Сеа веројатно со ликвидацијата на Анте Павелиќ сакаш да дадеш алиби на делувањето на УДБ...а и ме потценуваш...ама тоа не ме засега толку. Мене ме засега Македонија и нема место за Павелиќ во приказната.
Павелиќ ти е пред се човек одговорен за злосторства против човештвото, Јасеновац бил загадочен дури и за СС офицерите со ѕверствата кои таму се вршеле, типичен клерофашист, сојузник на Хитлер, Независна Држава Хрватска до самиот крај на војната е под фашистичка управа, како може овој човек да го ставиш во приказната за делувањето на УДБ во МКД не ми е јасно.
Активно работат усташите на чие чело е Павелиќ на дестаблизациј на СФРЈ, обиди за атентати на Тито и др истакнати раководители итн. Имаш препади на командоси и обиди за востанија, субверзии со нивни потпис... ние ништо не сме имале од тоа, а сепак на пример, Благоја Шамбевски на чиста патриотска линија со дејствија кои е дури смешно да се споредат со оние на усташите е ликвидиран од УДБ во Германија.
Киднапирањето на Драган Богдановски земи го, тоа се обични патриоти кои реално ништо не правеле шо сериозно може да наштети на СФРЈ а сепак најжестоко биле репресирани. Веројатно со дозвола од Запад е правено и тоа од секретаријатот на српска УДБ на традиционална сојузничка линија со грците поради проблематичното македонско прашање.
Џилас прв ги отвора прашањата за српско-хрватската доминација во СФРЈ, Глигоров тоа отворено го спомнува во неговата книга Македонија е се што имаме, Андов во Драматичната 1991 исто така суптилно го нагласува надменото однесува и на Србија и на Запад кон Македонија итн. и се тоа особено истакнато кон македонците, ете земи словенците се мала нација па не подлежеле на вакви репресии како македонците. И пази, службите прават разлика меѓу ванчомихајловизам и ВМРО т.е национализам. Значи ова е нивна терминологија од документи шо се јавно достапни.
Поентата ми е дека се ова шо се прави врз Македонија има одредена аналогија и се развива систематски, не сметале за т.н македонски синдром и како таков не третираат, пошто сме биле јаболко на раздорот на Балканот. Уште пред првата балканска војна сериозно е анализирано македонското прашање од британски и француски патепсци/историчари, денес би биле тоа класични разузнавачи и веројатно се тера уште од тогаш со одредени процени само на нешто поелегантен начин. Сега не е баш многу сходно британски спитфаери да фрлаат американски напалм.
Може ќе имаме прилика да прочитаме шо истражувал историчарот Чепреганов околу сево ова...