носени вакви политички одлуки во врска со договорот
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
не се нервирајте, се ќе биде подобро за сите
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom